Колку чини една виолина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tris66
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 декември 2014
Мислења
7
Поени од реакции
0
Би сакала да знам колку чини една просечна виолина и кои виолини се подобри? Сакам да си купам, но исто така нема некој што би ми држел часови... Дали може да се научи од на youtube или треба многу повеќе од тоа?
 
Добра Виолина како за тебе бидејќи ти си почетник би ти предложил да си земеш половна некоја некаде цената е од 150/200 евра па нагоре. Доколку сакаш да земеш за нешто помала цена имаш и од 50 евра но искрено незнам колку е добар квалитетот за таа цена. На нашите огласи имаш и од едната варијанта и од другата. Доколку сериозно размислуваш да свириш на виолина најдобро да одиш во музичко школо каде што според мене најдобро би научила да свириш отколку да гледаш од јутјуб...
 
И да и` налупаат комплекси дека не ја бива и никад нема да ја биде.
:oftopik:
Многу многу зависи со каков професор ќе се ујдисаш.Кај нас во музичкото во Скопје повеќето се надмени и човек кој е апсолутен почетник ма колку и да се трудел, од него музичар никогаш нема да испадне. Истата таа школа е фабрика на музичари-роботи кои свират без емоции, се осеќа набубано насилено но без никакво чувство на естетика и пред се` - душа. 4-5 души во годината ако излезат вакви е напредок.
Ако има чупево среќа и можности нека најде некој да ја учи на приватни часови. Таму секогаш има можност да прекине ако нештото не тргне кон подобро.
 
Имаш и такви и такви, ак земаш Страдивариус ќе ти требат 2 вреќиња со пари, почнуваќи од 70 евра па нагоре мојш да најш нешто одлично. Претежно цената се движи во зависност од староста и квалитетот.
И ајде веќе почвај, па да ми ѕрнѕаш со виолината во некоја меана, да ти залипме некоја црвена.
 
Би сакала да знам колку чини една просечна виолина и кои виолини се подобри? Сакам да си купам, но исто така нема некој што би ми држел часови... Дали може да се научи од на youtube или треба многу повеќе од тоа?

Незнам на која возраст си но ќе ти кажам дека тоа е инструмент што се учи од мали нозе.Виолината е кралица на инструментите и е еден од нај тешките инструменти за учење .Таа е нетемперирана (значи нема одредени прагови по кои ќе се раководиш како што е гитарата) се учат позиции на лева рака ,а десната која го движи гудалото е посебна работа. Сепак ако имаш јака желба и време ,минимум 5/6 часа дневно можеш да пробаш.
Тешко дека youtube може да ти послужи за комплетно да го совладаш инструментот ќе мора да земаш часови.
 
Имам другар професионален виолинист. Гледајќи го низ годините како од 16 год вежба по 6 саата минимум дневно и тоа 5-6 дена во неделата му викав аман бе да го уложеше времево у покер учење до сеа милиони ке напраеше. Он се смееше секад и ми викаше дека има баеѓи пари у виолина ама сепак од љубов го праи.

Сега е во мак филхармонија има раб од соништата ( од пон до петок раб по 4 саати зима преку 30 к плата) и плус иде за празници у Виена свири за илјадници евра. неговата виолина е околу 3000 евра а гудалото незнам мислам дека нешто поскапо а во неговиот виолински свет тоа е просечна виолина.

Значи ако не си ептен млада не ни почињај со ова зашто треба вежбање милион саати и плус неговите место кола виолина купија за него така да треба голема жртва ама ако успееш, тука ке живееш као со германска плата со по 3-4 саати работа дневно.

Поздрав
 
Еве од мене еден пријателски совет.Купи си Флеита ,не е скапа 150/200 еур.Лесно се учи можеш и сама со помош на youtube,дава прекрасен звук и што е нај важно нема да ја тероризираш околината дури вежбаш :icon_lol:
 
За почеток кинеска виолина (имаш во Смешко на плоштад), за часови најдобро приватно кај музичар дома него да се моташ по школи, ако имаш вишок пари секако. Мада не е само виолината во прашање, паралелно мора да учиш и теорија и солфеж.
 
Ваљда знае ноти да чита штом сака виолина да свири,а ако не чорба .
 
Ваљда знае ноти да чита штом сака виолина да свири,а ако не чорба .
Не знам. Виолина се препорачува само на слухисти и ултра талентирани, ако не спаѓа во нив само ќе се мачи, пошто инструментот не е добро темпериран односно свирачот сам треба да ги одреди тоновите според праговите кои што ни тие не се обележани па можеш да замислиш каков хаос би настанал во случај виолинистот да нема осет за солфеж.
 
Ако имаш 6-7 години, тогаш таман си за виолина. Во спротивно не се ни нафаќај на ваков непромислен потег.
Од некој со искуство.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom