Колку често сте болни и најчесто од што?

  • Креатор на темата Креатор на темата superboy
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 август 2008
Мислења
14
Поени од реакции
1
Пишете.Јас често,тоа го имам добиено генетски.Поздрав
 
Силом прилике, заради факултетот, преку есен, зима и пролет одбивам да се разболам - бидејќи не смеам :) Се случува еднаш на две години на зима да ме рокне некој грип и два три дена да лежаркам низ дома. А преку лето,дома во Охрид редовно еднаш ме фаќа вирус кога народски речено ќе ми падне газот после деноноќното искусување на сето она што ми фалело преку годината, отприлика две недели откако ќе се вратам во градот :) Два дена одмор, инекција до две - па се по старо.

Просек значи, 1 и пол пат годишно :)
 
Многу често :(
Скоро секоја година се случува цел зимски одмор да го одлежам дома, ко отепана, и мора по неколку пати да ме фати настинка годишно...:jaj:

и плус имам проблем со синусите иии, ладно не дај боже да осетам:nesum:
 
Јас порано буквално на секоја втора недела се разболував,затоа имав најмногу оправдани на крај на школска :)Ќе се разболам и една недела нема идење у школо,уживанција,и после една недела пак истото,имав алергија некаква,ама сега пораснав и нема више :(
И нема вирус што го немам прележано,кога и да се појави некој вирус во градов јас болна,слаб имунитет имам.
Додуше одамна се немам така разболено,ама кај и да е еве го иде септември :)
 
Два пати годишно од настинка. Колку и да звучи смешно, само лани се разболев еднаш, инаку секогаш два пати
 
Едно 3 години немам ни темптература фатено(гриови вируси итн.никогаш не сум ни фаќал),многу ретко по некоја настинка а и тоа ме пушта за нејвеќе 2 дена..

За да не се урочам не ни идам у завод да барам картони :)
 
Обично еднаш два пати во зимскиот период. За мене е како лето и така се облекувам и тек додека не се разболам не ми текнува асално да се облечам. А од што ни јас не знам не идам за тие ствари по доктори. Има и полоши случаи така да тие нека имаат предност
 
многу ретко, скоро никогаш.колку што се сеќавам, не сум била болна 3/4 години:toe:
 
Леј док бев помал ме умираше грип. По цела зима грип и температура. Сеа последно време (да чукнам во десктоп) добро е.Мада знае преку зима да ме фати грипче пак:)
 
Епа јас само некои мали настинки во последно сум имала,болна онака малку повеќе за од кревет да не можам да станам не ми се случило со години и ако се случи трае три дена и толку се на се е толку.. на лекар не сум била од 93 за инекции и сл..последно бев 2006 на шиење на ногата..Ама си внимавам на здравјето и тоа многу..На зима без чајче и без добро да сум облечена не одам никаде,исто така без витамини не можам...
 
премногу често:nesum:

стандарно секоја зима сум болна и цел распуст го поминувам дома
а и нонстоп и во лето ме фаќаат грипови
оваа пролет имав и бронхит:cry: ме отруја со апчиња

а и си имам проблеми со синусите така да...:(
 
премногу често:nesum:

стандарно секоја зима сум болна и цел распуст го поминувам дома
а и нонстоп и во лето ме фаќаат грипови
оваа пролет имав и бронхит:cry: ме отруја со апчиња

а и си имам проблеми со синусите така да...:(

Абе за преку зима еве баш пошто рано станувам некад вртам рано ден велат за зима е дека не внимаваме како се облекуваме. А за лето тоа но комент.
 
ако јас не се пазам со облекување незнам...:)
пијам и витамини ама изгледа ми е наследно со разболувањата:smir:
 
Ооооо, многу ретко. Последен пат примив инјекција во трето одделение кога бевме на одмор во Црна Гора, а тоа беше воедно и последен пат да се разболам па по цели недели да лежам дома.

Знам преку зима да добијам главоболка, да ми цеди носот, да ме печат очи и слично ама тоа не трае подолго од еден ден :)
 
Сега скоро никогаш...дали еднаш годишно ќе ме фати настинка и тоа е. Али затоа како мал си знам како ми беше, решето ме праеа со инекции :icon_conf
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom