kooperativa
Г-ин Пола Милениум
- Член од
- 2 октомври 2012
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 8.601
за да не “мириса“ здивот не е доволно само да ги измиеш забите. ДА, тоа е една од работите на кои треба многу да внимаваме (2-3 пати во денот), но за да овој проблем ми текнуваат уште барем 2 причини. првата е кариесот. втората е болно грло.Прво нешто што забележав каде си ја сместил темата, бидејќи иако не си нов но не си постојан член затоа мој совет пред да отвориш тема прочепкај низ форумот и да видиш каде треба една тема да се отвори.
Ораналната хигиена најмногу е застапена на солидно ниво кај младите барем јас така имам приметено кај луѓето кои се +40 не се грижат толку пример многу пати ми се случило во Автобус седнам и некој кој сака да седне до мене и ме прашува дали е слободно кога ќе отвори уста мислам дека ко да отворил јама смрди корне и плус тоа мислиш дека ќе припаднеш во секој момент. Друга работа бидејќи работам цело време со луѓе многу луѓе не одржуваат хигиена доаѓаат за наплата и уште од кога ќе отвори уста тебе ти оди нагон за повраќање и после тоа се прашуваш како можат луѓето да не оделат 150 ден за паста и една четка барем најобичните да ги купат... не кошта 150 евра..туку само 150 ден што истите тие пари ќе ги потрошат за пиво или пак за цигари...
![]()
за првата, освен кариесот, тука може да биде и уште еден прблем а тоа е храната што навлага во “џебовите“. таа може многу брзо да почне да се распаѓа под дејсто на плунката, и да направи мирис. во тој случај, лицето треба да си го знае тој проблем и да ги мие забите почесто, после секој оброк, а ако и тоа не е доволно, со конец, нели?
втората причина, ..... ова е најчесто проблем кај пушачи. тука ти нема спас освен ако не џвакаш мастики цело време или некои бомбони.
трета работа која сум сигурен дека игра улога е и забниот каменец. и тој со себе си носи определен мирис
црвеното!!! озбилен си? тоа не е ни одблизу доволно. гледам другиве го сконале овој ел, па да ти посочам дека НЕ е доволно. плус, како можеш да не ги измиеш забите од спиење?Види, тие можат во секој момент да одвојат 150 денари за да купат паста и четка.... проблемот е потоа, кој ќе седи во купатило 5 минути и да ги четка забите гледајќи се во огледало... сепак мака е тоа
Инаку јас ги мијам на секои 2-3 дена, доволно да ја одржувам хигиената во устата. Последен пат кога бев на забар пред 3 години го видов Господ во бели гаќи. Одтогаш редовоно си ги мијам забиве, сепак поарно ќе одвојам 5-10 минути во купатило, одколку 2 часа мачење кај забарот....![]()

не викам дека не си во право дека со редовна хигиена многукратно се намалуваат шансите за кариес, али сепак има и една друга работа која не си ја земала во предвид. ....... гените, квалитетот на коската, ........ нешто што може да те доведе до лудило иако ја одржуваш хигиенета на завидно ниво. најлошиот момент е кога од горе забот изгледа супер, нема никаква трага/сенка дека можеби нешто доле се случува. и кога ќе те заболи, ти иде да тераш сФе у ПМ. ко што можеш да приметиш од коментаров, исфрустриран сум ДА, затоа што и да направам јас си тргам маки по забари повремено. од дете ми е всадена навиката и мислата дека МОРА да се мијат забите 2-3 пати дневно, чачкалици НЕ, конец ДА, али ете, годините си пројдоа, а мене ми фалат само 2 заба, едниот го скршивНема врска, жули ги ти и 20 минути ако сакаш, бесцелно е ако не си ги опфатил сите агли.
Два пати на ден задолжително, памтам кога имав протези ги миев и откако ќе дојдев од школо. Навечер исто така со конец ги поминувам и ако видам дека негде не е убаво исчистено и со интраденталната четка ги поминувам на суво, без паста. Откако ќе почнете да користите конец ќе сфатите дека чисто миење заби онака само со паста е гола водаМожеби одзема повеќе време (што да ти кажам, 10 минути дали) ама затоа имам скоро 23 год. а сум немала кариес во животов. За раствор за заби немам некоја навика, памтам купив кога ги ставив протезите на времето 2ра средно и дали два пати го употребив, го прегази рокот на траење
Кога ќе ги исплакнев забите со него имав чувство како течен прашак за перење да сум се напила.
Поздрав од дете на забари![]()
