Колку често се грижите за вашата орална хигиена ?

Прво нешто што забележав каде си ја сместил темата, бидејќи иако не си нов но не си постојан член затоа мој совет пред да отвориш тема прочепкај низ форумот и да видиш каде треба една тема да се отвори.

Ораналната хигиена најмногу е застапена на солидно ниво кај младите барем јас така имам приметено кај луѓето кои се +40 не се грижат толку пример многу пати ми се случило во Автобус седнам и некој кој сака да седне до мене и ме прашува дали е слободно кога ќе отвори уста мислам дека ко да отворил јама смрди корне и плус тоа мислиш дека ќе припаднеш во секој момент. Друга работа бидејќи работам цело време со луѓе многу луѓе не одржуваат хигиена доаѓаат за наплата и уште од кога ќе отвори уста тебе ти оди нагон за повраќање и после тоа се прашуваш како можат луѓето да не оделат 150 ден за паста и една четка барем најобичните да ги купат... не кошта 150 евра.. :facepalm: туку само 150 ден што истите тие пари ќе ги потрошат за пиво или пак за цигари... :sick:
за да не “мириса“ здивот не е доволно само да ги измиеш забите. ДА, тоа е една од работите на кои треба многу да внимаваме (2-3 пати во денот), но за да овој проблем ми текнуваат уште барем 2 причини. првата е кариесот. втората е болно грло.
за првата, освен кариесот, тука може да биде и уште еден прблем а тоа е храната што навлага во “џебовите“. таа може многу брзо да почне да се распаѓа под дејсто на плунката, и да направи мирис. во тој случај, лицето треба да си го знае тој проблем и да ги мие забите почесто, после секој оброк, а ако и тоа не е доволно, со конец, нели?
втората причина, ..... ова е најчесто проблем кај пушачи. тука ти нема спас освен ако не џвакаш мастики цело време или некои бомбони.
трета работа која сум сигурен дека игра улога е и забниот каменец. и тој со себе си носи определен мирис
Види, тие можат во секој момент да одвојат 150 денари за да купат паста и четка.... проблемот е потоа, кој ќе седи во купатило 5 минути и да ги четка забите гледајќи се во огледало... сепак мака е тоа :icon_lol:

Инаку јас ги мијам на секои 2-3 дена, доволно да ја одржувам хигиената во устата. Последен пат кога бев на забар пред 3 години го видов Господ во бели гаќи. Одтогаш редовоно си ги мијам забиве, сепак поарно ќе одвојам 5-10 минути во купатило, одколку 2 часа мачење кај забарот....:place:
црвеното!!! озбилен си? тоа не е ни одблизу доволно. гледам другиве го сконале овој ел, па да ти посочам дека НЕ е доволно. плус, како можеш да не ги измиеш забите од спиење? :confused:
Нема врска, жули ги ти и 20 минути ако сакаш, бесцелно е ако не си ги опфатил сите агли.

Два пати на ден задолжително, памтам кога имав протези ги миев и откако ќе дојдев од школо. Навечер исто така со конец ги поминувам и ако видам дека негде не е убаво исчистено и со интраденталната четка ги поминувам на суво, без паста. Откако ќе почнете да користите конец ќе сфатите дека чисто миење заби онака само со паста е гола вода :) Можеби одзема повеќе време (што да ти кажам, 10 минути дали) ама затоа имам скоро 23 год. а сум немала кариес во животов. За раствор за заби немам некоја навика, памтам купив кога ги ставив протезите на времето 2ра средно и дали два пати го употребив, го прегази рокот на траење :D Кога ќе ги исплакнев забите со него имав чувство како течен прашак за перење да сум се напила.

Поздрав од дете на забари :D
не викам дека не си во право дека со редовна хигиена многукратно се намалуваат шансите за кариес, али сепак има и една друга работа која не си ја земала во предвид. ....... гените, квалитетот на коската, ........ нешто што може да те доведе до лудило иако ја одржуваш хигиенета на завидно ниво. најлошиот момент е кога од горе забот изгледа супер, нема никаква трага/сенка дека можеби нешто доле се случува. и кога ќе те заболи, ти иде да тераш сФе у ПМ. ко што можеш да приметиш од коментаров, исфрустриран сум ДА, затоа што и да направам јас си тргам маки по забари повремено. од дете ми е всадена навиката и мислата дека МОРА да се мијат забите 2-3 пати дневно, чачкалици НЕ, конец ДА, али ете, годините си пројдоа, а мене ми фалат само 2 заба, едниот го скршив :(.
 
Обично два пати на ден, само гледам да е после оброк. До душа после оброк имав навика со игла да ја вадам онаа храна што успева да се бутне меѓу заби, пошто со чачкалица не бива дебела е многу, а со конец ми е многу замарање. Ама пошто иглата е метална и го воспалува непцето што доведува до крварење, па користам сега интердентална четкица покрај регуларната четка. Ако некој има проблем со повлекување на непце и болки, иако нема кариес, тоа е од храната што успева да се бутне внатре под непцето, па се појавуваат инфекции и болката е страшна (мој совет во случај на таква болка пуни ја устата со ракија и држи ја на местото едно пола саат и поминува одма, плус добро е за дезинфекција иако си има посебни течности за плакнење уста и грло кои спречуваат вакви работи т.е секојдневно треба да се плакне устата убаво, да нема никакви остатоци од храна.)
 
Наутро и навечер редовно ги четкам забите со кружни движења (пред тоа неправилно ги четкав и секогаш завршував со крвави непца). Јазикот е неизоставен дел, мислам дека сите бактерии од таму потекнуваат и се множат, затоа со гумичката позади четкичето со вертикални движења, наслагите од храна ги отстранувам. Отприлика 3 минути ги четкам. Конец не користам (ме ежи).

За лош здив имам слушнато, четкање на јазикот со сода бикарбона (исто и за белина на забите) е сега колку е веродостојно не знам.

Едно прашање: Вистина ли е дека полирањето ја ,,тенчи,, коската?
 
Белеењето.
 
Според мене миењето на заби е исто како и потребата за храна. Ако не ги измијам забите се чувствувам нечисто, цел ден ќе ми смета.... миењето на забите е нешто морално.

Да не се урочувам имам одлични, здрави и бели заби.... ги мијам два пати на ден, но понекогаш се случува и по еднаш. Ги мијам некои 5 минути, а чистење на забите со конец правам често... :)
Кога ќе слушнам дека некој забите ги миел со електрична четка ми се стемнува... исто како да не ги измил.

:)
 
:)
Кога ќе слушнам дека некој забите ги миел со електрична четка ми се стемнува... исто како да не ги измил.
:)

А ти што мислиш ја уклучуваш и чекаш сама да ти ги исчетка? Ист е процесот, само ти ствара вибрација.
 
А ти што мислиш ја уклучуваш и чекаш сама да ти ги исчетка? Ист е процесот, само ти ствара вибрација.
Обичната четка е каде каде подобра од електричната четка.... електричната четка неможе да го даде истиот ефект кој што го дава обичната, каде движењата ги задаваш ти со својата рака ;):)
 
Обичната четка е каде каде подобра од електричната четка.... електричната четка неможе да го даде истиот ефект кој што го дава обичната, каде движењата ги задаваш ти со својата рака ;):)

:place:
 
Истотака многу ви е важно после секое јадење да одите да исплакнете устата убаво низ забите што останало храна, секако неможете секаде да ги чепкате, пола ден не сте дома, ама важно е да не стои храната подолго време меѓу забите. И најобавезно ви е пред легнување убаво да исчеткате, бидејќи кога спиете највеќе бактерии се создаваат
 
Не знам дали кај секого е така, али јас дефиитивно 4-5 пати ги мијам забите во денот.Забите ми се ептен безвеза, не задржуваат свеж здив повеќе од два три саати после миењето, и нонстоп сум или над лавабо со пастата и четката или цел ден на мастики сум.Воглавно ги мијам после секое јадење, или пред излегување ако немам во мене мастика.Иначее четката ја менувам скоро секој втор месец :)
 
Кај мене има ефект само со паста онаа max white one. Чисти ми се, а и бели како снег може затоа што никогаш не сум пушел цигари. :D Досега не ми се расипале, а ги мијам најмалку 3 пати, а може и 5 пати зависи што сум јадел, дали сум дома, или треба да одам некаде... секој ден е различно. Се е до коската некој може и цел ден да седи со четка во рака и да нема ефект.
 
за да не “мириса“ здивот не е доволно само да ги измиеш забите. ДА, тоа е една од работите на кои треба многу да внимаваме (2-3 пати во денот), но за да овој проблем ми текнуваат уште барем 2 причини. првата е кариесот. втората е болно грло.
Мислиш втората и третата. Првата, најбитна, е јазикот. Тие што имате проблеми со здивот можеби заборавате да го измиете јазикот.
 
Мислиш втората и третата. Првата, најбитна, е јазикот. Тие што имате проблеми со здивот можеби заборавате да го измиете јазикот.
тоа со јазикот спаѓа во миењето на забите, бар за мене
 
Навечер обавезно ги мијам. Ееептен ретко да ме мрзи до толку да не ги измијам. Насабајле ако знам дека сум дома, не ги мијам зашто ми е гадно кафе да пијам со измиени заби :D Али ако излагам ги мијам.
За конец, користам кога јадам пуканки или нешто такво што ми се заглавува во забите. Иначе ретко.
За здивот, никогаш не сум имала проблеми, фала богу.
Имав проблем со еден чај (бар така мислам, зашто нема што друго да биде), ми ги фарбаше забите. А многу луѓе го пијат тој чај и немаат проблеми. Ама јас морав да ги чистам 2 пати во една година. Забарот везе нема што е и зашто ми се фарбаат.... Може @Ilumious може да ме просветли? :D

не викам дека не си во право дека со редовна хигиена многукратно се намалуваат шансите за кариес, али сепак има и една друга работа која не си ја земала во предвид. ....... гените, квалитетот на коската, ........ нешто што може да те доведе до лудило иако ја одржуваш хигиенета на завидно ниво. најлошиот момент е кога од горе забот изгледа супер, нема никаква трага/сенка дека можеби нешто доле се случува. и кога ќе те заболи, ти иде да тераш сФе у ПМ. ко што можеш да приметиш од коментаров, исфрустриран сум ДА, затоа што и да направам јас си тргам маки по забари повремено. од дете ми е всадена навиката и мислата дека МОРА да се мијат забите 2-3 пати дневно, чачкалици НЕ, конец ДА, али ете, годините си пројдоа, а мене ми фалат само 2 заба, едниот го скршив :(.

Потполно си во право. Тие гени :mad: Тие што имаат „компатабилни“ гени немаат појма колку се среќни. И после носење протези затоа што имам повеќе заби отколку што ми собира во уста, долните заби ми се вратија како што ми беа заради 8миците, иако ги извадив (што беше ненормално болно и мачно). Среќа горниве немаат почнато да растат зашто ми се темни од помислата дека и тие треба да ги вадам.
Друга работа, обични не сум се замарала со конци и оние течности за плакнење и што ти ја знам. Во последно време сум 2 пати подисциплинирана околу хигиената на заби и пак приметив дека ми се има повлечено непцето над еден заб. И после тоа татко ми ми кажа дека има парадентоза и дека е наследно :place: Најлошото е што не се ни лечи. Се надевам дека не ми е парадентоза туку нешто друго, ама нема да дознаам до јуни. А никогаш не мислев дека ќе имам проблеми со забите зашто стално сум си водела добра хигиена.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom