Колку често носите штикли, и какви штикли поседувате ? upload слики ваши

  • Креатор на темата Креатор на темата NonaBT
  • Време на започнување Време на започнување
најчесто си носам штикли затоа што сметам дека сум доста ниска (169 цм), а и некако поубаво ми е така. и ниско носам ама многу поретко.
сега у лето си носам нешто вакви само што ја имам на црно и тегет
jrmmhxjkzwbo.jpg
 
Од штикла ништо поубаво:) како со кажа Пиповски го истакнува задникот и посекси е, но ако знаеш да одиш правилно секако, зш ако видиш некоја навнатре или нанадвор па и на штикла ниш... :pipi:
 
Порано ич не сакав, сеа ги обожавам. Ретко преку ден носам, но и тоа знае да ми се случи, а носам и навечер. Сепак не значи дека на секое излагање носам штикли напротив некад по месец дена не облакам штикли. Патики не носам никад, елементарна непогода е ако јас облечам патики, ама затоа балетанки, римјанки за преку лето и чизми преку зима обавезно :)

Порано не можев да одам на штикли, сега летам, можам и акробации да правам со нив. :) :) :)

Се осеќам многу поженствено во штикли дефинитивно!
 
Римјанки абе ок, али штиклата го крева задникот и го прави проклето неодолив..:)

Yeah right -.- Нема врска тоа за задникот тоа работи. Газот е газ и на штикла и на патика. Само машките повеќе сакаат цури на штикли затоа што трчаат побавно. Од штикла можи само да те болат нозете, грбот или да ти помодрат некој прст. И да те тешат ако си џуџе -.- Толку од штиклите.
 
Обожавам и ги носам често.Порано дур ногата ми се привикнуваше ме болеа нозе, сега немам никакви болки ни проблеми при одење, како што кажа Крејзи дури и акробации можам да правам.Повеќе ги носам навечер за излегување, а поретко денски иако и тоа се случува понекогаш, зависи од прилика де:pipi:.
Фетиш ми се и имам повеќе штикли, ама никогаш не ми се доста:kesa:
 
Yeah right -.- Нема врска тоа за задникот тоа работи. Газот е газ и на штикла и на патика. Само машките повеќе сакаат цури на штикли затоа што трчаат побавно. Од штикла можи само да те болат нозете, грбот или да ти помодрат некој прст. И да те тешат ако си џуџе -.- Толку од штиклите.

Неточно!
Штиклите ги издолжуваат нозете, го поткреваат газот и кога носиш штикла одиш многу поисправено. Поим за елеганција се штиклите.
Патиките се поим за спорт. Никогаш не се поврзуваат со женственост, со сексипил.
Неможеш да ги поистоветуваш жените што носат патики и штикли.
Убаво е одењето во патики за спортски активности, за долго шетање итн.
Ама штикла е она што се бара од едно женско за да ги истакне атрибутите.
Покрај женско во патики и во штикла ... секогаш ќе се гледа задникот на онаа во штикла, секогаш :))
Ама се со тек на време, нормално е млади тинејџерки да не сакаат штикла, ама повозрасните мораат да имаат барем 1 чивт чевли на висока потпетица.
И не болат нозе, грб од секоја чевла. Ако е квалитетна и удобна може и пируети да се прават :icon_lol:
 
Неточно!
Штиклите ги издолжуваат нозете, го поткреваат газот и кога носиш штикла одиш многу поисправено. Поим за елеганција се штиклите.
Патиките се поим за спорт. Никогаш не се поврзуваат со женственост, со сексипил.

Океееј...визуелно одиш исправено али колку само те пцуе грбот?
 
Од кога одењето исправено на грбот му влијае лошо?

Кога одиш на 15 сантиметри неудобна штикла невлијае добро, грбот боли. Ама кога идеш на удобна штикла со нормална штикла 6-8 цм ништо не те боли.
Изгледа си имала неубаво искуство со штикли па затоа не знаеш што е добра штикла :)

Јас по себе знам кога одам во патики си одам подгрбавено, спортски баш, знам влечам нозе ... така да тогаш знае повеќе грб да ме боли него во штикли верувај.
 
Лошо искуство? Два пати носев не многу високи штикли и не само што одев како Квазимодо туку и со плачење си отидов дома. И со оглед на тоа што не бев на многу лоши штикли пак премногу ме болеа нозете, грбот и на затворените штикли и ноктот на палецот. А не, не ми беа мали штиклите.

А за повеќе да те болат нозете во патики него во штикли..мора некој феномен да си :icon_lol:
 
Yeah right -.- Нема врска тоа за задникот тоа работи. Газот е газ и на штикла и на патика. Само машките повеќе сакаат цури на штикли затоа што трчаат побавно. Од штикла можи само да те болат нозете, грбот или да ти помодрат некој прст. И да те тешат ако си џуџе -.- Толку од штиклите.

Сигурно не ти стојат добро, штом викаш така :)

--- надополнето ---

Лошо искуство? Два пати носев не многу високи штикли и не само што одев како Квазимодо туку и со плачење си отидов дома. И со оглед на тоа што не бев на многу лоши штикли пак премногу ме болеа нозете, грбот и на затворените штикли и ноктот на палецот. А не, не ми беа мали штиклите.

А за повеќе да те болат нозете во патики него во штикли..мора некој феномен да си :icon_lol:
Незнаш правилно да одиш со нив, затоа си имала проблеми..
 
носам секогаш кога можам,само не во вторник и во четврток
 
Сигурно не ти стојат добро, штом викаш така :)

...ногата е таа, нема добро/лошо ти стојат. Кај штикли има ми се свиѓаат/ не ми се свиѓаат.

Незнаш правилно да одиш со нив, затоа си имала проблеми..

Не не не, убаво одев јас, али е проклето болно. Знам дека ќе добијам одговор од типот не си навикната затоа те болеле нозете. А да ме болат цела ноќ за да сум "посекси" па и несакам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom