Многу јасно зошто да даваат 30 000 плата кога еве и со 20 000 се презадоволни тие што работат. Ама тука не ги кривам Џонсон Мети. Македонија е крива, нека има 50 фабрики од типот Џонсон Мети,Џонсок Контрол, Кемет електроникс, Технохозе во Македонија ќе видиш како тие компании без многу мислење од 20 000 ќе почнат 30 000 денари да нудат плата зошто тогаш ќе има борба конкренција кој да земе подобар работник ако сака некој да земе добар работник ќе треба и подобро да го плати итн. Ако тоа го направат дефинитвно македонските плати ќе идат нагоре. А додека имаме над 50 000 луѓе што работат во текстилна индустрија за 100-120 евра ништо не правиме. Понатака во такви Мултинационални компании кој повеќе години работат во некоја земја отвараат и истражувачки центри како пример Џонсон Контрол што има во Бугарија каде што над 1000 евра ги плаќаат инжинерите. Ама се си има чекори не може преку ноќ да дојдеме во таа фаза . Така да мое мислење освен носење МНК како СДИ тие што се веќе тука владата треба да најде начин да ги стимулира да отвараат истражувачки центри и центри за развој на идните производи па место. за 30 000 да работат експерти инжинери за 80 000 денари. треба мозок да продаваме не пот
Тешко кај нас така.Еве колку супер/хипермаркети се отворија (КАМ,Тинекс,Веро, Рамстор, Тедико,Карфур...) и гледам плативе ептен се различни...абе невидена тепачка е кој поарен работник да земе подобро да го плати.