- Член од
- 1 јуни 2011
- Мислења
- 25.932
- Поени од реакции
- 41.916
Не сум без ден стаж и од Штип сум ама работам во Скопје во ит фирма и ми беше пишано тоа во CV али нема врска толку од аплицирање таму.Зошто има над 1000 пријавени кандидати , не можат сите да ги викнат тие што сметаат дека највеќе им одговараат тие ќе ги повикаат за интервју на работа а тие што се повикани на интервју не им е гаранција дека ќе ги вработат и тие што се повикани на интервју и кај нив има што не поминуваат следна фаза. Плус можеби зошто си од Штип те сметаат за неадекватен, може исклучиво имааат политика од Скопје и Скопската околина да вработуваат. Не лепи вака етикети не ме викнале на интервју за работа готово врски требало за таму да работам а јас најбоље сум. А и тие што ми се познаници што работат во Бунарџик стварно се дечки со солидно искуство , со повеќе сменето работни места итн. Не се некој што прво вработување им тоа. И сега доаѓа некој со диплома без ниеден ден стаж, и ај сега ќе се мерам со нив боље сум. Да скратам жестока е конкуренцијата има многу кандидати а не премногу слободни места тоа е тоа.Ако има повеќе такви компании во Македонина ќе ти се зголемат шансите да се вработиш тоа е тоа. Другари ми кажувале дека вработени луѓе аплицирале да се вработат во компании во Бунарџик, значи луѓе што имаат работа итн, атрактивни се тие фабрики и затоа има толку интерес. И искрено се надевам дека ќе се вработиш во некоја фабрика од таму и ти посакувам се најдобро.
Сакав само да пробам дали може да се влезе на среќа и дали вреди моето знаење во такви атрактивни фирми.
Не ми е за платата и тука е иста.
Секаде е жестока конкуренцијата кога огласот е јавен се пријавуваат секакви. Денес секој е со диплома а без искуство. Од 1000 кандидати 70% се такви кои мислат дека на среќа ќе ги земат а другите навистина го имаат искуството што го бараат.