Платата доцни, газдата е на одмор - газдите кои доцнат со плати на Балканот одат во затвор, во Македонија мува не ги лази
-Имавме состанок во мај. Газдата не викна сите во канцеларија, да не извести дека платата малку ќе задоцни. Тогаш стануваше збор за априлската плата. Да бидеме трпеливи и да разбереме. Ни, ни ги кажа причините. Еве и денеска се уште сме трпеливи, иако е месец јули. Пред неколку дена, тој истиот газда, замина на одмор на Бали. Ние сме работници, земаме 200 евра плата, не ни е зор да одиме на одмор, а и сметките според него не мора да ги платиме, ниту пак да јадеме...
Такав е состојбата во поголемиот дел приватни фирми во Македонија. Газди на грб на вработените.
Во регионот се апсат газдите кои доцнат со исплата... Неисплаќањето на платите е проблем кој особено стана изразен со почетокот на кризата и тоа не само во земјава, туку и во регионот. Поголем дел од земјите веќе усвоија закони што ги казнуваат работодавачите, затоа што се проценува дека околу 1 милион работници низ целиот регион добиваат плата со задоцнување или воопшто не ја добиваат. Поради тоа што паричните казни се покажале како неефикасен инструмент во повеќе држави, голем дел од нив решија да воведат построги санкции за фирмите-нелаќачи.