Количката која ја менува фудбалската историја во Кочани

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Локација
Штипсбург
456102.jpg

Кога бев дете се чудев зошто повозрасните во одредени моменти ќе знаеја да речат: „Кога е џабе и оцетот е сладок“. Си мислев како тоа оцетот може да биде сладок?, но сега после саботната пладневна спектакуларна претстава сфатив дека за некои луѓе тоа е така, ДА за некои кога и оцетот е без пари има сладок вкус.

Но да не должам. Во саботата точно на пладне на теренот на стадионот „Никола Мантов“ уредно бевме поканети на спектакуларното доделување на донација за фудбалот во Кочани. Некој се сетил од Франција да му помогне не само на фудбалот во Кочани, туку преку ФФМ и на фудбалот во Македонија. Си мислам што ќе е тоа чудо кога на трибините, додека долу играа петлињата на „Осогово“ и „Кочани“ почнаа да пристигнуваат наставници и ученици од ООУ „Никола Карев“, кога пристигна Градоначалникот на Кочани, Претседателот и делегација од ОФС – Кочани, кога сите медиуми се собраа?

А кога пристигна и делегацијата од државата донатор Франција и кога сите се растрчаа на сите страни бев убеден дека донацијата е нешто големо.

И додека домаќинот и гостите разговараа секако во присуство на преведувач гледам долу на теренот поставуваат една количка, не е баш како нашите за песок носење туку, количка со капак. Домаќинот на стадионот Блаже доби задача да ја наполни со вар за со нејзина помош се обележи теренот. И кога се беше направено според протоколот излегоа и гостите и нивните домаќини на зелениот терен. Почнаа да држат говори, еден по еден и така речиси околу половина час.

Кога сфатив од говорите дека „големата“ „спектакуларна“ донација е „нејзиното височество“ количката која на нашиот пазар не верувам дека би достигнала цена од 30 Евра, се прекрстив за што добив мала цинична критика од еден од организаторите на оваа грандиозна претстава.

Како и да е, си велам во себе, работата е завршена, некој се договорил да се најпрвин малку поправат а потоа и да се донесат веќе употребуваните колички од фудбалските клубови во областа Алзас (Франција) и да се поделат на македонските клубови.

Но во сиот овој „спектакл“ и ѓаволот ги замеша прстите. Сакајќи еден од донаторите да ни покажат како се обележуваат фудбалските терени со ова „големо чудо“ (не баре ние во Македонија од Марс сме спаднати), ја повлече рачката што ја задржува варта, ама таа ни да се помрдне. Неколку обиди ама исто. Донаторот со насмевка на лицето ја остави некој друг некогаш да успее да ја отвори. Сигурно сфати и тој самиот дека иако некој ја поправил количката, заборавил да ја подмачка или пак корозијата си го сторила своето, ама ништо во Кочани има фирми што тоа ќе го средат.

На крајот како „шлаг на торта“ стигна „најубавото“. Количката се остави каде што беше, а позади неа почнаа да се редат сите, и донаторите и домаќините, и политичарите, и учениците ама и оние за кои е донирана, фудбалерите од неколку селекции на ФК „Кочани“, со единствена цел, преку фотографија да го овековечат овој голем настан, настан кој сигурно ќе ја сврти фудбалската историја на Кочани, настан кој и додека ги пишувам овие редови ме вознемирува, настан кој ме остави да размислувам кој е тој што дозволил преку спортот со „спектакуларни“ донации да се понижи еден цел народ, една цела нација.

Ако е тоа еден од приоритетите на новата постава во ФФМ која со промени предвреме дојде во фудбалските фотелји навистина е премногу за еден почеток. Ако им е ваков почетокот, каков ќе им биде крајот? А додека дојде крајот Господ нека ни е на помош.

С. Ивановски


456118.jpg

456123.jpg

456134.jpg

456145.jpg

456156.jpg

456167.jpg




http://www.komarec.com.mk/poveke.php?id=7890


The Fail is too EPIC in this one ...
 
Лелеле резил еј, зеле па се сликале со количката...по ова се познава всушност до кое дереџе сме....ами недај боже по еден сендвич да дадеа, ќе имаше и тепачка кој да земи....:tapp:
 
Човече, можеле барем и некои 100 фудбалски топки да им донираат... Која бедотија.
Да собереме сите од форумов по 5 денари за да ги сменат и старите мрежи на головите?

Им донирале прастара машина за обележување, а сигурно кркале скара барем 10 пати поскапа од вредноста на количката...
Еве колку вредат нови. А да, имало и од „поскапите“.
 
Замислите шо ќе беше ако се донираше по некоја употребувана копачка или топка ... СПЕКТАКЛ !!

Гарант и од владата ќе дојдеа да кажат : Со аирлија нека е ! и да се сликат за на наслована ..
 
Што зборите бре, овие утре ќе ни покажат и како се пали оган! Ваква вселенска технологија немаме видено, не па некој да донира. Јас мислам дека треба споменик на оваа количка да направиме.

Ете како на нас гледа ЕУ, како на племиња од пештера, не отепаа од помагање и во спорт и во сите други полиња....
 
Како настанов поминал без сечење лента, па треба и нашиот премиер да се појави таму!?:mad:







:pos:
 
Што зборите бре, овие утре ќе ни покажат и како се пали оган! Ваква вселенска технологија немаме видено, не па некој да донира. Јас мислам дека треба споменик на оваа количка да направиме.

Ете како на нас гледа ЕУ, како на племиња од пештера, не отепаа од помагање и во спорт и во сите други полиња....
Кога се гордееме со успеси од типот „Македонија со најголемото котле со грав во светот“, што повеќе очекувате?
Луѓето слетаа на Месечината во 69-та, сега имаат ровер на Марс, а ние имаме котле со грав и дртава количка од Франција.
 
Како настанов поминал без сечење лента, па треба и нашиот премиер да се појави таму!?:mad:
И ја тоа се чудам .. ваљда е премногу зафатен со донесување закон за интернет цензура ..
 
бедни се
и после ме питат зашо не тренираш во Осогово веќе.. :tapp:

град на количката :pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom