LaChupacabraLoca
jedi master

Кога бев дете се чудев зошто повозрасните во одредени моменти ќе знаеја да речат: „Кога е џабе и оцетот е сладок“. Си мислев како тоа оцетот може да биде сладок?, но сега после саботната пладневна спектакуларна претстава сфатив дека за некои луѓе тоа е така, ДА за некои кога и оцетот е без пари има сладок вкус.
Но да не должам. Во саботата точно на пладне на теренот на стадионот „Никола Мантов“ уредно бевме поканети на спектакуларното доделување на донација за фудбалот во Кочани. Некој се сетил од Франција да му помогне не само на фудбалот во Кочани, туку преку ФФМ и на фудбалот во Македонија. Си мислам што ќе е тоа чудо кога на трибините, додека долу играа петлињата на „Осогово“ и „Кочани“ почнаа да пристигнуваат наставници и ученици од ООУ „Никола Карев“, кога пристигна Градоначалникот на Кочани, Претседателот и делегација од ОФС – Кочани, кога сите медиуми се собраа?
А кога пристигна и делегацијата од државата донатор Франција и кога сите се растрчаа на сите страни бев убеден дека донацијата е нешто големо.
И додека домаќинот и гостите разговараа секако во присуство на преведувач гледам долу на теренот поставуваат една количка, не е баш како нашите за песок носење туку, количка со капак. Домаќинот на стадионот Блаже доби задача да ја наполни со вар за со нејзина помош се обележи теренот. И кога се беше направено според протоколот излегоа и гостите и нивните домаќини на зелениот терен. Почнаа да држат говори, еден по еден и така речиси околу половина час.
Кога сфатив од говорите дека „големата“ „спектакуларна“ донација е „нејзиното височество“ количката која на нашиот пазар не верувам дека би достигнала цена од 30 Евра, се прекрстив за што добив мала цинична критика од еден од организаторите на оваа грандиозна претстава.
Како и да е, си велам во себе, работата е завршена, некој се договорил да се најпрвин малку поправат а потоа и да се донесат веќе употребуваните колички од фудбалските клубови во областа Алзас (Франција) и да се поделат на македонските клубови.
Но во сиот овој „спектакл“ и ѓаволот ги замеша прстите. Сакајќи еден од донаторите да ни покажат како се обележуваат фудбалските терени со ова „големо чудо“ (не баре ние во Македонија од Марс сме спаднати), ја повлече рачката што ја задржува варта, ама таа ни да се помрдне. Неколку обиди ама исто. Донаторот со насмевка на лицето ја остави некој друг некогаш да успее да ја отвори. Сигурно сфати и тој самиот дека иако некој ја поправил количката, заборавил да ја подмачка или пак корозијата си го сторила своето, ама ништо во Кочани има фирми што тоа ќе го средат.
На крајот како „шлаг на торта“ стигна „најубавото“. Количката се остави каде што беше, а позади неа почнаа да се редат сите, и донаторите и домаќините, и политичарите, и учениците ама и оние за кои е донирана, фудбалерите од неколку селекции на ФК „Кочани“, со единствена цел, преку фотографија да го овековечат овој голем настан, настан кој сигурно ќе ја сврти фудбалската историја на Кочани, настан кој и додека ги пишувам овие редови ме вознемирува, настан кој ме остави да размислувам кој е тој што дозволил преку спортот со „спектакуларни“ донации да се понижи еден цел народ, една цела нација.
Ако е тоа еден од приоритетите на новата постава во ФФМ која со промени предвреме дојде во фудбалските фотелји навистина е премногу за еден почеток. Ако им е ваков почетокот, каков ќе им биде крајот? А додека дојде крајот Господ нека ни е на помош.
С. Ивановски






http://www.komarec.com.mk/poveke.php?id=7890
The Fail is too EPIC in this one ...