Ама по сликиве сте измешале, од ситни колачиња, до бонбони, гумени бонбони и чоколади

Ситни колачиња обожавам, и да, сакам и да ги правам. Кога имам време обавезно ја ангажирам мајка ми и со саати ги ц’цкаме во кујна.
На првата слика на темава, лево, зелените се „Макарон“, регионален специјалитет кај што живеам.
Највеќе ги сакам кафеавкастите, со вкус на кикиритка се.
Иначе, колачиња кој сака да проба да направи, домашни:
потребен материјал - стандардниот за правење на тврдо благо тесто и некаков мармалад. Две чаши, едната со поголем отвор од другата
Треба вака да изгледаат. Значи, го проаѓате тестото со сукало, да биде со некаква пристојна „танкоќа“ и правите округли плочки со поголемата чаша. На пола од тие округли плочки, им ја длабите средината, со помалата чаша (така се добиваат круговите со прстени) и сите овие си се печат. Кога се испечени и оладени, на плочките ставате малку мармалад и ги поклопувате со прстените (се добива таа длапката) и ја пополнувате и неа со мармалад. Убаво да се оладат па можете да ги посипете со шеќер во прав. Неверојатно се вкусни, а се страшно лесни за правење
