Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8
Да се самоцитирам од темата за Декстер:
Како и да го изведат со практикантот ќе биде видено:
1. соучесник-веќе имаше соучесници Декс, завршија или мртви или го напуштија.
2. следна жртва на Декс.

Едино што може да направат, а мене да не ми е глупо е практикантот да го убие Декс.
Премногу ја одолжија приказнава. Декстер е нинџа, испоуби толку луѓе, а никој не се посомнева цели шест сезони (мрднаа од таа позиција сега со Деб), преживеа во какви се не опасности, а пак не му фали влакно...

Не дека ми беше лош крајот на сезонава, ама... не може да ми го поправи впечатокот за целата сезона. Идеален крај ќе беше Тревис го убива Декс, доаѓа Деб во црквата и го убива Тревис. The end.
Да, се зафатив со убивањето на Декс, ама претераа. Ќе се подразмислам дали ќе ги гледам следните 2 сезони.
Декстер многу варираше во квалитет. Прва и четврта сезона беа одлични, додека кај Брејкинг Бед секоја сезона е подобра од претходната така да мојот глас иде за Брејкинг Бед.
За глума и Мајкл, и Брајан и Арон се феноменални! :cuc:
Ама Декстер премногу ја одолжија, а гледам дека уште некоја сезона планираат да има. Кога ќе излезат неколку епизоди, ќе погледнам чисто за да видам во која насока ќе иде ова со Деб, ама да ги чекам епизодите со нетрпение секоја недела, тешко.
 
Една работа е многу логична и очигледна: сериите со прогресивна приказна што се развива, развива, кулминира и завршува се подобри од сериите со одреден модел на епизода што се повторува. GoT, BrBa секогаш ќе се подобри од House (чисто пример, серијава ми има оставено добри впечатоци just for the record) затоа што незнаеш што ќе се случи во наредната епизода, дејството се одвива како и самиот живот. Во House, HIMYM, TBBT, од тоа што читам и Dexter дејството се повторува секоја епизода - нов пациент, нова жртва, нова женцка за која ќе зборува друштвото во кафетеријата што е во 99% од кадрите во серијата.

Се надевам ме сфативте, од жешково не можам ни да се изразам веќе :icon_lol:
 
Сопранови вс Наркомрежа (мтв :facepalm:) би била епска битка. Иако Сопранови ми стојат во потпис, уште не знам за кого би гласал.
 
Гласам за Breaking Bad.
3 сезони изгледав во една недела, досега немам сретнато серија шо толку ми го има привлечено вниманието.

И Dexter ми е една од омилените серии, ама не може да се мери со Breaking Bad. А овие последните две сезони некако ме разочараа, се надевам дека седмата ќе е подобра.
 
Троа комплицирано... ама гласот оди за Breaking Bad

Причина - исфорсираното продолжување на декстер. Ако Декстер како серија прекинеше со финалето од 4та сезона ќе беше дефинитивно подобра серија од Брејкинг Бед, такво финале и такво чуство кое го предизвика сеуште не сум начекал по серииве, штета што се изглупираа и продолжија. Натаму, се е прашање на вкусови и инаат, гласот го давам за Брејкинг Бед само поради погорнава причина, психопатот во мене навива за Декстер :icon_lol:
 
Колку само сте се распишувале, каснам малце за дуелов ама мојот глас оди за Breaking Bad.
И двете серии ги пратам редовно и веројатно пред 2 години би гласал за Dexter, ама после 5 и 6 сезона некако ми спласна целата еуфорија околку таа серија. Дефинитивно требаше веќе да е завршена за да ни остане во сеќавање како серија која ниту во еден момент не изгуби на квалитет, не дека ќе прекинам да ја гледам, ама тоа најмногу се должи на фактот што го обожавам Dexter како лик, но ништо повеќе од неговите монолози оваа серија не ми понудила веќе подолго време.
Од друга страна е Breaking Bad, која што е ремек-дело, само начинот на кој се "отпакуваше" оваа серија од епизода во епизода е нешто уникатно. Иако на моменти успоруваше дејството, никогаш не ми била досадна, постојано е тензична и те држи во исчекување. А глумата пак е нешто сосема посебно. Нема лик со кој што не се поврзуваш или пак за кој не сочувствуваш на некој начин, толку добро се исконструирани и holy fuck, колку само реално изгледаат. Секоја чест на креаторите и на актерската екипа.

Него, поголемиот дел од тие што гласале за Dexter не виделе ни епизода од BB...you don't know what you are missing guys, немојте сега од инат што е толку популарна да ја избегнувате, фатете ја додека сеуште трае, најпријателски совет, барем првите две сезони изгледајте ги па тогаш пресудете дали е по ваш вкус или не.
 
Dexter :icon_lol:
Со BB сум стигнат до 2 сезона 6 епизода,незнам зошто ама не ме тера да гледам понатаму, мислам интересно е,ќе гледам понатаму,ама дали оти нема клифхангер на крајот, ама пак оние сцени на почетокот се интересни,уште не ми е јасна финтата со куклата во базенот и со луѓето што го најдоа сувенирот на оној роднината(му заборавив името :D) aма ваљда тоа ќе се разјасни понатаму?
Како и да е, Декстер :)
 
Да ги објавам резултатите или ќе погодувате кој тепаше? :icon_lol:


Breaking Bad:
1.Pluh,
2.Болиглава,
3.Invader,
4.Iceboy,
5.Multivitamin,
6.Down,
7.dragonsky,
8.Dark King,
9.Crazy Diamond,
10.Darksider,
11.VLJ,
12.Psyside,
13.Мезнаеш,
14.wot,
15.Anne.,
16.Александар-ВТ,
17.Apokalipto,
18.Eddard Stark,


Dexter:
1.Божино,
2.Dr.House,
3.turvior,
4.Sledge Hammer,
5.Filmakedon,
6.Helo
7.Филип!

За новиот дуел, стеј тјунд..
--- надополнето: 5 август 2012 во 18:39 ---
Се мислев кој дуел да го ставам, а повеќето да имате гледано барем по една сезона, за да не има онакви гејски постови од типот „јас само едната ја имам гледано, ама ќе гласам за неа“ и си викам овие нема шанси да сте ги утнале на ТВ

Значи:

4203.jpg

VS

tv_csi01.jpg
Која крими серија повеќе ја сакате? Која сметате дека е поквалитетна и чии детективи повеќе ви се допаѓаат? Инаку и двете имаа мала варијација во актерскиот дел, па можеме и тој дел да го продискутираме од аспект на тоа дали и го намали квалтиетот на серијата или го подигна.
 
CSI дефинитивно сите се добри но Мајами најмногу ми се допаѓа. Од Law and Order сум ја гледал само Special victims unit уште кога ја даваа на канал 5 но не ми се допадна. Од сите тие ретардирани приказни за манијаци, силувања итн ми стана одвратна и одбивна.
Затоа мојот глас оди кај CSI.
 
ЦСИ.
Најдобра Лас Вегас, најслаба Њу Јорк.
Пред некое време почнав да ја гледам ЦСИ, си почнав од прва сезона и полека ќе гледам, оти многу епизоди ако ги изгледаш наеднаш станува малку досадна.
Од Law and Order имам гледано на ХРТ и на Канал 5 неколку епизоди и толку многу ми беше напорна серијава, па и карактерите во неа, едвај ги догледував епизодите.
А и некогаш стварно имаа гадни и одвратни случаи.
 
Гласам за ЦСИ.

Посимпатични ми беа актерите во ЦСИ, особено во Лас Вегас, Мајами и Њу Јорк ич не ги сакам, ама ич. Интересни случаи имаа и така. Law and Order како што кажа овај погоре :D ликовите беа повеќе од напорни и ми се чини тоа беше главната причина шо не ги следев.
 
ЦСИ, некако подинамична серија ми е, додиша одамна ги немам гледано и двете нешто слабо гледам крими серии, на времето коа одеа на повеќе ТВ ми беа омилен жанр. Иако во вакви серии варира квалитетот од епизода во епизода, оти се работи за индивидуални случаи во секоја епизода.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom