Која професија најмногу ви се допаѓа?

  • Креатор на темата Креатор на темата crazy lady
  • Време на започнување Време на започнување
На пример, би почнала од медиумите. Весниците се полни со натписи од колумни за Боки 13ка, Сека Алексич, Стаклар и др., а од едни вести на денот ни минута време не е одделено за спортистите кои ја држат Македонија на врвот. Колку се, толку се, но заслужуваат почит и финансиска помош, а не да живеат во социјални бараки. Ќе ти дадам пример, колкумина знаат за сега веќе покојната Нада Ицева, светска првенка во параглајдерство? Колкумина знаат дека Македонија е светски шампион во овој спорт, а сега тие спортисти имаат отворено сметки за донација на финансии за да можат да отидат на тоа СП? Едвај 2 посто од населението.
Пред 4 години, кој излезе да им честита на параолимпијците кои и донесоа медал на државава? Никој, празно.
Ама затоа каде и да свртиш по телевизииве, фрчат реклами за операции триумф, за Савка од Валандово(најнова фотосесија за Ексклузив) и за тоа како Лила Филиповска си го поминала попладнето кај маникирот.
А сите знаеме дека спортистите и уметниците се најголеми амбасадори на своите земји. Но ретко кој ги поддржува.
Затоа велам, се ценат кичерајот и сељанштаната, а "вистинските" луѓе во оваа држава се на дното.

Ама ако кажват за спортот никој нема да ги гледа/чита...
Таков е е менталитетот на народот. Сакаме сеир...
Новинарите им го нудат на гледачите тоа што гледачите сакат да го видат.
Пример јас разбрав дека имаме шампионче од Македонија, има 13 години и е првак во формула на интернет (сега не се баш прецизни информации, не знам име едно друго ама така разбрав, син му е на професор што предава на факултет)
И сега некој весник ова да го објави на насловна, а некој друг весник да ја има Лила на насловна со деколте, шо мислиш кој весник или списание ќе се купи??
И до кој е проблемот? До народот...
Јас ја сакам уметноста и спортот исто... ама то е то..
 
Веб дизајн,маркетинг,земјоделство,столарство,
кулинарство.
Едина мана на веб дизајнот е во тоа што е антисоцијална професија, го поминуваш целиот ден пред кутијата што ти го намалува видот.
Ги сакам професиите каде освен аналитичките модуси ја вклучуваш во погон и креативноста.
Али да се разбереме ова капитализмов е тежок shit.
Како робот си.
Постојано негде брзаш.
Постојано си во трка со времето за на крај да остареш и да те јадат црвите.
И што си направил во животот?
Си бил суровина во рацете на болно амбициозните CEO-а.
Големата машина те јаде, ти го меле идентитетот, те џвака ,и те плука во аморфна безлична маса.


психијатар дефинитивно,ама да се занимавам со најтешки случаи,со психопати,сериски убијци и сл.
Ви стојам на располагање.
 
Музичар:pipi:
И вака и онака нема да имам дом...Номадски артист, како и да е...
А за егзистенција, даскалство ме влече, ама во институти или факултет.:baeh:
 
психијатар дефинитивно,ама да се занимавам со најтешки случаи,со психопати,сериски убијци и сл.

Оваа идеја ја имав пред некои 2 години и многу долго време сакав баш тоа да го работам, затоа што ја разбирам привлечноста да се исцедат сите темни материи во умовите на луѓето за да се склопи коцката.
Тоа сега го правам за забава. :)
Додека она што ќе го работам во иднина ќе ми овозможи да седнам на еден голем стол со чекан во рака и да им се смешкам на лажговците пред мене.:back:
 
Се сеќавате на репликата на мистер Бин во филмот-I just sit and look at the paintings. That's my job.Па така и јас. Да ме остават,сигурно ќе рушам светски рекорди во зјапање во слики :)

И да,судска медицина била и ќе биде моја најголема желба.Попрецизно,aутопсија part :) Мртвите луѓе се најдобри соработници(..ок ова беше creepy)

И композитор и текстописец. Прекрасно хоби по крајно напнат ден :)
 
Дипломиран фармацевт...кој покрај нели свои аптеки сакам и да предавам фармацевтска технологија и фармакогнозија и фармакологија во средни медицински школи :pipi:
 
Сакам (најверојатно и тоа ќе го работам) да работам во маркетинг сектор во некоја компанија, сега за сега една од поголемите желби ми е тоа.
Или пак да предавам економија.

А во слободно време да имам група и да свириме :helou:
 
Тоа што сум, само во некоја друга држава. Тука се ценат погрешни работи, а се потценуваат приоритетните.:toe:
Се сложувам со ова до последниот збор. А зошто? Кај мојата професија (Археологија) има мнооогу да се истражува во нашата земја. Но... Застапеноста на перење на мозокот со историјски факти кои не се докажани веќе премногу ја преплавуваат земјата. А што е археологијата? Да учиме историски факти или самите ние да ги разоткриваме каде подоцна историчарите ќе ги градат. За жал тука има простор а нема доволно памет... се` подлегнува на политиката...
 
Уф многу работи сакам да работам. Филозоф, Односи со јавноста:pipi: Маркетар:pipi: Сега тие ми текнаа.
 
Нешо поет, писател,колумнист, музичар(неостварена желба ми е да си купам гитара и да научам да свирам)
 
фудбалер од фантазиите, дијагностичар и програмер од реалните
 
Хирург или стоматолог.
Да имаше услови,би била ликовен уметник и би патувала низ светот,или би била археолог.Ама главно презадоволна сум со идната професија :)
 
Режисер:smir:

Инаку Џену Грл потполно си во право дека уметниците и спортистите се најголеми амбасадори на земјата ама кој да им обрне внимание:tapp::tapp:
Јас кога идев на детски евросонг не знам веке кај не зачукаа моите и сите рекоа неможеме да помогнеме.Дури и господинот градоначалник на Скопје не можеше да одвои 100евра.Да не беа роднините и пријателите немаше ни да отидам....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom