Која победа ви остави најголем впечаток?

Која победа ви остави најголем впечаток?


  • Вкупно гласачи
    110
Кога заврши натпреварот со Литванија бев во невиден транс, ми се наполнија со солзи очите.
Таква радост за спортски натпревар имам доживеано само кога Вардар ја елиминираше ЦСКА Москва и кога Кометал ЃП стана Европски Шампион.
 
Литванија :vozbud: и со грција не беше нешто помалку возбудливо и слатко ама за оваа победа не знаев што правам, не знаев кој сум, каде сум....ништо не знаев т.е. се избезумив од радост :D
 
Со Литванија дефинитивно таков адреналин одамна немав осетено :vozbud: А за Грција можам само да ги цитирам дечките од Блиц :„Грците го избришаа официјалното име од екраните за време на директниот пренос, но тие го избришаа паркетот со нив!“ :)
 
најголем впечаток ми остави победата со Литванија едноставно бев во транс незнаев кај се наоѓам не ми се веруваше плачев !
исто така иако не победивме во дуелите со русија и шпанија за мене барем беше ненормално дека бев на плоштад најјако е кога ќе почнеш некоја песна и гледаш 2000
души позади тебе пеат исто абе лудило :vozbud:
 
Против Литванија, кога шутна Влатче за три, тие моменти срцето не ми чукаше од возбуда.
 
Дефинитивно против Литванија,кога Игорче рече Македонија е полуфиналист полетав од радост.
 
Против Литванија иако ТВ-то не работеше па бев принуден само да слушам коментар,немате представа какво е чуството да го слушате гласот на Игорче и да чекате да викне "Гооооооооооошшшшшш" :)
 
Дефинитивно Литванија, кога ги тепавме толку ми се насолзија очите и се почувствував ГОРД МАКЕДОНЕЦ! Едноставно и сега додека пишувам кога ми текнува на моментите кога возбудата беше преголема и радоста и солзите!!!!!!!
 
со гејлада ми беше најслатка победа,а со литванија ми беше греота оти беа љубезни домаќини а ние бевме лоши гости:)
 
Победата над Литванија и тројката на Влатко, рипав од кревет тогаш, (Леле луѓе што направивме! :cuc:) а по неа победата над Грција, како сум уживал во таа утакмица немате појма :D
 
Најдрага ми е против Литванија нормално, но најголем впечаток ми остави победата над Словенија. Таму видов колку се навистина јаки момците. :)
 
Иначе секако со Литванија а и со Грците бев ептен среќен впрочем кој не би бил него не ја гледав па киснев на телефон на сестра ми и вртев за разултатот да ме информира на секоја минута . И двете го одбележаа настапот на нашиве момви ја мислам али Tројката на Влатче ќе ме прогонува во мисливе додека сум жив на планетава !!! :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom