Која е онаа работа што сакаш да ја направиш, а не си ја направил до сега? Што те спречува?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Насловот е многу јасен што е онаа работа која ве спречува да ја направите а сакате да ја направите и премногу ја посакувате ...:)
 
Да учам во некое приватно школо надвор од мојот град,ме спречува малку финансиски а и малку родителите со тоа што ме советуваат дека за факултет да фаќам страна
 
Сакам да си купам iPad, Windows 8 Phone, BMW M6, Ferrari 599 GTO Fiorrano, да одам на некој остров...:rolleyes:
Уствари што кењам ја бе... Ај да идам да си легнам утре сум од 6 на работа :facepalm:
 
Сакам да одам и да изгледам натпревар на Олд Трафорд.Не сум се потрудил доволно ама во наредните максимум пет години,ќе пробам да ја реализирам желбата.
 
Сакам да одам и да изгледам натпревар на Олд Трафорд.Не сум се потрудил доволно ама во наредните максимум пет години,ќе пробам да ја реализирам желбата.
2,000 евра братко и ќе бидеш таму :icon_mrgr:
 
Не претерувај :D Има и поевтини варијанти.
јас ти ја кажав онаа средната варијанта ... :icon_mrgr: со која ќе си поминеш убаво ...
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 02:15 ---
Инаку да одговарам и јас одмна сакам да го избришам ова членство на форумов но ете по некоја работа сум малер и никако не стигнува тој проклет линк на mail :confused: се надевам дека ќе успејам во ова и ќе ја завршам работата ... :)
 
Сакам да гледам Discovery и National Geographic или Discovery ID а богами и History channel а мајка ми се спречува со гледање на Туркиш серии...

Discovery ID :place:
Најдобрите емисии ги даваат поручек, а тогаш, сите се шуткаат низ дневна, секој со своето.
А што е најтрагично, само јас немам ТВ во соба, а во нивните соби не се пуши.
Дискриминација.
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 03:05 ---
Он:
Многу сакам да гледам Dis. ID поручек. Можам де и на нет да најдам за гледање (сигурно), ама сакам да се опуштам, ме мрзи без превод да гледам емисии од таков тип.
Ме спречува семејството мое, се преплашени се од емисиите кои ги гледам :D
 
Сакам да одам на концерт од Joy Division, досега не сум им бил, а ме спречува тоа што Ian Curtis, пејачот/фронтменот е мртов бидејќи во 1980та си ја клал јамката околу врат како резултат на болеста(епилепсија) под влијание на депресијата и то.
 
Биднува и таа работа постепено - паралелно се елиминира тоа шо ме спречува.​
win-win situation.​
 
Сакам да го најдам златото дома.. Ме спречува присуството личностите во куќата...
 
Прашање од темата 50 прашања..
Он: Сакам да одам на Камп Ноу и да гледам натпревар на Барселона во живо.
Иначе...млад сум може понатаму нема да ме спречи :)
 
сакам да го прошетам светот...или еден месец да поминам во некоја луксузна вила со поглед кон морето или океанот...со базен во дворот... 112.jpg

..и така се разбудив и го најдов ќебето паднато на земја... o_O
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom