Која е најдобра лига според вас?

Што мислете која е Најдобра Лига од наведнативе?

  • Премиер Лига

    Гласови: 229 48,2%
  • Примера Дивизија

    Гласови: 88 18,5%
  • Сериа А

    Гласови: 109 22,9%
  • Бундес Лига

    Гласови: 33 6,9%
  • Некоја друга што не е на Анкетава

    Гласови: 16 3,4%

  • Вкупно гласачи
    475
Прочитај за Хејсел нешто

ете сам си одговори последен посериозен инцидент пред 30 години? додека ваму ден денес има случаеви на убитсва, ножеви више секојдневие е...
 
Немаат боранија одбрана, туку повеќе се фокусирани на напад и затоа изгледа дека се тапа во одбрана. Пример земи Леверкузен со колку фудбалери се брани, па спореди го со твојот Јувентус.
брат, јуве во италија се брани само со 2 играчи, пошто цело време имаме посед и сме на противничката половина, екипите ни играат катанаџо и назад ни се само стоперите двајца или ретко тројца (во случај да игра 3-5-2)..[DOUBLEPOST=1426635219][/DOUBLEPOST]
Знаат сите зашто има празен простор, и тоа ти е глупа квалификација за каде какви навивачи има, си има причина зашто е кежуал на стадионите у Англија. Ултрасите(хулиганите) на повеќето клубови имаат доживотни забрани за присуство на стадионите, не се ни споредуваат ултрасите со хулиганите од Англија. Вториве да ги остаеа на исто темпо без забрани гонења и затварања од 80ти навака, ќе имаше вонредни состојби секое коло. Хедхантерите од Челси се пример за ова, 70% од членовите немаат пристап до трибини.
први се хулиганите на стадион во Италија, без разлика што имаат забрана они пак идат, бидејќи они се над законот, погледај тој мафијашот воџата на Наполи го има на стадион секоја утакмица а тој треба доживотен затвор да лежи... Кога играа не ми текнува Наполи со Рома куп, се деси тоа што викаат убиството, и овој дивјакот од Наполи се симна на терен ги собра играчите и не им даде да го почнат натпреварот...
 
Гонењето и забраните у Англија за хулиганите се неспоредливи со тие у Италија. Неможам на викса да му го доловам тоа никако, џабе се обидувам. После најголемите фудбалски несреќи меѓу која е и Хејсел како најкатастрофална, имаше рестриктивни мерки и банови спрема клубовите и навивачите, и внатре во лигите и во европските купови, и од тогашната УЕФА и од ФА на Англија. После сите тие залагања да го истребат хулиганизмот у Англија сето тоа се сведе да е денеска на минимално ниво, во крајна можност цивилизирано. Факт е дека е мирно на стадионите во Англија, и тоа им оди у прилог на Англичаните како промоција, но поранешните хулигански групи низ Англија беа страв и трепет насекаде.
 
Знаат сите зашто има празен простор, и тоа ти е глупа квалификација за каде какви навивачи има, си има причина зашто е кежуал на стадионите у Англија. Ултрасите(хулиганите) на повеќето клубови имаат доживотни забрани за присуство на стадионите, не се ни споредуваат ултрасите со хулиганите од Англија. Вториве да ги остаеа на исто темпо без забрани гонења и затварања од 80ти навака, ќе имаше вонредни состојби секое коло. Хедхантерите од Челси се пример за ова, 70% од членовите немаат пристап до трибини.

Не е глупа квалификација туку муабетот избега од тоа дека во Италија на дерби утакмица бил стадионот пола празен, и како на дечкото не му се гледала таква утакмица (некој претходно спомна) и дека тоа е решение да се направи поголема просторна бариера меѓу противничките навивачи (шо е и очигледно), ама пошто ти се фаќаш за детали кој бил и кога бил опасен и слично, нема споредба со италијанциве, види дека во англија ги делат навивачите меѓусебе само со редари ќе ти стане јасно колку се `опасни`. Факт е дека после Хејсел се сменаа многу работи, и дека имаат ригорозни казни, стадионите им ги намалија ради безбедноста ама пак во Италија нема закони?? Секоја година се дешаваат во неколку убиства и безброј калакурници, ама не бате,менталитетот е друг , во Англија можи фудбалот е традиција и на утакмица ќе видиш убава глетка, мајки со бебиња, баба со шал и слично :) ... ама во Италија е религија и за него се гини, заеби ги тепачките по пабови или по метроа, битката е на стадион!!
 
1.Факт е дека после Хејсел се сменаа многу работи, и дека имаат ригорозни казни, стадионите им ги намалија ради безбедноста ама пак во Италија нема закони??
2.Секоја година се дешаваат во неколку убиства и безброј калакурници, ама не бате,менталитетот е друг , во Англија можи фудбалот е традиција и на утакмица ќе видиш убава глетка, мајки со бебиња, баба со шал и слично :) ...
3.Ама во Италија е религија и за него се гини, заеби ги тепачките по пабови или по метроа, битката е на стадион!!
1.Сериозно треба споредби да правиме помеѓу легислативните мерки у однос на хулиганството Англија/Италија, rly? :)))
2. Зашто ми го соопштуваш ова, што има везе со тоа што го збориме, пак си аругментираш на празно, фудбалот Е традиција у Англија, и денешната глетка е последица на тоа што го збориме, на рестриктивните мерки кои ги имаат донесено, на истребувањето на хулиганите од трибини, банови за посети на стадион итн, сериозно нема да се повторувам веќе репетитивно изгледа и нема никаков ефект очигледно.
3. Океј, разбравме, у Италија е религија а во Англија е пикник.
ФА е правно лице кое има посебна јурисдикција од онаа државната, и има висок општествен и правен статус да налага казни, обвиненија, предлози за гонење, повисоки казни, повторни разгледувања, реституции итн, на државното обвинителство, а овие најчесто формираат специјални судови во такви случаеви.
Ни од близу не постои практика слична на оваа у светот со вакви ригорозни и стриктни начела, посебно не у Италија.
 
Различен е менталитетот и состојбата во Италија и во Англија фала богу,во Англија на пример преовладува правото и му се скратени сите можни права на навивачите и хулиганите се истребени до бескрај,во Италија се случуваат убиства и повеќе тепачки поради повеќе причини..едно е јужниот менталитет каде луѓето се далеку понецивилизирани и позабегани(и ние спаѓаме во тој),друго е поради правото и судот во самата држава каде тешко можи да ги контролира хулиганите,друго е самата контрола во институциите...

Факт е дека во моментов Италјанските навивачки групи се едни од најдобрите во Европа и дека само во Италија сеуште булкално пукаат бомби на сред натпревар..тоа е навивачка класика
 
Глејте Грин стрит хулиганс.
 
Првата реченица е резиме на целата дискусија. Во Англија фудбалот е поцивилизиран поради рестриктивните мерки во последните три децении, што од една страна ја направи Премиер Лигата најголемо шоу на планетата, но од друга страна имаат атмосфера како на погреб. Англичаните сакаат да дрндаат колку добра навивачка култура имаат и колку се уникатни, но реално гледано ја имаат најдосадната фан култура во цела Европа, веројатно подобри се само од Шпанија од големите лиги.

Моменталната ситуација се должи на неколку фактори вклучувајќи ги стадионите со седишта на сите трибини, строгите закони и укинувањето на 'терасите' и цената на картите што им донесе на газдите на клубовите милијарди во промет но ги изгубија тие навивачи од подолните класи што ја правеа таа препорзнатлива атмосфера во Англија порано. Не зборувам за хулигани (иако тие можеби се дел од таа класа) туку за млади дечки во на возраст од 20-30 години што имаат желба да стојат и пеат по 2 саата, а не да ги интересира дали има кари со лосос или француско вино на менито на полувреме. Англичаните го имаат одбрано патот на комерцијализација што несомнено им носи финанскиски успех, но по цена на атмосферата на стадиони и доцна е за враќање назад. Вклучувајќи ги и рестриктивните мерки што ги имаат на стадионите во име на законите за здравје и заштите (имаше навивач на Арсенал на кој на пример му ја скинаа годишната карта поради 'постојано стоење') и цените на карти, не е ни чудно што ја губат атмосферата и имаат пониска постеност од пред 10/15 години на пример.

Не споредувајќи го бројот на ѕвезди во тимовите и комерцијалната атрактивност (што е предност на ПЛ над другите лиги), англиската лига е далеку зад Бундес лигата во однос на кој се третирани навивачите и фудбалот генерално. Германија е чист доказ дека може да се има евтини карти, сопственост во име на навивачите, трибини со стоење и успешен фудбал во комерцијална смисла се во едно, само што на Англичаните им е поинтересно да копаат петро фунти место да им угодат на своите граѓани што одат на стадион.
 
Според мене најдобра лига Франција пошто Псж и Монако отидоа даље и ги сјебаа Англичаните :ROFLMAO: :ban:
 
Треба еден рестарт да се удри на анкетата :tvg:
 
Ги побркавте поимите малце,навивачки групи и навивање не е исто со хулигани на трибини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom