Која е најдобра лига според вас?

Што мислете која е Најдобра Лига од наведнативе?

  • Премиер Лига

    Гласови: 229 48,2%
  • Примера Дивизија

    Гласови: 88 18,5%
  • Сериа А

    Гласови: 109 22,9%
  • Бундес Лига

    Гласови: 33 6,9%
  • Некоја друга што не е на Анкетава

    Гласови: 16 3,4%

  • Вкупно гласачи
    475
Според мене ,топ 4 лигите би ги подредил вака:
1.Премиер Лига
2.Бундес Лига
3.Серија А
4.Шпанска Ла Лига (Примера)

Шпанската лига ја ставам на последно место затоа што преголема е разликата меѓу Реал/Барса и останатите 18 тимови.. Додека во другите лиги секоја сезона за титула се конкурентни барем 4 тимови и разликата меѓу нив е 3-4 бода,во Шпанија веќе на полусезона Реал и Барса им бегаат на другите по најмалку 10 бода..
 
RONALDO: PREMIERSHIP JE BOLJI OD PRIMERE
07/12/11

RONALDO: PRIMERA JE NAJBOLJA NA SVIJETU
28/12/11

preview_Bilobil%20forte%2060_300dpi.jpg
 
Премиер лига и Примера се јадат , али сепак мислам дека подобар фудбал имаат Енглезиве
 
На прво место оди нормално Премиер лигата, претходново коло беше доказ дека фаворитите никогаш не се сигурни.
На второ место иде Бундес лига, имам изгледано оваа сезона многу мечеви на Евроспорт и право да кажам поинтересна ми е и од Примера и од Серија А.
На трето место иде Пример, ради Барса и Реал а и тие две се проблемот што неможе никоја друга да им се спротистави во борбата за титулата.
На четврто место иде Серија А, незнам кога и да гледам досаден фудбал, неактрактивен.. јес да има дербија али џабе.

*Само да напоменам, ја сум навивач на Барселона. Така да си гласав за Примера, али си кажав најреално што мислам.
 
Незнам зошто се расправате, македонската лига е најдобра.
 
1.Премиер
2.Примера
3. Бундес
4.Сериа А
Пак ќе речам нека почнат и други фактори да земаат во предвид. Нека земат во предвид финансиска состојба на екипите, капацитет и ајде како да кажам состојба на стадионите, посетеност, итн итн. На Бундес им фалат уште две екипи да се стабилизираат како Дортмунд и Баерн па лесно можат и втори да дојдат
 
ак гледаме како екипите играат против Реал секако Примера е убедливо прва, е сега проблем за оваа лига е лежерната игра против Барселона токму поради тоа не сум сигурен дали е прва :нинџ:
 
*"Italians" coming with how many trophies they've won in champions league.*

blanco
Znaci koga nekoja ekipa ke go nadene Real Madrid,primera treba da ja smetam deka e na vrvot.Fala sto me prosvetli. (Y)
 
Зависит кај го ставате фокусот. Мислам неспорно е дека Англиската, Шпанската, Италијанската и Германската се првите четири во Европа. 5-годишната луста на УЕФА мислам е добро мерило пошто е направена за подолг период, ја зема предвид ЛЕ и ЛШ и секако дава бонус поени за земена титула. И ако сме реално од секој од гореспомнатите лиги има по 2-3 екипи кој можат да конкурираат за Европска титула но тоа ја покажува само јачината на врвот. Затоа исто е важно колку далеку стигнуваат другите тимови од една лига. Друго е да одпаднат во групи, друго е да стигнат до финале и полуфинале. Затоа е и таа листа на УЕФА која зема све во предвид. Ама и пак таа само проценува една четвртина од екипите на една лига, тие што се квалификуваа во Европските купвови. Средните и слабите екипи во една лига не играат против и нормално и тие би влегле во предвид ако споредиме јачината на една лига. Поред мене Англиската е најконкурентна, моментално малце на врвот има проблеми но и послабите тимови на Премиер лигата финансиски се многу попотентни него тимовите во другите лиги и со тоа можат да донесат и подобро играчи. Шпанија би го наместил втор пошто врвот им е екстремно јак со Реал и Барса но и после идат добри тимови како Атлетико на пример. Италија и Германија се тука некаде, Италија последните години има повеќе титули, Германија повеќе поени во Европските купови. Финансиски Германската лига е постабилна но и малите Италијански екипи имаат солидни екипи и се тактички добро обучени и не би рекол дека не можат да парираат со послабите тимови на Германија ама сепак нема некој меѓусебни дуели во тој оглед.
Лошата слика за Италија се должи на повеќе фактори. Прво и најочигледно е падод во последната деценија. Италијанската лига во времето ќе речам беше убедливо на врвот, имаше најјаки тимови во Европа, најдобрите играчи играа тука, модерни стадиони после СП 1990. Но тоа се смени, доста врвни играчи си заминаа, финансиски некој клубови морат да штедат, скандалите со местејне на утакмици, лошата инфраструктура. Тоа од страна создава лоша слика, иако лигата и клубовите сепак се доста јаки и пример Јуве не гледам оти на не освои ЛШ годинава. Од друга страна Бундеслигата има спротивен развој во последните години. Меѓу 1997 со освојувајне на Европските купови од Дортмунд (ЛШ) и Шалке (Куп УЕФА) до титулата на Баерн во 2001 во ЛШ Бундеслигата беше во одлична состојба. Но после тоа преживеа голем пад. Пропаѓајнето на Кирх-империумот и со него Пеј-ТВ-каналот Премиере, лигата доби доста помалце пари од тв-правата што се изрази во квалитетот на лигата. Но со сменета тактика и форсирајне млади играчи лигата врати на квалитет. Денес во Германија има многу таленти, не само играчи туку и тренери, кој ја прават лигата поквалитетна и поатрактивна за гледајне. Плус скоро сите клубови имаат нови стадиони или реновирани стадиони кој привлекуваат многу гледачи, Бундеслигата најпосетена е во Европа. После тоа клубовите се финансиски релативно стабилни, има построги финансиски критериуми и забрана за да биде еден клуб преземен од шеик или инвеститор. Тоа можеби е финансиски мал хендикеп за клубовите но ако размислам подобро, можеби и подобро е што тие правила постојат. И последно би рекол дека во поранешните години едино Баерн, и од време на време Дортмунд беа сериозни актери во Европските купови. Тоа сега е во тек на менувајне, покрај фантастичниот Баерн кој го гледам како најдобар Баерн од сите времиња, финансиски и фудбалски, се етаблира втор јак тим во Германија со Дортмунд. Клубот последниве месеци со настапите во Европа доби многу симпатии и не за џабе кај букмаркерите е високо квотиран годинава. Со тоа Бундеслигата острани една слаба точка а тоа е дека во Германија само го има Баерн. Но пак крајно би рекол Сериа А и Бундеслигата се блиски, и едната лига има предности и слабости како и другата.
За во иднина не знам како ќе се движат работите, посебно со финансискиот фер плеј но тоа нема сигурно да биде на штета на Бундеслигата пошто клубовите тука ги исполнуваат критериумите на ФФП-от. Најголеми проблеми би имале Шпанските тимови, кој на пример се многу задолжени а одредени клубови на државата им должат многу милиони ЕУР данок. Италијанската лига мислам ќе крене пак пошто сепак има квалитет тука а за Англиската мислам ќе остане најјака, посебно поради големите пари кој ги земаат тимовите, не само од шеиксите туку и од тв-правата. Но доминацијата на Премиер лигата нема да се врати во идните години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom