Која е најдобра лига според вас?

Што мислете која е Најдобра Лига од наведнативе?

  • Премиер Лига

    Гласови: 229 48,2%
  • Примера Дивизија

    Гласови: 88 18,5%
  • Сериа А

    Гласови: 109 22,9%
  • Бундес Лига

    Гласови: 33 6,9%
  • Некоја друга што не е на Анкетава

    Гласови: 16 3,4%

  • Вкупно гласачи
    475

BakoMevmedoski

Немирен
Член од
30 септември 2009
Мислења
525
Поени од реакции
55
Според мене работите идат вака

На прво место : Премиер Лигата
Зошто ?
Заради тоа што има најмногу квалитетни клубови, се игра брз фудбал со пасови дриблинзи шутеви итн.
Исто така да не заборавиме дека во Премиер Лигата играат едни од најголемите Фудбалери на денешницава со исклучок на историјата (Значи не прајме муабет кој играле предходно, прајме муабет кој играт сега), воедно Англиските клубови секоја година се едни од најдобрите натпреварувачи во Лигата на Шампионите досега дури освоиле 11 титули во Најголемото Европско натпреварување.

На второ место : Примера Дивизија
Зошто ?
Заради тоа што после Премиер Лигата оваа лига има исто така многу клубови кој имаат квалитети.
После Барселона и Реал мадрид кој ги имаат речиси моментално најдобрите играчи на располагање во своите клубови исто станува збор за голем број на играчи кој што играат во другите клубови во Примера Дивизија.
Исто така и шпанските клубови Скоро секоја година стигаат далеку во Лига на Шампиони со исклучок на Реал Мадрид кој шест години беше во црни магии и психички проблеми, годинава се надевам на повеќе и од нивна страна и од страна на Валенсија, сеа немој да ме сватете погрешно дека навивам за Барса, но искрено во последниве години се Страв и Трепет и скоро секој сака да ги избегне.
Исто така станува збор за едни од најдобрите играчи кој играат во оваа лига.
И покрај тоа што Англиската Лига ја мислам за најдобра Шпанската Лига која според мене се наоѓа на Второто место заедно со Сериа А која што ке ја посочам на Трето место навистина се подобри во Најголемото Европско натпреварување од Англичаните.
Шпанските клубови освоиле 12 титули во Најголемото Европско натпреварување односно Лига на Шампиони

На трето место : Сериа А
Зошто ?
Со финанскиските кризи кој што не го опфаќаат само фудбалот туку се друго, Сериа А односно Италија се најде во потешки ситуации кој што со тек на време ке се исправат.
Иако и даље некој фанови мислат дека грешам со ова мислење јас овие ги сметам за едни од подобрите, имаат многу клубови кој што можат да се борат за големи трофеи.
Италјанските клубови освоиле 12 титули во Најголемото Европско натпреварување односно Лига на Шампиони

На четврто место : Бундес Лига
Зошто ?
Заради тоа што освен Баерн од Минхен нема други клубови кој што пружат некаков одпор, другите 2 противници кој што се борат за ЛШ и квалификации во ЛШ се на многу ниско ниво и многу тешко да не речам Едвај ги ми нуваат фазите во групите на ЛШ.
Спонмав и во еден пост, нема клубови во Бундесот кој што можат да издржат повеке од една година.
Мое мислење е дека оваа Лига е реално на многу пониско ниво од ^ наведнатите три предходно.

--- надополнето ---

Иако признавам дека Премиер е Најдобра.
Си гласам за Шпанциве :P
 
Историски,во традиција ,во дерби дуели најдобра е Италјанската лига Сериа А убедливо бидејќи тука клубовите имаат огромно ривалство помеѓу себе и скоро секој натпревар е дерби..а во моментов убедливо најдобра лига е фудбалската НБА Премиер лигата и ќе ги замолам љубителите на шпанскарта Примера да не се бламираат дека нивната лига е најдобра...иако играат најдобрите две екипи во светот таму!
 
Историски,во традиција ,во дерби дуели најдобра е Италјанската лига Сериа А убедливо бидејќи тука клубовите имаат огромно ривалство помеѓу себе и скоро секој натпревар е дерби..а во моментов убедливо најдобра лига е фудбалската НБА Премиер лигата и ќе ги замолам љубителите на шпанскарта Примера да не се бламираат дека нивната лига е најдобра...иако играат најдобрите две екипи во светот таму!

Италија е тапа за гледање.Можеби ако си фан на некој италијански клуб ти е интересно меѓутоа сите што гледаат молат господ да не падне гол во првите минути.Оидоа сите 11 да го чуваат голот.И до крај тапа фудбал.
 
Нема поента темата,секој ќе си гласа за „своите“.
 
Иако сум навивач на Милан, и најмногу ја пратам Сериа А, гласав за Премиер лига, треба да бидеме реални нели?

1. Премиер лига - го играат најквалитетниот фудбал
2. Сериа А - лига со многу изненадувања, иако оваа сезона Милан не ни приреди некои многу големи изненадувања, во мал број се, али затоа другите (Интер и Јувентус) се ептен слаби оваа сезона, повеќе очекував од нив, јес да за Јуве сеуште постои шанса да си ги поправи грешките, али тешко. Големо изненадување е и Лацио и Наполи, стварно ме изненадија овие тимови, супер играт, нека продолжат така.
3. Премиера Дивизија - освен Барса и Реал нема ниеден друг конкурентен тим и само од таа причина лигата не е интересна.
4. Бундес лига - таму нема константни екипи, оваа година се прваци, а другата се спасуваат од испаѓање... ме изненадија Б.Дортмунд оваа сезона, во тимот немат ниедно звучно име, сите се вчера од "испилени", а ги газат на сите во Германија.
 
гласав за Бундес лига зашо таа лига ми е најинтересна најмногу голови , секогаш е неизвесен натпреварот .. Иако сум за ман утд , гласав за бундес лига
 
Историски,во традиција ,во дерби дуели најдобра е Италјанската лига Сериа А убедливо бидејќи тука клубовите имаат огромно ривалство помеѓу себе и скоро секој натпревар е дерби..а во моментов убедливо најдобра лига е фудбалската НБА Премиер лигата и ќе ги замолам љубителите на шпанскарта Примера да не се бламираат дека нивната лига е најдобра...иако играат најдобрите две екипи во светот таму!

Значи ако во Сериа А има огромно ривалство меѓу клубовите, па незнам што да кажеме за Премиер Лига..
 
Пермиер Лигата...

Според мене вака.. Имаме моментало 3 најквалитетни екипи: Манчестер Јунајтед, Челзи и Арснеал.. После тоа според мене идат Сити, Тотенхем и Ливерпул, иако сеуште е во криза.. И тоа овие 3 екипи, посебно првите 2 не заостануваат ептен зад првите.. Дури Сити моментално е пред Челзи на табелата.. Значи, моментално 5 екипи имаме со реални шанси за освојување на титулата.. И мислам оти сигурно 3 ќе се борат до крајот.. После нив би ги ставил и Евертон, Вила.. Овие 2 екипи оваа сезона забушават, ама неспорно е дека имаат добар тим, со квалитетни играчи и редовно им земат поени на "големите екипи"...и јас се кладам дека овие 2 екипи можат да се носат и со Атлетико и со Севиља.. И исто така мора да се спомнат сезонава препородените Болтон и Сандерленд, кои имаат помалце порази од Челзи и Арсенал..со многу силен напад и солидна одбрана и повратникот Њукасл, кој има квалитетен тим, со играчи како Керол, Бартон, Тејлор, Бен Арфа...ги има уште многу добри фудбалери кои можат со еден потег да избањат голема екипа....(и + имаат неколку млади и надежни играчи).. Е сеа другите да не ги спомнувам, но и во другите екипи имаме најмалце по 3 играчи кои според мене можат да играт и во подобри екипи...

За достигнувањата во Европа во последние неколку сеозни...2010, фејл сезона, без ниеден 1/2 финалист.. Во 2009 - 3, 2008 - 3 и англиски шампион (Манчестер Јунајтед), 2007 - 3, 2006 - еден финалист, Арсенал (поразен од Барса), 2005 - 2 полу-финалисти и англиски шамион (Ливерпул).. Доста се овие 6 сеозни, иако и сезоните наназад пак имаа барем полуфиналист, ама да не одиме ептен во минатото... Значи во последните 6 сезони имаше 4 финалиња со еден англиски тим, едно се-англиско финале и една сезона без англиски тим во финале (последната)..

Значи достигнувањата во овие 6 сезони:

Јунајтед - со 2 финалиња по ред, а пред тоа 1/2 финале
Челзи - со 5 полуфиналиња и едно финале во последните 7-8 сеозни
Арсенал - едно финале и едно 1/2 финале
Ливерпул - 2 финалиња
Тотенхем се добитанти оваа сезона и во една ептен тешка група, со Европскиот Шампион завршија први..ќе видиме што ќе биде понатаму..
Сити очекувам наредната сезона да дебитират.. :)
 
1.Премиер лига дефинитивно најдобра фудбалска лига.
2. Сериа А заради традицијата и дерби натпреврите.
3.Бундеслигата е иста како француската многу незивесна каде што секој може да победи секого.
4. Примера Дивизија само го пратам ел класико и ништо друго, веќе по 5 кола реал и барса се истакнуваат со голема бодовна разлика од останатите и ич не е интересно.
 
Премиер, секој секого може да тепа, најмногу конкуренти за титула.
 
Премиер лигата фала богу, членовите над мене кажаа зошто. Секој може да го победи секого, се губат поени од секого. Ретко кога во ЛШ не сите англиски екипи се пласирале во нокаут фазата. Најкомпетитивна лига без збор. Дури еден Портсмут лани кој падна во администрација и веќе со двете нозе беше во втора лига се бореше до крај како за титула.

До пред година две и шпанската можеше да и парира за првото место, но, веќе се изгуби интересното во таа лига. Гледав 3-4 кола на почетокот и се откажав, едноставно не ми е интересно да гледам како Барса и Реал ги пунат сите со по 3-4 гола, како противниците нивни уште од старт да се откажуваат од бодовите, така изгледа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom