@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.117
Одлична класификација на луѓето-
«Зошто сите ние сапиенси сме скроени, да речеме, по еден терк , а во животот сите различно сеградиме и развиваме ?»
«Зошто едни едвај крпат-врзуваат крај со крај, и постојано се во долгови ?... А други за тоа време заработуваат и многу и брзо и просто-едноставно без многу напор ?»
професорите од Харвард условно ги поделиле сите луѓе на 4 групи согласно нивниот однос кон парите и работата ..Групите ги нарекле «крт»,«кокошка», «мајмун», «мачка».
Најбедните од сите се јавуваат од групата «кртови», а најбогатите– «мачки».
КОЈ СТЕ ВИЕ?
Првата група – «кртови»
Кои се всушност тие? Мали слепи животинки, испроектирани од Мајка-Природа токму онака да не се во состојба да видат ништо подалеку од носот , принудени да живеат под земја хранејќи се секакви безрбетни црви. Ако кртовото секојдневие го нарушите , а кртот го исфрлите да живее на површина на земјата тој повторно ќе почне да рие и да ја копа земјата за да се врати во првобитната средина .
Процентот на неговиот стекнат капитал се сведува на нула.
Нивно мото. Да се напие, најаде, поспие, «да убие време». Долгорочни цели кај него не постојат .
Финансиски цели. Отсуствуваат од корен.
Финансииите за оваа група луѓе – се случајните заработки,кои стигаат толку колку да не умрат од глад , а во однос на финансиските им можности – целосна слепота.
Кои се кртовите во едно општество?
Алкохоличарите, нарко-, игро-, -маните, пензионерите, граѓани кои живеат единствено на товар на државата , а исто така и «идејните борци» од типот професионални «борци за праведност », антиглобалистите- и останати слични на нив .Голем дел од «населението» на планетава влегува во оваа група.И тоа 27% од целокупното население на Земјава.
Втората група – «кокошки»
Дали некогаш сте се запрашале што значи изреката : « мозок на кокошка» и «кокошкино слепило» кои од дамнина се во состав на поговорките на сите народи?
Кои се окошките во едно општество. Тоа се идеални работници кои прават она што ќе им се каже .значењето на зборот «иницијатива» во нивниот речник отсуствува. Живеат по туѓ ум ,животот им е сведен на : «А што ќе речат луѓето?».
Процент на стекнатиот капитал – им е околу 5% .
Нивно мото. помалку мисли, работи, поскоро да се пензионира за «да почне напокон да живее ». Секогаш ја исполнуваат туѓата воља - барање . За што работат , самите не разбираат, а и практички не размислуваат за тоа
Финансиските цели. Оплата на долг
Финансии на овие луѓе – добивање плата за поминатото време на работа и неголеми бонуси «за добро и екстра сработеното- доколку постојат
АХТУНГ! Оваквите «кокошки» се ГРОТО од населението на Земјата и тоа 60%
27% «кртови» плус 60% «кокошки» изнесува 87% од населението на планетава И само 5% од целокупниот светски капитал!!!
Ужасни резултати, зар не?...
Трета група – «мајмуни»
Иако кај нив на очиглед е се на место : ум, сила, итрина и учат брзо, но…кај нив не е се идеално -тие копираат
Процентот на стекнат капитал кај нив е – околу 15%.
Мото. «Биди секогаш прв». Тоа се спортските, естрадните ѕвезди, политичари, топ-менаџери и оние кои се стекнале со капитал благодарение на «долг и упорен труд », а потоа се насладуваат над «заслужената» слава…
Финансиите на оваа група – хонорари, royalty- периодична компензација и проценти
Тие го сочинуваат 10% населението на Земјава. заработуваат многу (но не огромнни пари) .
со се нив имаме 97 проценти од целокупното население и само 20% капитал .
Остнатите 3% луѓе, владеат со 80% од светскиот капитал ,а професорите од Харвард нив ги
нарекува… Мачки!
Луѓето -мачки прават она што ним им се допаѓа, она што тие го сметаат за потребно и добиваат за тоа огромни, просто нереални пари ! Тоа се оние кои ги нарекуваат «сиви кардинали» живеат само за себе и не се трудат никому да докажуваат
Нивното мото: «Правилата се измислени за глупавите!»
Процент на капитал – 80% .
Животни цели. Создаваат свои правила на игра. И потоа живеат по тие правила така, како им се сака , а не како што треба.
Финансиски цели. добивање што повеќе пари и при тоа користејќи ги силите на другите «животни»
«Каква несправедливост!Експлоататори!» –
мачките знаат: сё, што они прават, со време ќе биде ископирано, повторено, ...но сепак
Кај овие луѓе постои чувство на нереализирани можности. Се, што «нормалните луѓе» сметаат за «безумно», «неперспективно» и «бескорисно», «изгубена работа-пропадната» кај нив се претвора во злато
секоја «мачка» –е приказна сама за себе
Во светот нема втор Бил Гејтс , Warren Buffett, Џорџ сорос, Цукерберг , Брин , Стив Џобс и др , можеби има но не толку познати претставници на оваа «мачешко племе».
овие луѓе го слушаат исклучиво својот внатрешен глас. И тоа е ѓаволски добро, затоа што никогаш не ги изневерува ... Имено тој глас им овозможува да бидат во потребно време на потребно место .
И не заборавајте да ги отворете прозорците за the wind of change......




