- Член од
- 9 април 2009
- Мислења
- 3.183
- Поени од реакции
- 3.830
Денеска сосема неочекувано, само неколку дена после дебаклот на СП во Шпанија, ракометната репрезентација на Македонија ја снајде уште поголема несреќа. Творецот на оваа златна генерација и то за бедна надокнада, човекот кој успешно ја гледаше нашата репрезентација од клупата и учеше тактики од Кире и Наумче за време на тајм-аутите, изведувачот на успешното подмладување на репрезентацијата во оваа 2013 година, ненадминатиот тактичар и мотиватор на играчите, учителот за клавање на голови и шутирање на гол ко ќе си сам пред голман, маскотата на Михајло и на рфм, нашиот мил, драг и сакан покер фејс, Звонко Шундовски си поднесе оставка, која како гром од ведро небо ги погоди сите искрени вљубеници на ракометот во Македонија, а и е главна вест на сите светски станици.
Оваа негова одлука, колку и да е ненадејна, отвора многу прашања за иднината на репрезентативниот ракомет, но и за идниот селектор, кој треба да ја наследи легендата.
Сега хуморот настрана. Наместо да ја полниме темата за СП со мислења за Шундовски, еве место каде можиме да напишиме се за ова прашање, но и да продискутираме кој би бил идеалниот наследник на Шундовски и зошто, дали да се донеси наш или странски селектор, дали истиот треба да биде избран од страна на играчите и дали новиот селектор треба да почитува нечии желби и да прифаќа нечии услови за негово/нивно играње во репрезентацијата, дали е време за комплетна смена на генерации, дали треба и рфм да замини заедно со Шундовски и сл.
Во прилог на темата, имате анкета за гласање кого го сакатер за нов селектор.
Повелете коментирајте.