Кој македонски филм заслужува продолжение?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.495
Поени од реакции
35.451
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Низ минатото сме имале неколку добри домашни филмови, но не паметам декој од нив да добил „втор дел“ или продолжение. А реално, има ликови и приказни што би можеле да продолжат без проблем. Кој македонски филм според вас заслужува „сиквел“?

Дали би сакале повторно да го видите Сашко Коцев во „Четврто полувреме“ или пак можеби „Балканкан 2“ со некои „нови деца“? Модерна верзија на „Тетовирање“?
Кој македонски филм би го вратиле на платното и што би сакале да се случи во продолжението?
 
Би сакал Тетовирање, ама Илко умира на крајот (заедно со Љубо Манијак, значи не може ни спин оф филмче за него :( )
Самоуништување не, Кумплунг летна со паметот.

Прво нешто што ми текнува е Најдолгиот Пат каде преживеаните се враќаат назад во Македонија од Мала Азија.
Второ Исправи се Делфина, тука веќе има многу можности за тоа како би течела приказната меѓу Делфина и Петко...
Трето Илузија, може да се види како траумите од детството влијаеле врз Марко во тинејџерскиот или подоцнежниот живот.
 
Низ минатото сме имале неколку добри домашни филмови, но не паметам декој од нив да добил „втор дел“ или продолжение. А реално, има ликови и приказни што би можеле да продолжат без проблем. Кој македонски филм според вас заслужува „сиквел“?

Дали би сакале повторно да го видите Сашко Коцев во „Четврто полувреме“ или пак можеби „Балканкан 2“ со некои „нови деца“? Модерна верзија на „Тетовирање“?
Кој македонски филм би го вратиле на платното и што би сакале да се случи во продолжението?
Ни еден, продолжениа се америчка блок бастер измислица, ала стар ворс....

Пре би некој да направи добар квалитетен филм што нема да биде плачење од македонската судбина како секој македонски филм некад направен.
 
- Среќна нова 49-та заслужува римејк.
- Нели ти реков би бил добар историски филм, со холивудска пуцњава.


Тоа, и Збогум на 20-от век, ама не е до мене. @џимеј? :D
 
БалканКан со син му на Џанго кој веќе пораснат бара одмазда за татко му.

Трендафил веќе одамна е разведен, остарен и пијаница со стаж. Вработен во комунална хигиена, деновите му поминуваат во собирање ѓубре, манијачење згодни цури и дупење на дебелата циганка колешка која секад му вели дека му е потанок од дршка од метла (ова е прва сцена).

Понеделник. Убаво пролетно утро. Метејќи ја празната улица слуша глас кој му вели „Добро утро комшија“.
Го крева погледот а крвта му смрзнува! Мрмори едно полупијано добро утро и продолжува со метење. Се врти пак и го гледа тој познат језив осмех.

-Трендафил (во себе): „Плукнат Џанго бе. Курва му јебем!“
 
Пошто нашите филмови се најчесто трагедии прикаските се окончани. Освен римејк да се направи на некој од нив.
 
Пошто нашите филмови се најчесто трагедии прикаските се окончани. Освен римејк да се направи на некој од нив.
Темава е продолжение на филм а не римејк. Македонската кинематографија ја сметам за доволно добра штом еден филм ја прикажува поентата јасно и недвосмислено. Римејк само би било серење врз уметноста што веќе постои.

Балканкан како црна комедија има потенцијал да се развие во втор дел каде херојот од првиот дел е антихерој и обратно. Со квалитетен кастинг, хумор и добри цицки ќе вријат македонските кина. Дејан Лилиќ во старт би го банирал. Или може да глуми џанкер под мост со мудра мисла. Мислам дека тоа највеќе му одговара.
 
...дефинитивно „БалканКанКан!



... средба со Бугари, црн хумор, тој Трендафил, баба Зумбула и жена Ружа , фамилија Каранфилови :pos:




... средба со екс ЈУ - Босанци, Срби


...би го проширила сценариото во иднина, случките во ЕУ, па и во Украина и Молдавија, задолжително некоја наследничка на „Баба Зумбула“ во Грција и така цел свет вмешан во приказната во продолжеток!
 
Веќе е најавен првиот наш филм кој ќе има продолжение - Te Dua, жими мене. Сценариото е готово, сега се собираат средства.
И тоа со наслов Мангава 2. :D

Ја не би сакал продолжение од ниеден наш филм. Бар у регионов гледаме колку продолженија снимија Србиве од култни филмови, а продолженијава крш да покрш не може бити.

Башка што продолжение се прави од жанровски филм, а кај нас такви се бројат на прсти.

Можда би сакал да видам продолжение од ‘М’ на Тозија, мада и не мора.
Автоматски споено мислење:

Самоуништување.
Се поеба Шила од трева, ќе треба со нов каст да снимаат :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom