Има многу фактори кои би можеле да влијаат на брзината на интернетот, али има два пресудни, а тие се твојот провајдер и серверот со кој се поврзуваш.
Значи во деталите спаѓаат работи како што се МСН-то, процесите, прелистувачот, вирусите, дрангулиите кои се на сајтот кој го посетуваш, конфигурацијата на компјутерот и слично, а оние „побитните“ фактори се услугите и сервисите од твојот провајдер односно серверот со кој се поврзуваш.
Пример ако си на телекабел, и ако серверот е преоптеретен (ако моментално 90% од корисниците на телекабел се онлајн) тогаш тебе би ти бил драстично побавен нетот (пример ако си на телекабел во 5h сабајле нетот достигнува и до 850-900kb/s, а преку ден едвај 30kb/s).
Исто така играат улога DNS серверите... доколку серверот е со што помал пинг тогаш ти би имал побрз интернет.
Во твојов случај не би можело да се дефинира точно што влијаело на брзината, ама сепак мислам дека малце влијание има оперативниот систем со брзината на нетот (да стануваше збор за оперативен систем без GUI тогаш можда тој би имал влијание за тоа, ама вака...).