Кој компир ви е најубав?

  • Креатор на темата Креатор на темата Буковец
  • Време на започнување Време на започнување

Буковец

www.KETERING.com.mk
Член од
3 јули 2005
Мислења
996
Поени од реакции
15
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.ketering.com.mk
Барам рецепта за пекарски компир, или млад компир како да го спремам. Има ли некој марифет, како да се долови шмекот и вкусот на кафанскиот пекарски компир.
Може на темава и други рецепти за компир да се пишуваат.
 
Не можам да ти помогнам.. единствено да и се јавам на баба ми и таа да ми каже рецепт за пекарски компир.:zid:

Еве ти, едно предјадење од пиперки и компири..

Пиперки и компир

Потребни состојки:
- 400 гр копмири
- 2 зелени и две црвени пиперки
- една главица кромид
- 2 јајца
- пармезан
- маслиново масло
- сол и црн пипер

Подготовка:
Излупените компири ги сечеме на тенки кругови. На оган ставаме тава за пржење и во неа додаваме маслиново масло. На пиперките им ги отстрануваме рачките и семките. Круговите компири ги ставаме во тавата со загреано масло да се пржат. Пиперките ги сечкаме на кругови и ги додаваме во тавата. Промешуваме. Кромидот го сечкаме на покрупни парчиња и го додаваме во тавата. Уште еднаш додаваме маслиново масло и промешуваме.
Во поголем длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица за матење. Потоа јајцата ги посолуваме и ги зачинуваме со мелен црн пипер. Уште еднаш матиме со жицата. Промешуваме. Потоа во тавата ги додаваме изматените јајца. Откако јајцата ќе се испржат пиперките и компирите на италијански начин ги ставаме на чинија за послужување. Одозгора наросуваме пармезан.
[/FONT]

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Еве ти уште едно предјадење..


Полнет компир


Потребни состојки:
- 4 компири
- 250 гр. Печурки буковки
- 200 гр. Сирење
- 2 црвени конзервирани пиперки
- 200 гр. Кашкавал
- масло за јадење
- сол И црн пипер

Подготовка:
На даската за сечење на коцки го сечеме кашкава лот И го ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа на коцки ја сечкаме црвената конзервирана пиперка И ја додаваме во садот. Ситно ги сечкаме печурките И ги додаваме во садот.
Во садот ситно го рендаме И сирењето И додаваме масло за јадење. Се убаво промешуваме со лажица. Потоа го длабиме компирот за полнење. Потоа со лажица го полниме компирот со претходно подготвениот фил. Наполнетиот фил го ставаме на алуминиумска фолија, го попрскуваме со масло за јадење И го посолуваме. Потоа со фолијата компирот убаво го виткаме од сите страин И го ставаме во тава за печење. Во тавата додаваме малку вода И масло за јадење. Тавата со компирот ја ставаме во фурна да се пече, 30- тина минути на температуре од 200 степени. Ја вадиме тавата од фурна И ја ставаме на работната маса. Потоа компирот заедно со фолијата го вадиме на чинија за сервирање. Ја отвораме фолијата, а полнетиот компир го украсуваме со гранче магдонос.
 
Domat-corba-so-kompir.jpg
Едноставна домат чорба со компир
Потребно (за 3 порции):
течен доматен сос во тетрапак (или домашен),
1 кромид (може и црвен)
лук
суви зачински тревки
сол
црн пипер
пиперка
1 поголем компир
Подготовка: Сосот од домати сипете го во тенџерето и додадете исто толку вода (или и повеќе, зависно од саканата густина). Додадете цел кромид претходно излупен, лук, исто така, само излупен и компир исечкан на коцкички. Додајте 1 лажичка суви зачински тревки, малку сол, црн пипер, сладок пипер. Се варете околу 20 минути со повремено додавање вода, да не се згусне премногу, и повремено мешање. Место компир, чорбата може да се прави и со резенки за супа или и со резенки и со компи

Предјадење од компири Потребни продукти:
- 4 големи компири
- сол
- путер
- црн пипер
- 4 тврдо варени јајца

Начин на приготвување:
Компирите се сечат водорамно на два дела, се длабат, се редат во подмачкан плех и се печат во загреана рерна. Се вадат од рерна, во длабината се додава путер и се посолуваат. Се става половино варено јајце, се посолува, се става црн пипер и малку путер и се враќаат во рерна. Може да се стави врз јајцето и рендан кашкавал што му дава попикантен вкус. Се сервира со павлака и се јаде.
 
Последно уредено од модератор:
Ај ако не ти е тешко кога ќе се видиш со баба ти (не мора специјално да ја малтретираш) нека ти даде рецепта за пекарски, а утре пробувам некоја од овие рецепти овде...фала ти.
 
eve i od mene

zimas kompriri,gi varis,gi lupis,gi seces ili drobis,satavs sol,ocet,maslo za jadenje,bukovec i kromid,i gi stavas u rerna da se potpecat.milina e eeeej
 
Каков компир купувате?

Млад, созреан, мал, крупен, ???

беровски, Скопски, Битолски, Француски...

Ени опинионс???? :kajg: :kajg: :kajg:
 
млад беровски.... шо знам зашо... поубаи ми се онака младите и полесно се лупат:pos::pos:
 
Исклучиво стар, со тенка црвена лушпа. Младиот компир не го сакам баш бидејки ме замара со лупењето (гребењето) на лушпата, а димензиите исто ме нервираат, цели компири ми се некогаш преголеми, а ако ги пресечам пак, никаде ги нема:)
 
Аман со темиве, опрај те се.
За џабе 10 теми, треба да се спојат во 1.
Башка има тема за компири, од Буковец мисла отворена.
 
Palanecki kompir...nema podobar!
 
ThA-BiTcH напиша:
Аман со темиве, опрај те се.
За џабе 10 теми, треба да се спојат во 1.
Башка има тема за компири, од Буковец мисла отворена.


Се згазив од смеење:pos::pos::pos: Па што да правиш кога самото име на сајтот стимулира такви дискусии :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom