Кој ја создаваше „бугарштината“ во ВМРО

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Poor Knight
  • Време на започнување Време на започнување
Прашај го оној кој го напишал тоа. Очигледно така му одговарало.

Се трудам да ја најдам пак тоа статијата кај што се спомнуваат и претците на Бичиклиев и Шамбевски и за неколку други на некој начин поврзани со моменталната власт...дај боже да е сето глупости ама кога незнам ...незнам.:toe:

Ок еве ...

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=121172&idg=6&idb=1833&rubrika=Makedonija
 
Се трудам да ја најдам пак тоа статијата кај што се спомнуваат и претците на Бичиклиев и Шамбевски и за неколку други на некој начин поврзани со моменталната власт...дај боже да е сето глупости ама кога незнам ...незнам.:toe:

Ок еве ...

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=121172&idg=6&idb=1833&rubrika=Makedonija


Ја знам таа статија, така и си мислев дека од таму црпиш податоци.

Не се тоа глупости воопшто, меѓутоа се лесно опојни доколку таа статија е единственото нешто кое си го прочитал од историја.
 
Братот Љубе и Ванчо Михајлов

Ова е цитат од интервјуто на министерот за внатрешни работи на Република Македонија дадено во "Дневник" минатиот викенд: "...На ѕидот од камен, покрај многуте икони, стојат слики на Гоце Делчев, Ванчо Михајлов.
Бошковски објаснува: 'Во мене тлее идејата за помирување на македонскиот народ. Секој човек во еден историски момент може да направи грешки, но и доблести. Ако САД можат да прават филмови за бандити од типот на Ал Капоне, се прашувам зошто Македонија од своите херои прави предавници и Бугари. Тој феномен денес е најголема опасност за нехомогеноста на македонскиот народ. Симболиката со тие три слики има длабока порака - дека не треба да се делиме на ништо друго, освен на Македонци, кои се гордеат со својата земја. Знаете што ме зачудува? Тоа што сме согласни да амнестираме илјадници борци на ОНА, но никако не сме подготвени да ги погледнеме историските факти за луѓето што се бореле за Македонија и сe уште ги третираме како табу-тема...'".

Очигледно, г. Бошковски ја повторува добро познатата политика на ДПМНЕ и на сите бугаромани дека ни треба помирување со оние Македонци кои се чувствувале како Бугари и како такви дејствувале (а богами и сега дејствуваат), против сите оние кои се декларирале за етнички Македонци. Национални помирувања имало и ќе има, но тие никогаш не биле меѓу луѓе од различни националности, туку луѓе од иста националност, но со разни политички убедувања. Бугарската пропаганда намерно се обидува (не многу успешно, за среќа) да ги измеша овие поими. Не е точно ни за табу-темите. За Иван (Ванчо) Михајлов и за неговите застапници е доволно пишувано во нашиот печат. Тие остануваат она што се: крвни душмани на македонскиот народ, а дека на министерот тоа не му е јасно, воопшто не нe чуди, ниту пак нe чуди дека се наоѓа на такво високо и одговорно место. Причината дека е таму мора да е неговото национално убедување. Штета што резултатите мораме да ги трпиме сите, а посебно оние кои со пушка в рака се на првите линии на одбрана на Македонија.

Објавено во „Македонско сонце“, 2001 година.
 
И Трн што викаш за Љубе....предавник или недоволно информиран :)

Инаку на една снимка пред неколку години забележав и слика на Тодор Александров во неговиот дом.
 
И Трн што викаш за Љубе....предавник или недоволно информиран :)

Инаку на една снимка пред неколку години забележав и слика на Тодор Александров во неговиот дом.

немам коментар....Ама слика од Тодор Александров ќе најдеш во многу домови...кај Генерал Стојков, кај помалку или повеќе познати воени и политички личности, па следат и глумци, пејачи, богами и професори...
 
VII-от општ редовен конгрес на ВМРО, откако го ислуша подробниот извештај на членот од ЦК Иван Михајлов, за сета досегашна дејност на А. Протогеров, а исто и објаснувањата на многу од делегатите на конгресо, установува:

1) А. Протогеров уште пред м. септември 1924 г., служејќи се со заблуди и интриги, постојано се стремел да го осрамоти чистиот лик на Т. Александров и, расолебувајќи ја верата во способностите, силите и достоинството на големиот вожд, отворено создавал расположение против него. Тоа расположение донесе раскол во Организацијата и потстрек на престапната мисла за отстранување на Тодор.
....................................
3) По општиот конгрес во 1925 г., до денот на неговото убиство, А. Протогеров со своите престапни дејствија внесувал раскол во Организацијата и секогаш ја доведувал во опасност нејзината целост и самостојност. Со најнепростени средства тој се стремел да го осуети денешниот конгрес, за да ги избегне одговорностите, кои неминовно ќе ги поднесеше за својот престап.
Протогеров не само што не се замислил, дека со тоа свое дејствување го подготвува кутнувањето на македонската ослободителна борба, туку напротив, во тоа кутнување го гледал својот триумф и го очекувал својот спас.

Конгресот еднодушно го одобрува решението на членот од ЦК Иван Михајлов за егзекутирањето на А. Протогеров и признава, дека со тоа свое дејствие тој ги запазил највишите интереси на Организацијата и му искажува благодарност од името на поробената Татковина како на него, затоа што ја имал доблеста да ја реши и заповеда егзекуцијата, исто така и на нејзините извршители.

Оргиналната резолуција е потпишана од бирото на конгресот и од сите делегати.

Ова го пишувал македонец т.е. член на тогашно ВМРО не некој припадник на комунизмот него далеку од тоа.

Ако го земаш ова за релевантно (т.е го цитираш крвникот Ванчо М.), тогаш Тодор Александров е добар ,а Протогеров лош.
Та нели двајцата беа лоши ?!?!?

Премногу ни е комплексна нашата историја за се да се гледа црно-бело.
Судбината и дејствувањето на сите големи македонски револуционери била поврзана со некоја странска држава, без разлика дали таа била Бугарија, Србија, Русија.
Но сите тие се бореле за една цел, слободна и независна Македонија, ги користеле сите расположиви ресурси за нивната кауза.
Некои од нив подлегнуваат на пропагандите и се одродуваат, но повеќето остануваат до крај чисти совесни Македонци. Некои од нив и ден денес ги славиме, некои се оцрнети и заборавени (праведно или неправедно).
А тоа што пропагандите и до ден денес траат и уште се делиме и се етикетираме како бугарофили, комуњари итн итн е само уште еден доказ дека сенките на минатото сеуште не пратат.

Верувам и знам дека скоро сите на форумов имаат најчиста македонска мисла, но сепак си ги вадиме очите. И тоа ќе биде така се додека не расчистиме со минатото.
 
немам коментар....Ама слика од Тодор Александров ќе најдеш во многу домови...кај Генерал Стојков, кај помалку или повеќе познати воени и политички личности, па следат и глумци, пејачи, богами и професори...
Не мислев за Александров ништо лошо, онака спомнав што видов.

А дали се сеќаваш мислам беше кога победија ВМРО-ДПМНЕ на изборите пред 2 години кога имаше копиљаци што се шетаа со Ванчо Михајлов маици. После тоа слушнав дека за штампањето наредил Милошовски. Мит или вистина :icon_bigg
 
А дали се сеќаваш мислам беше кога победија ВМРО-ДПМНЕ на изборите пред 2 години кога имаше копиљаци што се шетаа со Ванчо Михајлов маици. После тоа слушнав дека за штампањето наредил Милошовски. Мит или вистина :icon_bigg

Е за ова првпат слушам...изеле ли барем ќотек? :)
 
Љубе Бошковски, херојот наш насушен со вакво интервју со слика на ВАНЧО МИХАЈЛОВ мнајголемиот крвник стана министер за внатрешни работи

:tapp::tapp::tapp:

абе пу да ти ебам службите што не го ликвидираа до ден денес....имам чуено дека и во штип на Миртинг се повикувал на него
 
Е за ова првпат слушам...изеле ли барем ќотек? :)

Гоцка, кој е "пали-гаси" во ДПМНЕ?
Ја знаеш анегдотава милион посто, да не се правиме на бај Тошо :)
 
Не мислев за Александров ништо лошо, онака спомнав што видов.

А дали се сеќаваш мислам беше кога победија ВМРО-ДПМНЕ на изборите пред 2 години кога имаше копиљаци што се шетаа со Ванчо Михајлов маици. После тоа слушнав дека за штампањето наредил Милошовски. Мит или вистина :icon_bigg

од кај биле шо се шетале тие? првпат слушам ја од к.вода не биле сигурно
 
Е за ова првпат слушам...изеле ли барем ќотек? :)
Хаха, ај бе па ти деца. Им рекле некој војвода од ВМРО носат и се израдувале. Изгледа не ни знаеле кој е или како се вика.
 
немам коментар....Ама слика од Тодор Александров ќе најдеш во многу домови...кај Генерал Стојков, кај помалку или повеќе познати воени и политички личности, па следат и глумци, пејачи, богами и професори...
Значи еднаш за секогаш:
Тодор Александров е бугарин и издајник на македонскиот народ.
И како таков,тој нема место во македонската историја.

Апсолутно не ме интересира кој се и од какви причини чува слика од него дома.Негово право.Меѓутоа имам сериозен амандман и ќе имам секогаш кога некој сака да го пробута во официјалната македонска историја.
Тодор Александров=Ванче Михајлов.
Тони и тони материјали сум прочитал за овој двоец што убивал македонци додека бев во Бугарија,меѓудругото добиле од царот во `власништво` Пиринска Македонија(држава во држава во период на скоро десет години)-до доаѓањето на власт на БЗНС и Стамболиски, каде што спроведувале ригорозна `ајдучка` послушност кон Бугарскиот цар и сами одредувале и зимале арач, и една важна црта може да определам како главна:
Демек се подзакарувале помеѓу нив,но всушност кога едниот глумел добар другиот бил лош и обратно.
Всушност... исто гомно се двајцата.

И пошто некои форумџии (во ликот на Трн во око),пред се со лична и со партиска цел многу смело настапуваат и сакаат да ги пробутаат овие ликови како херои...и во исто време апелираат на `помирување` кај македонскиот народ...(мачкаат очи)
јас апелирам да пристапат тогаш кон вистинско помирување и да ги стават во еден заеднички музеј и споменатите Александров,Михајлов и нивните,и од друга страна Бабунски,Довезенски,војвода Мицко,Спасе Гарда,Глигор Соколовиќ,Доксим Михајловиќ,Цане Марковиќ,Јован Долгач,војвода Пчињски и останати...
Еве јас утре ќе си купам слика од Бабунски и ќе ја ставам дома.
Тие барем...се легитимни бранители на ова парче од македонската земја од наездата на бугарските комити под водство на споменатите Михајлов и Александров.
 
Е за ова првпат слушам...изеле ли барем ќотек? :)

Гоцка, кој е "пали-гаси" во ДПМНЕ?
Ја знаеш анегдотава милион посто, да не се правиме на бај Тошо :)
 
Помирување на Македонците ,може само на леви и десни, но не ми е јасно како може национално помирување помегу бугари и Македонци???? ако некој се изјаснил како бугарин и упорно работел на негирање и уништување на се што е македонско да се помириме одозгора и национално?????? ви се молам ... а во спотот на вмро дпмне за конгресот одржан во Струмица на сите тв станици одеа сите председатели на вмро па го имаше и ванчо михајлов и се се премолча... како може еден Фашист и бугарин плус да ми биде идол ..... помирување моѓе и сум за сдсм и вмро како леви и десни би била прекрасна коалиција која би работела за добробит на МАКЕДОНИЈА:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom