SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.562
- Поени од реакции
- 281
Хаџи Димов со Ѓорче Петров тргнаа во итно обединување на сите сили од македонскиот народ. Дејците но и масите од Пиринско, емиграцијата од секаде поведоа кампања за барање од Мировната конференција во Париз да се применат во однос на Македонија и македонскиот народ, познатите и шумно прогласените Вилсонови точки за национално самоопределување на народите. Така се создаде во 1919 год. а по нивна иницијатива Привременото представништво на Обединетата бивша ВМРО. Ова преставништво го дигна гласот на широкиот македонски народен фронт со барање за обедината и самостојна држава на македонскиот народ. Токму заради ова Привременото преставништво испрати своја делегација во Париз со специјално изработена Петиција. И токму во Пиринска Македонија и по градовите на Бугарија каде имаше бројна емигрантска маса, се држеа митинзи со најупорна подршка на акцијата од Привременото представништво. Масовната патриотска психоза среде македонскиот народ особено беше силна кај емиграцијата. И повторно Бугарите беа во паника, ова не им одеше во прилог особено што подршка на овие барања имаше од се по значајни кругови низ Европа и светот. Притиснати од таа подршка, врховистите на чело со Каранџулов, Баждаров и Станишев го создадоа т.н.р – Исполнителен комитет на македонската емиграција во Бугарија, лажно декларирајќи дека се борат за – Автономна Македонија (?!). Повторно искрената македонска желба за самостојност, Бугарите ја злоупотребија за свои интереси а преку емигранти-платеници. Ставија рака на оваа идеја со цел нејзино канализирање но кон интересите на Бугарите и Бугарската држава. Така дури и терористичките орди на Тодор Александров и Александар Протуѓеров се самоназначуваа за “ Автономистички“. По којзнае кој пат волкот, навлече јагнешка кожа заради основното пропагандно правило – “Направи да ти поверуваат“. И одново стана за потребно да се објаснува поимот на автономијата, за да се одвои вистинскиот од лажниот автономизам. Пак Димо Хаџи Димов, беше перото кое ги рушеше пропагандите на Бугарите и мешањата во македонското дело. Во 1919 год. тој ја објавува брошурата “Назад кон автономија“, веднаш прифатена среде македонските маси низ Пиринско и по македонските братства од емиграцијата.
На почетокот се истакнува вистината за перфидната нововрховистичка пробугарска демагодија. Од една страна, врховистичкиот Исполнителен комитет декларира пред емиграцијата дека е за автономија, а од друга ги исполнува наредбите на Бугарите и нивната влада и тајно испраќа петиции до Париската мировна конференција за присоединување на Македонија кон Бугарија. Значи пред македонскиот народ со лажно месијанство го проповедаше сонот на Македонците за своја независност а зад него го спроведуваше неговиот кошмар, нови делби и туѓи владеења. Хаџи Димов за ваквата официјална политика на Бугарите преку своите инструменти, овде ќе запише: “И денес таа политика не сака ништо друго, освен да се реваншира, место да ги поднесе сите последици од својот пораз. И во иднина таа политика ќе сака да го запази своето минато и своите методи за идните поколенија, верувајќи дека бугарската општествена совест ќе ги преспие спокојно сегашните денови”. Па ќе продолжи: “Со притисок и заплашување бугарската официјлна политика се мачи да го парализира во македонскиот народ неговиот инстинкт за самозапазување, да го задуши и умртви никулецот на оние идеи што би го спасиле од непријателската поделба, да ја убие онаа моќна и жива формула што сама по себе родува во неговата свест и во неговата душа – формула за запознавање на неговата целост како самостојна државна единица на Балканот. Тоа чувство, таа вест, таа решеност, што се заеднички за целиот македонски народ, се во целосна противречност со целите на бугарската политика.