Кој и што знае да зготви?

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
Многу работи..еве сеа ми светна за појадок после да си праам шпагети со сос од печурки..
 
Аааааа...пица,тост и пржени лепчиња(оние у јајца шо се квасат де,сегде различно ги викаат )...знам и виршли и јаја да сварам...и чај \m/
 
Супа, разни манџи, тестенини, компири на различни начини, торти и колачи ама не премногу комплицирани, не можам многу да се пофалам со кулинарски способности ама за преживување има. :) Единствено ми е мака што не знам да правам кифли, зелници и такви работи со тесто.
 
Пилешки стек/прсти, печурки, плескавици, палачинки, чоколадна торта...јајца, виршли и сл. Студентскиот живот на се ќе те научи :wink:
 
зависи..... кога како.... на пр. торта без шеќер, кафе со сол, млеко со сол, јајца без масло, пудинг без шеќер ... и т.н. (брука хаха):pos2:
 
Пред некој ден најдов еден фил за крем-пита. И неможам да се пожалам стварно беше многу вкусен.
Па еф ќе го споделам :
Ви требит :
- 1. млеко
- 6 јајца
- 11 лајци шеќер
- 6 лајци брашно
- 2 лајци густин
- 2 ванили

Е сеа прво жолчките требит да ги матите со 4 лајци шеќер, па после додајте брашно и густин и 2 децилитри млеко, матете дур не се соединит ко шо требит смесата за да се изедначит убо. После млекото стоплете го со 5 лајци шеќер и мешајќи додајте ги жолчките. Филов се варит з да се згуснит уш појќе (ак прајте на шорет пожелно на страна за го остајте отпосле за да е топол - мое мислење ама и не морате) Се матат белките со 2 лајци шеќер и се додават во филот, па се додават и ванилата. Јас згора напрајв и си стајв и шлаг зш сум зависник од благо.:smir:
Напрајте, пробајте па кажите. :)
 
КАТАСТРОФА сум у овој поглед :/ Само јајца знам да пржам/варам, и шпагети да правам, друго НИШТО. хаха
 
зависи..... кога како.... на пр. торта без шеќер, кафе со сол, млеко со сол, јајца без масло, пудинг без шеќер ... и т.н. (брука хаха):pos2:
ама прајт ногу убај јајца!:back:

Сутлијач! Сум се прејала мх мх :wub: ...
3 шојли вода и една шојла ориз се остават да се сварит убо, па се додават 1 литар млеко, пола шојла отприлика шеќер (или колку сакате по желба) јас му бувнаф и ванилин едно пакетче и ми дојде таман. Се мешат полека и се варит дур не се згуснит убо кејфлиски.:smir:

Сакам да прам баклава, предлог за некоја полесна за почеток? :)
 
Јас знам да готвам, дека 6 години сам готвам од зор научив да правам све. Од приготвување на тестенини на различни начини, ориз на различни начини, листани теста, благи и слани пити, проја, до готвење/печење месо. И сето тоа изгледа и Е вкусно. За тоа може да потврдат мои другари и другаки кои имаат јадено кај мене.
 
Јајца на око,кајгана
Знам тост да правам :vozbud:
и то..бар за јадење нема да умрам :)
 
Многу убаво готвам :lazgo: Mаж ми или ќе добие запек или ќе го отрујам x)
 
Незнам многу јадења да правам,али кој знае да прави лазањи нека пише радо би му дошол на гости :vozbud::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom