Кој и што знае да зготви?

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
Знам повеќе работи...но специјалис сум за тестенини со било каков сос !
 
Грав, грашок, компир манџа, рестован компир, печено месо, италијански сос од домати, пилешко на разни начини итн, итн.
Од слатки имам правено медењаци, америкаска пита со јаболка и цела една торта имам направено.
 
Само скара знам да правам :)
И тоа слабо ама у зорт заман ќе ме биде.
Под услов да има пиво или вино.
 
Скара,тестенини,супа,пиле,риба,тост,омлет...
 
Правам премногу сендвичи.. шпагети макарони со 2 вида сосови, јајца, пуканки и други меса некои само не се осмелувам да правам да не ја запалам кујната:toe:
 
Научив еден мн добар рецепт за пилешко читајте:

Потребни состојки:
Путер
Стек
Сланина или пршут
Свежи шампињони
кашкавал
павлака
зачини по желба

Начин на подготовка:

Се зема тава или плех зависи што ви е позгодно, се премачкува со путерот се реди стекот(не треба да е чукан) се премачкува со малку сенфче и вегета, се реди сланината или пршутот, одозгора се редат печурките кои претходно сме ги пропржиле со низа зачини по желба, се полива павлаката и се пика во рерна на 200 со фолија озгора.
После половина час или 45 мин се вади се додаваат ленти кашкавал и се враќа назад да се потпече, потоа го вадите не оставајте многу да се олади за да не се здрви кашкавалот!
Бон апетит!

Многу добар шмек има што би рекол шмекерот :)
 
Јас пилешко си правам на друг начин. Го сечам месото на потенки и помали парчиња како за пилешки прсти. Го оставам да отстои некое време во сенф, сок од портокал и куп зачини (нане, босилек, рузмарин, сол, бибер, значи кој што си сака). Ги пржам во зејтин, па ги вадам на страна. Во зејтинот прво ги пржам исечената сланина и печурки. Откако убаво ќе се испржат додавам сенф и павлака го пропржувам и тоа малку и го враќам местото назад да се пропржи уште малку, колку да го впие побрзо сосот.
Ова јадење се сервира со бело суво вино :pos: Мераци е!
 
Хич сеа зашо ми го зашеботуваш рецептот види го ти него, ова е и за око и за уста и за в стомак убаво, он набрзинка ми ги изврте тавчињата цццц бре што чуден човек :)
 
Хич сеа зашо ми го зашеботуваш рецептот види го ти него, ова е и за око и за уста и за в стомак убаво, он набрзинка ми ги изврте тавчињата цццц бре што чуден човек :)

Неа, види ја ти неа :smir: двата се добри, јас утре ќ го пробам твојот рецепт :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom