Кој и што знае да зготви?

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
Знам многу јадења да спремам доволно за да преживеам кога моите не се дома. Ме бидува за готвење.:smir:
 
Ретко нешто да утнам кога готвам,доволно да видам рецепт и начин на подготовка без да запишувам и без проблем го правам.Дома во последно време сме на полуготови или замрзнати продукти,зеленчуци,салати,овошје.Немам време да месам тесто за пица,да чекам да кисне,или кори да сукам,купувам готови,полупечени,замтзнати.
Последното ,,дело на кое работев е оваа торта,за мојот 26 роденден.Мислев да нарачам,но по наговарање од една другарка дека било поинтересно дома да ја направам,решив јас да си ја креирам.Цела табла јајца ставив,цела кујна во брашно ми беше.....на крај испадна нешто,и што е најважно се јадеше.А за декор......незнам,воодушевени беа сите,ја си викам кој си ме земе раат ке си пати.
DSC03545-1.jpg


DSC03548.jpg

Скромност е врлина на тие што не ги бива:smir:
 
сам знам да си зготвам јајца(варени/пржени),компирчиња пржени...пити..пици..тост :)
 
Ништо баш ништо само сендвич знам да си напраам :pipi: незнам ништо ради тоа што не сум скоро никогаш сам дома а и кога сум ми оставаат пари за пица или нешо сл.
 
Хмм...Знам да пржам и варам јајца,знам да сварам макарони/шпагети и се од нивен род :icon_lol:,пица со купено тесто [појма немам како се прави вака тестото] :icon_lol:,знам да направам тост,сендвич и сеа најново научив како се прави Гравче Тавче.:pipi:
Од благото порано знаев и една торта без јајца да направам ама откако ќе го запалев станов више не ни помислувам на неа.:jaj:
Ај мала сум уште има време ќе научам повеќе да готвам.:)
 
Знам да си пржам и варам јајца, да пржам компири, да варам компири, да си правам шпагети/макарони, знам да сварам виршли, знам да правам рафаело колачи, гравче.
Има време ќе научам уште многу други работи.:helou:
 
Знам да пржам јајца, компири, пиперки, виршли, да правам палачинки а пред некој ден направив сама и едни колачи.
 
Јајца во секој вид(кој не знае)
Тестенини
Пржени ствари
Макробиотски специјалитет со соја
Палачинки
Тостови
Супи
Знам и лепче да месам бе (од одамна не практикувам тоа)
Компири(печени, варени, помфрит)
Салати
Пица
И друго.
 
Па јас мислев дека ништо не знам...ама се изненадив! Сум знаела нешто!:vozbud: Знам да направам двојно печени компири со лимон, пилешки стек во сос, ама пошто не јадам месо, други го јадат! :toe: тортелини во сос од павлака, печен ориз со печени домати, пица, ( малку ми е ко bake rolls ама се јаде :kesa:) палачинки со топен кашкавал, некои вегетеријански и макробиотички специјалитети...ама онака light, ништо сериозно!
Па уствари не знам ништо!:icon_eek:
 
Се` ама буквално од солено до благо.права домаќинка сум. :)
 
pa sekakov vid na jadejne poso toa mi e profesija i ako ne go znam ke go pobaram na net i ke go probam da go napravam i normalno da uzivam vo nego
 
Кајгана:jaj:..и слични јадења со јајца
Колачи - желади
помфрит
Сардини
и специјалитетот од братучетка ми шо го научив ...Торта со бисквити :icon_excl
 
Само сендвич знам да си направам и да спржам компири:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom