Кој и што знае да зготви?

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо незнам да направам :kesa:
 
шпагети, јајца на око, јајца на уво, пудинг, разни видови салати, торти, лигњи итн.

Рецепт:јајца на уво

Ставаш зејтин во тава да се грее. Кршиш јајца во чинија по потреба(за Х лица). Откога зејтинот во тавчето добро ќр се загрее, го тргаме тавчето од оганот и во загреаниот зејтин ги додаваме веќе скршените јајца спремни како јајца на око. Го враќаме тавчето на оганот и со вилушка нежно со кружни движења низ јајцата во тавчето правиме јајцата на око да изгледаат како јајца на уво. Зачинуваме по желба со сол.

П.С. Кружните движења на вилушката низ јајцата на око се како резултат на нервозата на мајката која во стадиум на „попиздување“ од нејадењето на децата вели: Па добро бе неќете тоа, неќете оноа, неќете јајца на око па да не сакате јајца на уши? И замислете на тоа прашање следи онака искрен одговор од децата да, мамо сакаме јајца на уши какво е тоа ајде направи. И се доби овој рецепт, а верувајте дека децата се изедоа и сега масовно се прави. :jaj:
 
Не знам ништо да направам, дури и кафето секогаш ми претекува, катастрофа сум за готвење, колку и да се обидувам да направам нешто , тоа ,,нешто,, секогаш завршува во канта за отпадоци ( жив антиталент сум за ова , а и не сум ни заинтересирана,има кој да ми готви сега за сега)
 
znam dosta raboti. piroski,panceroti, torti, slatki, mandzi,pici,site osnovni jadenja,testenini...
 
знам многу работи!ама најмногу сакам да спремам тестенини со разни сосови или пици во различни варијанти:со туна,со сирење,вегетаријана и сл. или супи со зеленчук!
 
Знам да готвам доста работи да варам шпагети,да пржам и да варам јајца ама најмногу сакам да правам пица и да јадам пица иначе не сум многу по готвењето:).
 
Најново од денес што научив е да правам зелник и пита со паричка:vozbud:
 
Хит ми е да готвам:)
Гурман сум голем, додека не ми е се поставено, зготвено и сервирано како што треба ич не седнувам да јадам.:) Таква сум, инаку не готвам стандард, него мои специјалитетчиња, и многу се вкусни - докажано е верувајте:)
 
Знам да си напраам сенвич и да си спржам јајца и да си спржам компири и знам да си сварам јајца и компири и знам еден специјалитет се вика рестован компир! И тоа знам да го праам :)
 
ракчиња и краби ги пржам околу 2-3 мин после ги сечам на мали парчиња па со марула и сос од павлака и мајонез ммммммм за мерак
 
а заборај да ви кажам дека освен јајца и виршли знам да прам сам :):)
 
Јајца и Кромпирчиња да си испржам...мислам дека е доволно:icon_lol:
 
Денес правев вечера Pasta Bolognese, прсти да изедеш хехехе.
Знам скоро се да готвам нема проблеми во кујна..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom