Кој го пишува сценариото на нашиот живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Се додека си несвесен, т.е. заспан или ќе мислиш дека ти си одговорен целосно за создавањето на тоа сценарио и ќе мислиш дека никој не може да ти делува врз тоа сценарио или спротивното од тоа ќе мислиш дека се е водено од веќе креирана судбина,т.е. дека немаш никаква одговорност во своите раце, се што се случува е дело на креаторот, судбината, надворешните влијаниа, случајноста итн... Но доколку се пробудиш, станеш свесен ќе разбереш дека ни едно ни друго не е точно... Се е заемноповрзано и се се' влева едно во друго... И не, можда сме на моменти актерите и ко-сценаристите, но суштински сме само набљудувачи т.е. свеста која не може ништо, ниту една сцена од драмата неа да ја допре, а е одговорна т.е. е позадината без која драмата е невозможна...
 
Незнам кој го пишува, ама знам на кого му се пишува ..
 
Целиот свет е — театар.
Во него и жените и мажите — се актери.
И секој игра повеќе улоги

Ако ја продолжиме оваа метафора, која припаѓа на Шекспир , можно е да додадеме: за да ја одиграме саканата пиеса или да снимиме филм - потребно ни е сценарио . И тогаш само по себе се наметнува прашањето : а постои ли такво сценарио во нашите животи ? Или се, што се случува во него– е чиста импровизација?

HDJD1lnB22w.jpg

Судејќи по се’ Шекспир бил не само генијален драматург , туку и интуитивен познавач на човековата душа.
Веројатно и во играните филмови , како и и во животот вам ви се случило да забележите дека понекогаш човек колку и да сака нешто да направи добро - му се случува сосема поинаку од планираното .Сценариото — е алгоритам, со кој ние го градиме својот живот и односот со другите луѓе. Таквиот алгоритам се формира уште во детството. На формирањето на животното сценарио големо влијание имаат надворешните фактори ( поведенијата на луѓето, околината, родителите, бабите, дедовците и т.н., раните детски впечатоци ). Веќе на четири години во основни црти е создадена фабулата- предметот како и жанрот на нашата животна пиеса. На 12 години сценариото е скоро завршено, а во наредните години вложуваме напори, да тоа сценарио го спроведеме во реалниот живот.
Може навидум да изгледа доста фатално да човекот во процесот на создавањето на сценариото игра пасивна улога. Но не е така. Вољата на детето има големо значење. Тој или оној избор човекот секогаш го прави сам. Дури и тогаш, кога две деца воспитувани во едно семејство во исти услови , можат ,а и прават совршено различни планови за животот.

На формирањето на сценариото влијаат и родителските пофалби, дозволи и забрани. На сите нас во детството ни зборувале како треба да се однесуваме , што треба , а што не треба да правиме . Некои посланија ние ги добивавме и невербално (со мимика , интонации), но и тие имаа исто големо значење . На пример, дете трча кон татка си за да му го покаже цртежот. А таткото во тој момент е презафатен и незаинтересирано му одговара «добро,браво, оди и понатаму играј си ». Но, неговиот тон не одговара со зборовите . Детето тоа го забележува и може да го сфати како на пример, дека со нешто го налутил татка си , и значи тој — е лошо дете. Секако, еден таков случај е недоволен за да влијае на натамошниот живот, но некои ситуации и фрази од родителите кои се повторуваат доволно често, секако дека можат да повлијаат на формирањето кај детето однос кон себеси и кон другите .

превземено од тука( но само дел преведено- оти ме мрзеше повеќе да пишувам во овие касни саати :icon_lol: )
http://era-vodoleya.com.ua/library/kto-pishet-scenariy-nashey-zhizni
Шекспир бил агент, најмен од тогашната кралица на Британија. Приказната е поврзана со 007(Џон Ди односно Џемс Бонд)
subrosacropports.jpg

Тука е вмешан Рудолф 2 и Едвард Кели.....ама да ја направиме приказната пократка. Користено е одредено "знаење" во неговите претстави и самиот oблик и форма на театарот.
ShakespeareanTheater.jpg

Целта била публиката да ги доживее емоциите на ликовите.. во кратки црти, ова се користи и ден денеска.....што во реклами што во филмовите, nevertheless.....
Тука доаѓаме можеби до насловот на темава.
A се се сведува на еден обичен феномен, а тој е актот на посматрање.....имено само тој може нешто да промени во нашите животи и таа промена да биде наша. Нели, квантна механика...актот на посматрање бира една од бесконечните можности и т.н. и т.н.
Акција преку не активност ....... ултимативниот парадокс на нашево постоење.
 
Значи дури 50% од твојте одлуки им ги доделуваш на случувањата и настаните па кој случувања жити леб,како што спомна некој погоре кога врне дожд?! Па ако сметам дека настанот ми е од интерес и можам да бенифитирам од истото тогаш ќе заминам по секоја цена,а дождот е најмала пречка во случајов,ако немаш кола или друго превозно средство тогаш луѓето измислиле чадор за во такви пригоди.И друго како туѓото мислење влијае на мојата одлука,може ли некој со мисла да ме спречи да направам нешто,ваљда не мислеше на Војна на Ѕвездите додека го пишуваше ова:facepalm:
(Мора тебе све со пример да ти се објасни ) Пример : Ти сакаш да купиш некоја книга која ја има во ограничен број , и одиш да ја купуваш и останала уште една книга , и таа што останала или некој ја зема пред тебе или е чувана за некој попривилиегиран од тебе тоа значи 50 % твој дел од учеството за купување , и 50 % од околностите и луѓето ( Да се разбереме таа е последна книга и нема копија ) Тоа со чадорот ти е глуп пример али нема везе .(Ти твоите 50 % ги исполнуваш но околностите и луѓето не се вклопуваат како што треба ).
 
Да тоа со чадорот е глупав пример за глупави луѓе,на кои не им текнува како можат превентивно да делуваат на појавата наречена дожд,без притоа да им пропадне планот,но тебе ти е толку капацитет за да го разбереш тоа.А ова со книгата воопшто не ти држи вода,оти не е една книжара или библиотека во градот,значи ако ја нема во таа книжара ќе отидам во друга,ако нема и таму тогаш имаш интернет.Од таму можеш во колку сакаш примероци да си ја спуштиш за одредена цена. Значи како да ти појаснам не е ни до луѓето ни до околината,туку до самиот човек и колку е тој спремен да ризикува од своето време за да го постигне нештото.Значи друга пречка освен човековиот мозок не постои.
 
Ја ти кажав дека некои работи се лимитирани ама ти изгледа не разбра и мисли како сакаш тебе не може никој да ти докаже затоа што ти си зацртал така и така нека биде .
 
Ја ти кажав дека некои работи се лимитирани ама ти изгледа не разбра и мисли како сакаш тебе не може никој да ти докаже затоа што ти си зацртал така и така нека биде .
Види дете јас не сум зацртал ништо,туку ти многу плитко размислуваш,повторно ќе го земам за пример твојот претходен пост со книгата што е лимитирано,те мрзи да отвориш интернет и да ја побараш книгата? ајде ти се молам или може не те мрзи но не ти текнува дека има други начини за да се дојде до книгата.Значи проблемот е тоа што ти размислуваш плитко или на мало доколку размислуваш на големо ќе ти се прошират хоризонтите и ќе сфатиш дека решенијата ги има и тоа не едно туку милијарда.
 
Мое мислење е дека во човечкиот живот,судбината и слободната волја постојат и се надополнуваат една со друга.Под судбина се подразбираат случувањата на кои ние не можеме да делуваме(полот,местото на раѓање,економската состојба на родителите и други работи кои не затекнуваат преку целиот живот),но сепак разумно и свесно за дадена ситуација,ние преку слободната волја,можеме да одбереме едно од зададените можни решенија.Значи,тоа ти е исто како кога играш шах,при секој потег имаш повеќе можни решенија,и во зависност од изборот на поголем процент на исправни потези,толку подолго си во игра,односно во живот
 
Види дете јас не сум зацртал ништо,туку ти многу плитко размислуваш,повторно ќе го земам за пример твојот претходен пост со книгата што е лимитирано,те мрзи да отвориш интернет и да ја побараш книгата? ајде ти се молам или може не те мрзи но не ти текнува дека има други начини за да се дојде до книгата.Значи проблемот е тоа што ти размислуваш плитко или на мало доколку размислуваш на големо ќе ти се прошират хоризонтите и ќе сфатиш дека решенијата ги има и тоа не едно туку милијарда.
НИЕ овде на овој свет сме лимитирани , зашто ти не возиш ферари F50 или ја немам вила во Германија , затоа што така е создадено од некој што е многу попаметен од тебе и од мене некои работи и факти ти колку и да сакаш неможеш да ги имаш или да ги направиш , друго не сум дете твое годиште сум , за тие проблеми имаш ти решение ?(овие што ги напоменав погоре ^ ) .Кажи ми ти решение за нив те молам жити све .
 
А од кај знаеш ти дека јас не возам ферари или нешто приближно до тоа или дека немам вила(немора во Германија),тоа можеш за себе да си го кажеш,а решението и клучот на твојот проблем лежат во тебе,сакаш да имаш ќе работиш ќе почнеш од било каде од било што,ако не сакаш да имаш продолжи да џаболебариш,одлуката и изборот се твои,исклучиво твои,утре ти ќе си крив за последиците на твојот "успех".
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 19:58 ---
 
Ти да возеше ферари немаше да седиш на форумов и да ме цитираш мене на секој 2 мин , и немаше во Македонија да живееш , незнаев дека така се заработува за овие работи од утре идам на друга работа да заработам да купам едно од овие две. ;)
 
khz777 Ти си ограничен или како што кажа лимитран затоа што живееш и се раководиш според правилата и начинот на размислување наметнати од средината и општеството во кое живееш,а правила како правила се создадени за да бидат скршени, значи не зборувам за закони туку за правила,морални норми,од обичаен или религиозен карактер создадени од средината,а кои лесно можат да бидат скршени само треба храброст за да се излезе од тој круг.И не ти не си македонче кое е осудено на пропаст,напротив јас познавам а и ти самиот верувам познаваш мн наши успешни луѓе од тука а и од дијаспората,кои имале доволно храброст да се побунат на условите во кои што живеат односно решиле да ги земат работите во свои раце.Значи мама и тато створиле колку што можеле и се потрудиле во најголем дел да ти удоволат на твоите барања но сега што се случува,сега ти си пораснал а со тоа пораснале и твоите барања,мама и тато веќе не се доволно моќни да одговорат на твоите потреби,исто ги гледаш твоите другари со кој заедно си растел како секој ден се жалат дека немаат,дека не им стигнуваат пари за ништо и си решил да заминеш од тој сиромашен круг или да направиш нешто во врска со тоа со помош на твојата креативност и иновативност.Е тоа е разликата меѓу успешен и неуспешен човек,успешниот човек наместо да се жали презема нешто во врска со состојбата во која што се наоѓа.Сега знаеш зошто не возиш ферари.
 
khz777 Ти си ограничен или лимитран затоа што живееш и се раководиш според правилата и начинот на размислување наметнати од средината и општеството во кое живееш,а правила како правила се создадени за да бидат скршени значи не зборувам за закони туку за правила,морални норми,од обичаен или религиозен карактер создадени од средината,а кои лесно можат да бидат скршени само треба храброст за да се излезе од тој круг.И не ти не си македонче кое е осудено на пропаст,напротив јас познавам а и ти самиот верувам познаваш мн наши успешни луѓе од тука а и од дијаспората,кои имале доволно храброст да се побунат на условите во кои што живеат односно решиле да ги земат работите во свои раце.Значи мама и тато створиле колку што можеле и се потрудиле во најголем дел да ти удоволат на твоите барања но сега што се случува,сега ти си пораснал а со тоа пораснале и твоие барања,мама и тато веќе не се доволно моќни да одговорат на твоите потреби исто ги гледаш твоите другари со кој заедно си растел како секој ден се жалат дека немаат,дека не им стигнуваат пари за ништо и си решил да заминеш од тој сиромашен круг или да направиш нешто во врска со тоа со помош на твојата креативност и иновативност.Е тоа е разликата меѓу успешен и неуспешен човек,успешниот човек наместо да се жали презема нешто во врска со состојбата во која што се наоѓа.Сега знаеш зошто не возиш ферари.
Па добро од утре не се раководам според правила ќе дилам мара , некое хероинче брат може ќе има нешто повеќе , ќе подмитам некој во полиција или ќе си изнајмам како што видов има и тема за тоа , брат не е тоа поентата , работата е тоа што неможеш од поштено ништо да направиш .Има некои работи што се создадени од луѓе да неможеш се да добиеш во животот што сакаш , неможеш со секој да седиш на иста маса . Ти се ли имаш што си посакал или си пробал да ги направиш или да добиеш ?
 
Не си ме разбрал очигледно или не си сакал да ме разбереш,трето нема оти ако си ме разбрал немаше да пишуваш за дилање на дрога,зошто со тоа веќе се крши законот а не правилата наметнати од средината значи има разлика тука треба да ги разединиш тие две работи и затоа те молам не ми реплицирај повеќе,јас мислам дека со ова дискусијата меѓу мене и тебе е завршена.
 
во првоначелниот текст беше споменат и филмот Forrest Gump
и цитати од истиот

Животот е како кутија бонбони — никогаш не знаеш каква ќе ти се падне.

Може да сум идиот, но низ целото време се трудев да постапувам правилно — а мечтите си се просто мечти, нели?
Така да независно од се’ си викам, дека секогаш можам да се присетам на минатото и да си кажам, дека воопшто не сум водел досаден живот. Нели се сеќавате што сакам да кажам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom