@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Целиот свет е — театар.
Во него и жените и мажите — се актери.
И секој игра повеќе улоги
Ако ја продолжиме оваа метафора, која припаѓа на Шекспир , можно е да додадеме: за да ја одиграме саканата пиеса или да снимиме филм - потребно ни е сценарио . И тогаш само по себе се наметнува прашањето : а постои ли такво сценарио во нашите животи ? Или се, што се случува во него– е чиста импровизација?
Судејќи по се’ Шекспир бил не само генијален драматург , туку и интуитивен познавач на човековата душа.
Веројатно и во играните филмови , како и и во животот вам ви се случило да забележите дека понекогаш човек колку и да сака нешто да направи добро - му се случува сосема поинаку од планираното .Сценариото — е алгоритам, со кој ние го градиме својот живот и односот со другите луѓе. Таквиот алгоритам се формира уште во детството. На формирањето на животното сценарио големо влијание имаат надворешните фактори ( поведенијата на луѓето, околината, родителите, бабите, дедовците и т.н., раните детски впечатоци ). Веќе на четири години во основни црти е создадена фабулата- предметот како и жанрот на нашата животна пиеса. На 12 години сценариото е скоро завршено, а во наредните години вложуваме напори, да тоа сценарио го спроведеме во реалниот живот.
Може навидум да изгледа доста фатално да човекот во процесот на создавањето на сценариото игра пасивна улога. Но не е така. Вољата на детето има големо значење. Тој или оној избор човекот секогаш го прави сам. Дури и тогаш, кога две деца воспитувани во едно семејство во исти услови , можат ,а и прават совршено различни планови за животот.
На формирањето на сценариото влијаат и родителските пофалби, дозволи и забрани. На сите нас во детството ни зборувале како треба да се однесуваме , што треба , а што не треба да правиме . Некои посланија ние ги добивавме и невербално (со мимика , интонации), но и тие имаа исто големо значење . На пример, дете трча кон татка си за да му го покаже цртежот. А таткото во тој момент е презафатен и незаинтересирано му одговара «добро,браво, оди и понатаму играј си ». Но, неговиот тон не одговара со зборовите . Детето тоа го забележува и може да го сфати како на пример, дека со нешто го налутил татка си , и значи тој — е лошо дете. Секако, еден таков случај е недоволен за да влијае на натамошниот живот, но некои ситуации и фрази од родителите кои се повторуваат доволно често, секако дека можат да повлијаат на формирањето кај детето однос кон себеси и кон другите .
превземено од тука( но само дел преведено- оти ме мрзеше повеќе да пишувам во овие касни саати
)
http://era-vodoleya.com.ua/library/kto-pishet-scenariy-nashey-zhizni