karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Нас сега не делат политиканти, злоупотребувајќи ја историјата и патриотизмот, за да ќарат политички поени.
Но, главната кривица е кај народот. Народот кој НЕ е освестен национално, кој нема заедничко Македонско јадро.
Кога би го имал, ни една политичка партија не би можела да го поколеба неговиот историски континуитет и национален идентитет и достоинство.
Токму така. Поделба не постои. Поделбата ја пропагираат. Поделбата се ствара во моментов. Експерти, опозиционери, невини лудаци, невладини здруженија, леви сили, десни сили...
А јадрото постои, и отсекогаш постоело. Тие (наброените) преку креирање на лудило и хаотична ситуација сакаат да ја спречат еволуцијата на мислата и разбирањето за националната припадност како суверено право на човечката личност кое не подлежи на преговори, договори, разговори.
Најжалосно е, што тоа го прават не заради загриженост за Македонија дали после 4 или после 40 години ќе биде во НАТО и ЕУ, туку заради ситен политички профит.
Дури може да се констатира дека во личната хистерија која ги опфатила тие и не се сосема свесни што прават. Затоа не треба да им се дозволи да створат поделба. Во денешни услови на сопствена национална држава тоа е единствениот механизам преку кој можат да не поништат непријателите. Најтрагичното е што не ни требаат непријатели бидејќи самите себеси сме си такви.
Мала ретроспектива:
....Гледајки дека Солун ќе биде заземен од Арапите, солунчаните решиле да побараат помош од околните Македонци т.е. од македонските кнежевства, пред се од Стримионската тема (денеска пиринска Македонија и источна егејска Македонија). Но, Македонците од околината не се одзвале на повикот на помош на солунчани, а Камениат пишува: "тоа стана поради тоа што некои од нив се прости, а кнезовите им се многу лоши; тие (кнезовите) си ја ставаат сопствената корист над општото добро, имаат обичај да прават зло на соседите, да се залагаат да добиваат подароци и не се занимаваат со ништо друго освен со сопствениот имот....
...На Војводата (струмјански-стримионски) не му беше гајле за загинувањето на еден таков град и не се погрижи тој, ниту некој од неговите потчинети да дојде и да помогне во таквата беда на нас опсадените, но како не залажуваше сите со надеж дека ќе пристигне на помош, дури до последниот ден на војната тајно го постигна злото намислено против нас и многу се потсмеваше на несреќата која не измачуваше [J. Cameniata, ibid., p. 5152–19]