AtoM-AnT
Dexter
Еве како се градело тогаш 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Уште кога бев мал ми беа малку смешни тврдењата дека имало некој фараон кој целиот ЖИВОТ го потрошил за да си изгради - ГРОБ!!!:pos2:
И сите археолози,египтолози,институции кои имаат потрошено неброени пари излегле со 3-4 теории без доказ...!? Е***е луѓето... Независните истражувачи да имаа 1/20 од тие средства ќе објаснеа се.
Сега има уште побизарна теорија дека пирамидата не ја граделе робови ами слодобни луѓе...
Значи 2.500.000-3.000.000 камени блокови со тежина 2-20т на висина од 150м во тоа време без механизација...плус мермер и со златни плочи на врвот.Јасно зошто званичната археологија нема никогаш да даде уверлив одговор.
И сместена на точно место каде се дели копнената маса на континентите на 4 дела... значи старите египќани знаеле за Ј.Америка,Антарктик...
Али пак кога ќе размислиш дека у тоа време и немало баш што друго да се работи :pos2: не им останувало ништо друго осим градење гробници :tv:
Немале ТВ,интернет...
Имало и тоа како што да се прави, само да се обезбеди исхрана било голем предизвик...
Исхраната па и не била некоја тешка работа. Прво Нил е позната по тоа што нејзиното поплавување е предвидливо за разлика од оноа на Еуфрат и Тигар. Второ, Нил е голема пловна река. Вдолж неа е египетското царство. Значи таа е еден вид сообраќајница така да траснпортот на храна е најмал проблем. Потребни се само неколку сплавови. Истото е и за матерјалот за градба на пирамидите. Тие го црпеле од самите краеви на бреговите на Нил каде се пронајдени рудници (каменолом) на гранит. Едина мистерија останува како сите тие камења се редени за да подоцна изгледа сето тоа на рамна (нескачеста) прамида. За ова има претпоставки. Но најчудното е дека пирамидата на Кеопс е градена 40 години... премногу брзо нели?
Населението зависело од Нил и тоа било ризик бидејќи имало плодни и неплодни години во зависност од поплавите кои биле еден од најважните аспекти на живеењето. Нивната (не)предвидливост како основа на економијата.Немало супер-маркет па оди и оп! храна!
Во секој случај за таков потфат се потребни огромни вишоци на средства кои константно се влеваат во некој проект (како денес САД) кои во таква економија се незамисливи и од чисто економска логика наводното градење пирамиди од фараоните е фантазија.
Митологијата и религијата се едно, но без економски и технички можности тоа да се изгради се друго паѓа во вода. Ако археолозите имаа објаснение досега ќе се знаеше како се градени. И за денешни услови градба на такви објекти претставува сериозан технички и економски потфат, е сега пренеси го тоа на 2.300 години п.н.е. и се гледа дека таква работа е малку тешка...И да... Египјаните се` што граделе за фараонот, било со мерка за нешто божествено. Сепак фараонот бил претстава на еден од боговите - линк помеѓу овоземниот свет и светот на боговите.
Митологијата и религијата се едно, но без економски и технички можности тоа да се изгради се друго паѓа во вода. Ако археолозите имаа објаснение досега ќе се знаеше како се градени. И за денешни услови градба на такви објекти претставува сериозан технички и економски потфат, е сега пренеси го тоа на 2.300 години п.н.е. и се гледа дека таква работа е малку тешка...
Не се само пирамидите во прашање има многу објекти од минатото кои не можат да се објаснат. Градот Теотихуанако во Боливија е сличен пример. Археологијата абер нема кои биле градители, зошто, што станало...има куп претпоставки.
Тоа што нам денес ни е чудно како е можно таков проект да се реализира е поради тоа што сме биле затуцани толку долго време.
Немале ТВ,интернет...
Имало и тоа како што да се прави, само да се обезбеди исхрана било голем предизвик...
Во секој случај за таков потфат се потребни огромни вишоци на средства кои константно се влеваат во некој проект (како денес САД) кои во таква економија се незамисливи и од чисто економска логика наводното градење пирамиди од фараоните е фантазија.
zidari gi izgradile koj drug moze,naj verojatno palancani