Супер сте на темава бе.. затоа подобро тука коректна дискусија, наместо да си го ебам мозокот со политика
Е сега малце некогаш и јас забегувам со офтопик околу библиска историјс, ама парва никако да ги постави прашањата кај што треба, се на религиски муабети тера..
За дружба може секогаш, само тоа треба унапред да се дог, јас не сум во МК
Иначе јас мислам дека династиското владеење е многу подолго од тоа што се претставува и тоа моментално го истражувам.
7ма до 10та династија се доста интересни,
9-10 е позната како Хераклеополитанска
Елините така го нарекле и градот, „градот на Херакле“, подоцна Римјаните само додаваат Магна и местото се преименува во Големиот град на Херакле (Herakleopolis Magna)
Наводно, Мането за 7 династија пишал дека имало 70 фараона кој владееле 70 дена, што не ми е баш верно.
Таа династија е игнорирана од тие што го диктираат наративот, што е потценувачки, т.е. ја дефинираат како измислена или непостоечка
Оваа дисциплина е таква, мора да чекаш да се пронајде нешто
Или џа или бу
А секогаш се наоѓа нешто, можеби други генерации ќе пронајдат нешто, можеби и ние , кој би знаел

Има една народна, кај што има чад има и оган, така да ова со 70 фараони ми е доста сомнително искрено
Пренос на информацијата иде во овој редослед
George Syncellus( 8/9 век) > Eusebius/Julius Africanus (4/3 век) > Josephus( 1 век) > Manetho ( 3 век п.н.е)
Проблем е овој Јозеф, кој крие многу информации и ги споменува само Хиксоните за да го одбрани еврејскиот народ од антисемитизам.
Африканус го цитира него, но не насловот на неговото дело, што е некаректеристично за тие што пипуваат Историја
Хиксоните се исто друга тема на муабет
Моето тврдење околу нив е дека они не де семити!!!!!!!!!
Треба темава да биде Древен Египет и се на куп да се пишува а не сега вака да се мислам јас што е оф топик а што не е..