Сите биле од Еминем фасцинирани .
Онтопик: Freddie Mercury, несомнено го ставам на прво место. Потоа би следувале James Hetfield и цела група Dream Theater. Пописмени музички од овие, амин.
Па идол неможам да речам за некој дека ми е,ама од денешнице музичари би го издвоила Robbie Williams поради повеке причини:гласот,неговите песни а пред се поради атмосферата на неговите концерти,има некоја поврзаност со публиката што ретко може да се види кај другите пејачи.
Дечково на аватаров, неверојатен поет кој пишуваше и пееше за светот онака како што го гледа, човек кој со своите стихови стана херој на работничката класа и на антивоеното движење во САД во 70-тите.
За него играта на зборови беше најлесна работа на светот а неговите песни го издржаа тестот на времето, и ден денес луѓето уживаат во нив. Далеку пред своето време, Јohn Lennon...
Немам еден, имам повеќе ама ќе ги одберам само најдобрите и ќе ги поделам во три категории :icon_bigg :
Текстописец: Ѓорѓе Балашевич
Дефинитивно цар. Му нема рамен. Во неговите текстови може да се пронајде секој и имаат душа текстовите. Не се тешко сварливи. Кажува сé јасно и едноставно и сето тоа поткрепено со едноставни и допадливи рими. Навистина прекрасни текстови.
Вокал: Фреди Меркјури
Имав повеќе фаворити на местово ама сепак Фреди е еден и единствен.
Гитара: Zakk Wylde
Екс-гитаристот на Black Label Society и Ози Озборн. Вистински виртуоз со гитара.
Роџер Ватерс од Пинк Флојд. Чуден човек, има неверојатен осет за музика, а албумот The Wall што најголем дел е негово дело и негова приказна би рекол е неповтолив и ми е меѓу омилените.
Последно време и Mikael Åkerfeldt од (Opeth, BloodBath) пеачот ми станува идол. Бидејќи како човек и како појава е многу ненормален, едноставно човекон има смисла за живеење.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.