Па види ја зборам од аспект на архитектура,културни знаменитости,да има некој странец што да види кога ќе дојде у главниот ни град.
а што има Скопје,кажи,освен Македонија улицата,плоштадот,калето,друго..?
Еден град колку е убав се гледа по периферија а не у центар дали е среден,отиди у било кој град у МК секој има среден центар, а за периферија нејкам муабет да почињам :kesa:
Ах да кога одиш ти во некој град надвор од Македонија одиш во периферијата нели? И така сознаваш дали е убав градот или не. Така правиш ти?
Секогаш се гледа еден град каков е од центарот. Центарот е главната точка во еден град и местото каде се случуваат најубавите работи во градот.
Скопје има најубав центар а воедно и најголема периферија.
А освен улица Македонија, плоштадот, калето има уште многу други знаменитости Скопје.
Вие од другите градови доаѓате во Скопје за да се напиете кафе на кеј и на шопинг во ГТЦ, па нормално нема да знаете што други убавини има Скопје.
Ако почнеме од тоа дека Скопје го има ГТЦ, Рамстор, Беверли, Буњаковец, Улица Македонија и уште многу маалски трговски центри а кафичи има на секој чекор и десетина добри дискотеки. Поголемиот дел од другите градови имаат само една уличка со продавници и барем 1 дискотека.
Културниот живот е постојано активен во Скопје за разлика од другите градови кога го има само повремено. Има неколку театри, кина, музеи, фестивали и културни манифестации.
Центар е и на спортските случувања. Тука е најголемиот стадион и спортска сала и уште 50сетина сали низ Скопје. Сите значајни натпревари се одигруваат во Скопје.
Образованиот систем е најразвиен во Скопје. Има огромен број на основни училишта, за разлика од другите градови каде има 3,4 средни училишта, тука има околу 20тина средни школи. И секако Универзитетот Кирил и Методиј и уште неколку приватни универзитети се токму во Скопје.
Скопје е центарот и на политичките случувања тука е собранието, владат, министерствата и сите големи случувања токму се во Скопје.
А знаменитостите ги има многу. Штета што пред многу години Скопје доживеа катастрофален земјотрес каде голем број значајни знаменитости беа срамнети со земја. Но да не ги заборавиме Калето, Камениот мост, плоштадот, Старата скопска чаршија, Соборниот Храм, црквата Св. Спас, Аквадуксот во Скопје, Милениумскиот крст, Гратскиот парк (а во него се и гратскиот стадион и зоолошката), Даут-пашин аман, Саат Кулата, Музејот на град Скопје, Куршумли ан, Сули ан, Матка со нејзините убавини и пештерите и уште многу знаменитости.
Реално Скопје е најголемиот, најубавиот и главниот град во Македонија.
А само можат да му конкурираат Охрид, Битола и Струмица и Крушево по историја и знаменитости.