Да бе колега ама многу пати, доколку пациентот има историја ризична за рак и има белодробни проблеми,
треба ВЕДНАШ да се вклучи алармот на матичниот лекар И веднаш да направи целосни испитувања за рак.
знам дека смртноста од овој рак е голема, ама главната причина не би рекол дека е агресивниот рак, туку задоцнетата дијагностика.
верувај ми јас додека студирав секојдневно имаше лобектомии кај мене и пациентите немаа метастази,
после на онкологија минуваа хемотерапија и радиотерапија
сега не знам каква е била смртноста,
но со сигурност преценката за операција е била направена на место и е била оправдана
Не реков дека некој хируршки зафат кој е одобрен и се прави дека е апсолутно бесполезен, но ти велам од секојдневна пракса овие тумори обично се малигдни, или прекасно откриени, а те подржувам во тоа дека апсолутно матичните лекари се тие кои први треба да го упатат пациентот на правилниот пат, и за нас би било многу полесно (инаку не смееме да се опушаме многу, ова е јавен форум, ако не друго сигурно пак ке бидеме оф топик
