Да бе колега ама многу пати, доколку пациентот има историја ризична за рак и има белодробни проблеми,
треба ВЕДНАШ да се вклучи алармот на матичниот лекар И веднаш да направи целосни испитувања за рак.
знам дека смртноста од овој рак е голема, ама главната причина не би рекол дека е агресивниот рак, туку задоцнетата дијагностика.
верувај ми јас додека студирав секојдневно имаше лобектомии кај мене и пациентите немаа метастази,
после на онкологија минуваа хемотерапија и радиотерапија
сега не знам каква е била смртноста,
но со сигурност преценката за операција е била направена на место и е била оправдана
Не реков дека некој хируршки зафат кој е одобрен и се прави дека е апсолутно бесполезен, но ти велам од секојдневна пракса овие тумори обично се малигдни, или прекасно откриени, а те подржувам во тоа дека апсолутно матичните лекари се тие кои први треба да го упатат пациентот на правилниот пат, и за нас би било многу полесно (инаку не смееме да се опушаме многу, ова е јавен форум, ако не друго сигурно пак ке бидеме оф топик
инаку на пациентие секогаш треба да им се влева оптимизам)

ај ќе отворам тема за ова ако можам некогаш ќе дискутираме...инаку јас имам некои резултати за тоа дека всушност на подолг етап (во смисла доколку пациентот може да живее до 1 година, доколку само неколку месеци или денови, тогаш може и да не му се каже) ефектот е подобар за пациентот од психички аспект ако му се каже лично. бидејќи овде кај мене многу од пациентите решаваат тоа да не му го соопштат на партнерот или на роднините, и си го чуваат за себе. - особено ова е често кај професионалците...