Кој е коренот на злото?

Mad Maxx напиша:
Идам по улица,гледам празно шише,го шутирам и го кршам.
Зошто?Едноставно,така ми дошло у момент.
Има луѓе кои тоа го прават на сличен начин.Некои од навика,некои за тоа што не знаат друго.Тука тоа дали те сакаат или не игра мала улога.
Баш сега ми текна на она, не учи од своите грешки-учи од грешките на другите. Мене тоа ми е како пар екселанс. Се трудам да избегнувам настани, направени дејствија или друго кои што мене и у око и у уво не ми личат на хумани гестови или однесувања.
 
Macak напиша:
Jas mislam deka nema covek sto e za sekogo dobar i covek sto e za sekogo los... I najdobriot covek gresi kon nekogo (najcesto kon najbliskite) a i vo najcrniot covek mora da ima nesto belo sto ke go izrazi kon nekoja licnost... Toa e moeto mislenje

Нормално дека сите грешиме, но секоја грешка не е зло што не се исправа:wink:
 
divine напиша:
Причината? Е па ти прават лошо со што ти нанесуваат болка пред све, патиш, се нервираш и ред други работи на кои тие ти се ситат дека во моментот се осеќаат подобро од тебе ... ваљда така му оди тоа ... бедно.:pishtoldz
Да, ама причината за која што ти го прават тоа е пошто ти љубомореле кога те гледаат среќен, а нив ги обзела мрскоина.
 
Mad Maxx напиша:
Идам по улица,гледам празно шише,го шутирам и го кршам.
Зошто?Едноставно,така ми дошло у момент.
Има луѓе кои тоа го прават на сличен начин.Некои од навика,некои за тоа што не знаат друго.Тука тоа дали те сакаат или не игра мала улога.
Ова не е и некое зло.
Сигурно не одиш така по улица и ти доаѓа у момент онака, фаќаш некој човек, го шутираш и го кршиш. :-)
 
@Сторм,повод за муабетов ми беше Видимо се у Читуљи,ако си го гледал.Влегол у куќа убица у потрага по човек.Тој не бил дома,му биле децата и овој ги убил нив.Го фаќаат полицајци и на распит знаеш што им вика?
Зошто бе ги уби децата?
У оргинал:Ко их јебе када нису били у школи.
 
:)
Сфаќам.
Него, треба да се знае дека душа у негова најчиста форма не постои.
Она што човек може да го стори е до неговиот последен здив да се бори против злото за да биде што поблизу до идеалната душа.
 
Мистичен напиша:
Да, ама причината за која што ти го прават тоа е пошто ти љубомореле кога те гледаат среќен, а нив ги обзела мрскоина.

Корект, а после тоа со твојата поголема мрскоина си ја намалуваат својата, мамата.
 
Не знам, ама знам што е квадрат од злото:icon_lol:

Имав еден цимер на времето што се докажуваше математички. Па еве го неговиот доказ:

vreme=pari
pari=zlo
_______________
zena=vreme*pari

ako gi vnesime zamenite sledi,
zena=pari*pari=zlo*zlo
ili zena=zlo na kvadrat
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Злото се јавува поради повеќе причини. Според мене, многу е битно како се луѓето воспитани уште од најрана возраст и како е кон нив постапувано од луѓето кои биле во нивната најнепосредна околина. Ако едно дете расте во средина каде постојано добива љубов и благодет од останатите, тогаш неможе да се изгради во личност со зол карактер, или барем се елиминира една причина за таква појава. Од друга страна, постојат луѓе кои се со дух сиромашни и како што вели народот, имаат душичка помала од лешник, иако вешто знаат да го прикријат тој недостаток во најголем број случаи. Таквите „луѓе“ нема воопшто да размислуваат дали да сторат некому нешто што се коси со сите морални, етички, па дури пишани законски норми, затоа што некој можеби ненамерно им нагазил на малото прсте од ногата. Дури и немора никој ништо да им стори, тие едноставно „смрдат“ и ја трујат околината со својата негативност која ја носат длабоко во себе баш поради една од двете наведени причини.
Наравоучение::) -Кога ке имате или ако веќе имате деца, не тепајте ги и не казнувајте ги со грубост, укажувајте им на грешките со љубов и грижете се за тоа да го градат првенствено својот дух зашто само така нема да се развијат во зли личнисти.
 
Коренот на злото кај секој човек кој е злобен е различен. Кај некои може да биде заради некои лоши работи кои му се случувале, па сака и на другите лошо да им е. Други може се научени така од деца, такви родители им биле и гледале од нив. Трети може да се злобни од љубомора, завист... и така, кај секој од различни причини се јавува тоа.
 
Па не сум баш сигурен во тоа дека постојат луѓе кои се чисто зло, злобни по душа како што ги нарековте. Повеќе сакам да верувам дека има барем ронка добрина во секој од нас.
За еден од корените на злото се согласувам дека е љубомората, зависта, но тука се и себичноста, малодушноста, недовербата кон луѓето...
Според мене за еден човек да биде зол по душа треба да ги поседува сите овие особини а ниедна од нивните спротивности, јас таков човек, кој не би го нарекол човек, не сум сретнал и се надевам дека нема да сретнам.
 
Не верувам дека постои нешто како корен на злото,секој што може да биде добар може и лош тоа е релативно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom