MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Една граматичка забелешка. Во овој превод можеби не се забележува тоа лесно, ама во речиси сите други преводи се забележува.
"А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов." (Галатјаните 1:19, превод Константинов)
"I saw none of the other apostles—only James, the Lord's brother. " (Галатјаните 1:19, превод New International Version)
"But other of the apostles saw I none, save James the Lord's brother." (Галатјаните 1:19, превод King James Version)
Зборечето „друг“ не се однесува на Јаков, туку на Кифа. Значи Павле го видeл апостолол Кифа (Петар), а никој ДРУГ од апостолите не видел, освен Јаков. Доколку Петар не бил апостол, тогаш Павле ќе речел: А од апостолтие никој не видов, освен Јаков. Но штом вели „никој друг“, тоа значи дека и Кифа (Петар) бил апостол.
Петар не е преименуван од Кифа во Петар, туки од Симон во Петар. Кифа и Петар се едно исто име, со исто значење. Кифа значи камен на арамејски и Петар значи камен ама на грчки. Исус не зборел грчки со апостолите, туку арамејски. Исус не ми рекол на Симон дека тој ќе биде наречен „Петар“, туку „Кифа“, а подоцна кога евангелистите ги пишувале на грчки јазик евангелијата и посланијата, за да биде разбирливо значењето „Камен“ и на другите јазици, тие го преведувале и името Кифа на грчки јазик - Петрос.
Море мудро велиш....
„...А пак, од апостолите не видов никој друг, освен Јаков, братот Господов....„ (Галатјаните, 1.18,1.19).
Дај сега едан јака елаборација, зашто пред името „Јаков„ стои „освен„, имајќи на ум дека овој стих, има свој континуитет, па вели:„... од апостолите не видов никој друг, освен Јаков...„. Тоа значи дека Павле овде намерно го наведува „Кифа„ како посебе лик, а понатаму вели дека „..од апостолите...„ не видел „...никого...„ , „...освен...„ Јаков, што значи дека во целиот стих, саде Јаков е дел од апостолите, а предметниот „Кифа„ никако не е споменат од Павлета, како дел од апостолите. Затоа и стои изразот за исклучување „освен„. А повеќе е од јасно дека Кифа/Петар е прв меѓу еднаквите апостоли, нели...
М?