Стрелец се обидува умерено да ги прикаже работите, како демек, не завзема тој страна, има неутрална позиција од типот - јас гласав за вмро, па тие не ги исполнија моите очекувања, вие што мислите, дали и вие го чувствувате истото?
Во смисол заедно сме во кашата, не се чувствувате ли изиграни..
За сите вас коишто сте на таа страна, на страната која владееше и владее со Македонија и ја уништи и сеуште уништува, страната која ги згази граѓаните, работниците, целиот народ, ги клекна на колена и натера да молат за преживување, за елементарни услови на живеење, не очекувајте никаква подршка од никого.
Не знам со кое лице сдс се појавува пред народот и лупа небулози, некако не ми е јасно како не им е срам, не се работи тука за политика, се работи за просто меѓучовечко разбирање.
Дали симпатизерите и членовите на сдс знаат што е емпатија, што се чувства, што се нормални односи меѓу луѓе?
Дегутантно е спомнувањето на бранко, на сдс, на глигоров, тие се арехетип за измама, за предавство, кражба.
Кога се појавува некој кој го подржува сдс не треба да биде зачуден зошто останатите го игнорираат и плукаат.
Треба човек да е навистина надвор од се што се случува во Македонија, или пак да е апла сврзан со сдс за да подржува таква група на луѓе, или да нема избор, или да е ептен...
Не може да биде некој Македонец и да има било какви симпатии кон сдс. Едноставно не може.
И ова не е прашање за кое би се расправало, нема потреба од никакви објаснувања зошто и затоа.
Не си Македонец и не ја сакаш Македонија, ако имаш и тронка преференции за сдс.
сдс се лошото, се останато е подобро.
Ете едноставно решение.
Најчесто, наједноставното решение е најдобро.
