Кои се најзаебаните семафори во Скопје?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.100
Веб-сајт
www.kajgana.com
Едноставно, понекогаш не е ни до возачите, ни до пешаците, туку до лошо регулираната сообраќајната сигнализација. Некои од семафорите се толку лошо подесени, што практично е невозможно да се помине на зелено било од аспект на возач, било како пешак.

Еве го мојот фаворит:

Семафорите на раскрсницата кај Алумина
semafori1.jpg
Овде практично невозможно е доколку се движите од право да свртите лево на раскрсницата и тоа од било која страна, од причина што додека е зелено за лево, секогаш е зелено и на тие од спроти вас кои се за право - а раскрсницата е проклето прометна, што го право поминувањето невозможна мисија. За да ви успее да свртите лево, единствена шанса е да поминете откако ќе се запали црвено, а ќе ви успее ако доволно ве чува Господ. Сообраќајните незгоди овде се секојдневие.

Кои се според вас најлошите семафори во Скопје?
 
Рекорд - дур згазниш на тоа зебрата црвено те фаќа...
 
иста ситуација ко на мистичен е и кај градкса болница (собрание)...кога идеш од кај рекорд и сакаш да свртиш лево за накај гтц(работнички)...исто фунцкионира семафорот...освен ако не си прв на чекање и коа ке се пушти, т.е на 2 секунди пред зелено треба да тргнеш....иначе нема проаѓање...и си чекаш додека не дојдеш прв на ред...
 
Тука е океј, зелено е во исто време, ама за лево трае подолго од спротивниот едно десетина секунди.
 
Кога сме веќе кај раскрсници, ако често се движите накај Ѓорче, кај семафорите што се поставени кај раскрсницата кај Жито и порано што беше Блажевски, да не ве лаже Господ да поминете на жолто зошто несинхронизирани им се семафорите. Кај вас може е жолто ама кај што се цајканите од другата страна веќе е црвено и веднаш се пуштаат во потера, да не плаќате 300 евра за глупост, зошто после не можете да им докажете никако. Каква стапица имаат направено тука сељандурите не се здрави.

Онтопик - истава раскрсница ко на Мистичен што му е проблем, кај 4-5 попладне ако вртиш лево за накај Тафталиџе пред тоа 5 пати оче наш кажи ја за да нема многу возила што идат од спротива зошто поминување амин.
 
Мене наредните (оние после Веро) ми се најглупо синхронизирани. Претпоставувам по ист принцип се како и овие од описот на Мистичен, само што нив подобро ги знам дека почесто поминувам тука (за во Сет) :)
 
Може како бонус да се додаде „чаталот“ кај Католичка црква? Не е семафор, ама сепак - едно од најзаебаните места за возење во Скопје.
Не ми е јасно како уште не направија кружен тек на такво самоубиствено место... Или, ако им е толку мерак, бар да искористеа да стават статуа некоја во средина, ама битно да има кругче во средина :)
73EBFC4954874F42B8DB72E24BA72D88.jpg

AAEF56787285754F8EB122FC42AF17B7.jpg
 
хаха, ми текна на ситуацијава уште погоре коа пишував, али не верував дека ќе најдам слики и се откажав....тука коа идеш од кај нова македонија за да продужиш право...ја иам тактика од прва влетувам непрописно...тактика: или - или :)
 
Семафорите на раскрсницата кај Алумина
Прегледај го приврзокот 39428
Овде практично невозможно е доколку се движите од право да свртите лево на раскрсницата и тоа од било која страна, од причина што додека е зелено за лево, секогаш е зелено и на тие од спроти вас кои се за право - а раскрсницата е проклето прометна, што го право поминувањето невозможна мисија. За да ви успее да свртите лево, единствена шанса е да поминете откако ќе се запали црвено, а ќе ви успее ако доволно ве чува Господ. Сообраќајните незгоди овде се секојдневие.

Ако ми веруваш, јас лично сум сведок на минимун 15 сообраќајни незгоди на овие семафори. И тоа незгоди од типот на превртување коли и џипови на кров, скутери летно време летаат до Веро. Последната што се сеќавам едни алфи со едно BMW срушија билборд и ја уништија тотално колата. Дефинитивно најзаебани семафори.
Проблемот е што се многу прометни па тие што вртат лево се некако гледаат да се „упикаат“ набрзинка а тие што идат право толку многу се улетани...
 
Едноставно, понекогаш не е ни до возачите, ни до пешаците, туку до лошо регулираната сообраќајната сигнализација. Некои од семафорите се толку лошо подесени, што практично е невозможно да се помине на зелено било од аспект на возач, било како пешак.

Еве го мојот фаворит:

Семафорите на раскрсницата кај Алумина
Прегледај го приврзокот 39428
Овде практично невозможно е доколку се движите од право да свртите лево на раскрсницата и тоа од било која страна, од причина што додека е зелено за лево, секогаш е зелено и на тие од спроти вас кои се за право - а раскрсницата е проклето прометна, што го право поминувањето невозможна мисија. За да ви успее да свртите лево, единствена шанса е да поминете откако ќе се запали црвено, а ќе ви успее ако доволно ве чува Господ. Сообраќајните незгоди овде се секојдневие.

Кои се според вас најлошите семафори во Скопје?

Само што го прочитав насловот,прво што ми падна на памет се овие семафори кај Алумина.Бидејќи татко ми работеше во Алумина чувар на капија на времето кога одев да седам со него на смена од досада нонстоп се случувале сообраќајки.

А уште еден приклучок што исто така го мразам иако нема семафори е пaтот накај Бутел ,после подвожњакот кај бензинската на Макпетрол.Според сликава одприлика се гледа која е таа од десно што доага од кај отпадот многу пречи,а и многу мали улички излегуваат на главна ...

PrtScrcapture-9.jpg
 
Пред некој ден истот го помислив за семафорите кои ги спомена Мистичен.
Само не ми е јасно дали воопшто надлежните не се свесни, дали некој реагирал и ако реагирал каков одговор е добиен.

Ги додавам и семафорите во Карпош 4 кај трите кули како небезбедни за пешаци.

1.jpg

Кога ќе светне зелено за пешаци за да ја поминеш Партизанска во истиот момент светнува зелено и за колите кои од Никола Парапунов се приклучуваат на Партизанска(црвената стрелка), така во фрекфентни термини Господ нека им е на помош на пешаците. Плус времето за зелено е кратко, Партизанска широка, па често се случува додека поминуваш да се смени семафор и тие од десно да тргнат и да имаш високи шанси да наебеш.
 
Јас кога сум во Скопје се ми е небезбедно за пешаци...навика :)
 
Alex_The_Great напиша:
Кога ќе светне зелено за пешаци за да ја поминеш Партизанска во истиот момент светнува зелено и за колите кои од Никола Парапунов се приклучуваат на Партизанска(црвената стрелка), така во фрекфентни термини Господ нека им е на помош на пешаците. Плус времето за зелено е кратко, Партизанска широка, па често се случува додека поминуваш да се смени семафор и тие од десно да тргнат и да имаш високи шанси да наебеш.

Се сложувам. На оваа раскрсница ако си пешак посигурно ти е да поминеш погоре преку тревник хаха :) Многу се лошо тајмирани..
 
А уште еден приклучок што исто така го мразам иако нема семафори е пaтот накај Бутел ,после подвожњакот кај бензинската на Макпетрол.Според сликава одприлика се гледа која е таа од десно што доага од кај отпадот многу пречи,а и многу мали улички излегуваат на главна ...

PrtScrcapture-9.jpg

Кај ти текна на оваа улица жити се.Катастрофа е тука.Не знаеш од каде да се чуваш од секаде се влегува во главната улица.А јас како за баксуз баш вртам десно да влезам низ таа тесната.А и знаеш каква сообраќајна култура се има низ овие населби така да овде отвори добро очи или го наеба :)
 
Во меѓувреме ми текна и на оваа, кај поликлиниката во Ѓорче.

dfghdfd.jpg

Многу улици станаа :/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom