Кого препознавате во стиховите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Marina_21
  • Време на започнување Време на започнување

OФ топик: Се изнапрајвте вие двајца погоре муабет.. а да почнете по пп или мсн нешо слично , ептен сте се нашле...

На темава: А кои се тоа стихови , поповите денешни си тераат мерак бре на кој како им се сака, порано бил постот многу строг и правичен, денеска мижи асан да ти баам, два дена мозело со зејтин три без, па причест и тоа без исповед кај свештеник, венчавки и крштевки во вторник, среда, понеделник???!!! Порано било ерес тоа, ако се сеќавате, и ова ќе го кажам на крај , значи стварно имал право дедоми кога ми викаше внучке : а поп а ѓаол!
 
Да, правам разлика од судење до расудување, но наведениот пост е впуштање во чисто судење од неговиот автор, без никаква анализа и веќе изведено толкување на цитираните стихови. Она кое на авторот/авторката на постот и наликува наоѓање „попчиња„ во цитираниот стих, на атеистот може да не му асоцира на „попче„ а на будистот, истиот стих да не му значи ништо.
Така, судењето има своја завршница, а тоа е пресудата која треба да се изврши после судот, а наведеното мислење од авторката од постот не е расудување, туку нагаѓање во стилот „...мене ми се чини дека...„ без доказна постапка и без објективен основ.
 
Обџекшн...:wink:
Дај Мики..се работи за цитат од библијата..зборови на Исус..никој не суди само опоменува...Оние кои се пасат себе си наместо народот..нема добро да си поминат..нели?
 
Објективно-да!

Пред неколку месеци бев на богослужба во марковиот манастир, и токму свештеникот кој служеше, во разговорт после службата ја спомена и фреската на која се насликани сите категории луќе кои ќе „летаат„ во пеколот, вклучувајќи ги и несовесните свештеници.

Да се вратам на споменатиот пост. Ако нечие нетрпение кон „попчињата„ е нечиј проблем, немора тие „попчиња„ да ги наоѓаме дури и во стиховите од Новиот Завет. Лично, не ме чуди ако некој поединец не трпи попови, но да ги наоѓа во секој стих од Новиот Завет-мене ми наликува на изразување невидена омраза кон нив, како да се токму тие (поповите) најголемото зло на Земјава. Ако некој смета дека поповите се проблемот, нека повели и нека посочи и покаже дека е така.

Според православното учење, секој поединец кој поверувал во Христа, е должен да ги бара и чисти своите гевови а не да се занимава со туѓите, иако и туѓите гревови објективно постојат, но за нив (за туѓите гревови) јас нема да одговарам, туку ќе одговарам пред се за своите злодела.
 
Објективно-да!

Пред неколку месеци бев на богослужба во марковиот манастир, и токму свештеникот кој служеше, во разговорт после службата ја спомена и фреската на која се насликани сите категории луќе кои ќе „летаат„ во пеколот, вклучувајќи ги и несовесните свештеници.

Да се вратам на споменатиот пост. Ако нечие нетрпение кон „попчињата„ е нечиј проблем, немора тие „попчиња„ да ги наоѓаме дури и во стиховите од Новиот Завет. Лично, не ме чуди ако некој поединец не трпи попови, но да ги наоѓа во секој стих од Новиот Завет-мене ми наликува на изразување невидена омраза кон нив, како да се токму тие (поповите) најголемото зло на Земјава. Ако некој смета дека поповите се проблемот, нека повели и нека посочи и покаже дека е така.

Според православното учење, секој поединец кој поверувал во Христа, е должен да ги бара и чисти своите гевови а не да се занимава со туѓите, иако и туќите гревови објективно постојат, но за нив (за туќите гревови) јас нема да одогварам, туку ќе одговарам пред се за своите злодела.

Miki..да се разбереме... јас на стихот гледам како на опомена која се однесува кон верниците не кон поповите..
 
Еј луѓе ама забегувате....реков дека зборам и за оџите и за пасторите и за сите духовни водачи кои не си ја вршат службата дадена од БОГ.
Не ми беше намерата да гаѓам со камења по поповите и другите кои ги споменав, туку да укажам на ОГРОМНАТА одговорност која ја сносат и за која најверојатно не се свесни и некој треба да ги разбуди.
Не сфаќајте се лично!:smir:
 
О.К. Нека е и така, како велиш.

Од литерура, познат ми е еден случај, кој е доста погоден за муабетов. Имено, тоа е случајот кога двајца луѓе (едниот добар, а другиот лош) биле испратени по светов, да проверат и да се вратат со вест за тоа какви се луѓето. А се случува следното: се враќа добриот и носи вест дека каде и да отишол, насекаде наоѓал на добри луѓе. А со лошиот, се случува токму спротивното: за лошиот, сите луѓе низ светов биле лоши!

Покорисно е да се занимаваме со своето зло а не со туѓото, оти „...на секој ден, доста му е неговото зло (злото во нас)...„ би рекол Христос.
 
Марина реагирав од моја гледна точка..имам право на мислење нели?!
Вистинските верници треба да ги препознаат таквите пастири..Пак ќе кажам стихот се однесува на верниците..не на поповите..
Се вели чувајте се од закониците..
АКО ВЕЌЕ САКАШ ДИСКУСИЈА ВО ТВОЈОТ ПРАВЕЦ ПОДОБАР Е СТИХОТ...
Тој пак им рече: „Горко ви вам - законици, зашто ги натоварувате луѓето со бремиња, што тешко се носат, а вие самите ни со еден прст не се допирате до бремињата.
Горко ви вам, законици, зашто го зедовте клучот од знаењето - сами не влеговте, а им попречивте на оние, кои сакаа да влезат.”
Покорисно е да се занимаваме со своето зло а не со туѓото, оти „...на секој ден, доста му е неговото зло (злото во нас)...„ би рекол Христос.

Тоа да..ама не треба да бидеме слепи..
 
О.К. Нека е и така, како велиш.

Од литерура, познат ми е еден случај, кој е доста погоден за муабетов. Имено, тоа е случајот кога двајца луѓе (едниот добар, а другиот лош) биле испратени по светов, да проверат и да се вратат со вест за тоа какви се луѓето. А се случува следното: се враќа добриот и носи вест дека каде и да отишол, насекаде наоѓал на добри луѓе. А со лошиот, се случува токму спротивното: за лошиот, сите луѓе низ светов биле лоши!

Покорисно е да се занимаваме со своето зло а не со туѓото, оти „...на секој ден, доста му е неговото зло (злото во нас)...„ би рекол Христос.

Toчно!
Нашата околина е слика на нашата внатрешност.
 
Ајде да се доизјаснам, за да не испадне дека сум злонамерен.

Кога поединецот ќе поверува во Христа, тоа воедно е и негово преумување/покајание/метаноја, преку кое поединецот станува „внатрешен човек„, што значи дека се „занимава„ со самиот себе, но не во себична насока, туку со преиспитување на својата духовна, душевна но и телесна состојба (на отпаднатост). Таа „внатрешност„ кај преумениот се огледува во тоа што постојано го контролира и преиспитува исклучиво своето однесување, а не туѓото или не она кое се случува во неговата околина. Затоа, богословите и советуваат дека во овој живот, треба да се однесуваме кон Светот како странци, на минување, без премногу врзување кон нештата од овој и ваков свет.

П.С. Дека има попови кои малку го згрешиле повикот, тоа не го негирам. Но, насекаде околу себе да гледам само зло а истот да го „лоцирам„ кај другите (па нека се тоа и поповите) тоа значи дека имам проблем со самиот себе, слично на претходно напишаниот настан со добриот и лошиот човек.
 
Во право си! Ама знаеш како пишува во Библија, Исус поучуваше со авторитет! Кај им е авторитетот на нашите духовни водичи (и пак велам не само поповите СИТЕ)?
И мислам дека недостигот на духовно пробудување кај народот е нивна одговорност и нема да ме разубедиш. А за занимавање со самиот себе да нормално, ама постов е за друго, и штом Исус опоменал за ова, значи не е за занемарување...Тој најдобро ја знае нашата природа и знае дека бараме авторитети на кои да се огледаме и баш затоа тие се одговорни за нашите души.
Пак ќе ти кажам не осудувам никој, само малку подзаспаа и тоа во длабок сон, зимски сон, нашиве духовни водачи и подлегнаа на својата суета!
 
Кон болтуваното:

Па и тоа е дел од сликата за состојбата со човештвото во (пред)послединте времиња...Но, за мојата духовна состојба, сепак не би ја посочувал кривицата кај духовните водачи (кои и да се), туку кај мојата намера да не се поправам во своето однесување...:smir:
 
Не ми ни беше намерата натаму да ја отерам дискусијата:wink:.
Туку има луѓе, постари ама и помлади, на пр. баба ми и не можам никако да ја убедам дека Библијата е Божји Збор и верувам дека само попот може да ја убеди во тоа, зашто јас сум и внука, не ме сматра за авторитет и ми вика ај бе бегај таму си земала Библијата а луѓе го пишувале тоа.....ме сфаќаш мислам во кој стил и за што викам дека ќе сносат одговорност....:helou:
 
А јас пак ќе кажам дека моето (не)верување е до мене, а не до поповите, како мој избор во моето однесување кон Творецот.
А што се оденусува до баба ти, имај разбирање за нејзините години-луѓе на таа возраст се оденсуваат токму така-„..а бе ти ли мене ќе ми кажеш...„ На таквите случаи, никаков поп неможе да им помогне, освен преумувањето , кое секогаш доаѓа не од попот, туку „одозгора„.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom