Кога последен пат сте направиле нешто за прв пат?

  • Креатор на темата Креатор на темата Петар-МКД
  • Време на започнување Време на започнување
Ме замисли темата и не може да ми текне последен пат кога сум направила нешто за прв пат. Ми дојде како шлаканица...Значи животот ми станал досаден.
 
Еве ск, прф гу глеам тему и коментирам у њума, кој осеќај еј,немогуќе

е да беее, прф пут прееска игра ризик, интересна игра,обожаам у Камчатку да прау базу : D
 
Бев во Мајами за прв пат последново лето :D
 
Денес. Поминувајќи покрај Тинекс ми текна дека немам тоалетна, влегов и купив, а без притоа да се лажам два дена со “ај ке земам две пакетчиња паломи“.
 
Прв пат пијав ваква комбинација на чај и то, една кеса од брусница со една од зелен чај.
 
Пред една недела за прв пат депилирав раце со восок :P
 
Пред 3,4 месеци кога се спуштав со точак од Водно со многу мали брзини, се ќе беше топ да не ми загубеше контрола точакот и да не летав како коњаница во војна, ама за среќа насочив некако во тревата од страна да паднам, а не на асфалтот, и да закочам колку толку, па немав некои посериозни повреди, и на глава паднав :rolleyes:
 
Пред точно десет дена за прв пат присуствував на концерт на омилената ми група, за прв пат бев на барикада на 2 метра од бендот, за прв пат ги видов Трент и Робин во живо :love: Не верувам дека нешто може да го надмине ова.


како Дијаманте сум знам
 
Пред месец дена прв пат пиев абсинт.
meme-i-also-like-to-live-dangerously.png
 
Пред половина час
За првпат смислив нешто да го зезнам брат ми.
Наместо пиво златен даб му однесов кечап,нормално во шише златен даб.
И тоа јас му го отворив он си крена да го пие...
Амаа...да беше некој друг ден ке ми урлаше денес ме помилува..мој ден било :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom