Кога некој ве копира...

  • Креатор на темата Креатор на темата Викиче
  • Време на започнување Време на започнување
Ме нервирааааааа !!! Неможам да поднесам кога ќе си купам нешто и кога наредниот ден ќе се појави некоја во истото,а претходно ме прашала од кај ми е :nerv::nerv::nerv: ... Незнам како можат така,неможам да ги сфатам бе ! Не ми смета ова само ако на пр. имам иста облека со моите најдобри другарки,пошо ионака со нив се делам,ама со овие другиве...:nerv::nerv::nerv:


Се согласувам со Тина...:):pipi:
 
аууф нешто што ептенски ме нервира е кога планирам нешто да си купам или да шијам ... (тоа е нешто на кое му се радувам како мало дете) ... и кога ке и кажам на некоја блиска личност и следниот ден да ја видам така облечена
... е тогаш ми иде да пукнам од мака и нервоза ....
или пак коа ке си купам нешто ... и опс после мене блиска личност - другарка/братучетка или слично ми се избацуе со истата блуза али друга боја :nerv:


ми се има случено вакво нешто ... кога бев 4(одд) или 5(одд) не знам точно ... знам дека требаше да идам со моите на свадба ... и имавме пријатели со две керкички (близначки) 1 година поголеми од мене кои требаше со нас да дојдат ... и мајка ми живи радости и кажа на мајка им што планираме да носиме и им ги покажа и сукњичките и блузите и се ...и после 10 дена (на венчавката) ги гледам тие двете сестри исто како мене облечени .... ама буквално се исто.. освен бојата ... е тогаш попиздев ептен и од тогаш па наваму гледам на никого да не му кажувам што ке носам за да не испадне вака пак !
 
Ме нервира,, ептен.. ама ме смирува тоа шо на некој начин ме обожава чим ме копира :pipi: :pos2::pos2: ..

Не го оправдуам копирањето
-- РОДЕН СИ КАКО ОРИГИНАЛ,, НЕМОЈ ДА ДОЗМОЛИШ ДА ЗАВРШИШ КАКО КОПИЈА! << моја порака до сите копирачи .. и трудите се малце оригналност да го еееееемм :toe: ...

како и да е .. мразам копирачи ..
 
Ако ме копира некој тогаш се заебал ептен. Затоа се облакам грозно за да ме копираат и после и тие да бидат грозни.

Озбилно - нешто како горе (моето) напишаното али поблага верзија на сељачизам.
 
Ако некоја ме копира, нека ме копира. Значи дека сум подобра од неа, покреативна, и тогаш знам дека би сторила се за да е јас. Таквите ги сожалувам, и ги оставам да си живеат во илузии и во љубомора. Не ми се никаков фактор во животот, што да им правам.
 
Порано ми беше гајле..ама сеа не ми е..зш глупо е да се шетам со другарка у иста облека..веќе ако купува нешто како моето барем нека не го купува у иста боја..а ако толку и се свиѓа тоа шо го имам..ќе и го дадам да го носи 1-2пати да се порадува..=)
 
Не се замарам дали некој ме копира или не..
Ако ме копира тоа значи дека нема свое лично 'јас' а тоа не е мој проблем туку на личноста која се решила да ме копира...:toe:
 
иам една другарка.. неможам да ја поднесам.. ко сенка ми е.. ептем и е мака коа ќе купам нешо шо не е од охрид и шо не мојт и таја да го купит. страшно.. просто , да не знајш дал да плачиш или да се смејш:smir:
 
Е нека копира де.Што ако купил некој иста блуза како мене ако ме прашал пред тоа од каде сум ја земал.Ништо не ми пречи тоа,изгледа зошто и јас понекогаш копирам. :baeh: Ми се има и мене десено да копирам,па зошто и да ми пречи и некој друг да копира.Е сега не е убаво секогаш да се копира од некој друг,ај да се деси неколку пати не е проблем,али скоро секогаш тоа да се случува е глупаво веќе.Со тоа само се докажува дека тој што копира едноставно нема вкус,и не знае да избере.You can copy me,but u can't clone me you ugly bitches :duel: (смешна ми е оваа реченица,затоа ја напишав) :smir:
 
Леле еј.

6 страни од егоцентрични ,разгалени 16-17 годишни шмизли.Два поста прочитаф и ме фркна глаа.

Вака ,не е крај на светот ако некој купи блуза ко вашата.Само за момент да претпоставиме дека може да се случи нешто неверојатно во стилот на ,им се свиѓала блузата.Ова може да дојде како шок на накој али целиот факинг универз не се врти оклу вас.

Значи заклучок ,има поголеми проблеми во животот на еден човек од тоа дали некој друг купил блуза ко вашата.


И после ми викаат не било етички да ги бесиме шмизлите на плоштад.:tapp:
 
Кога некој ме копира тоа значи дека имам изградено стил кој е препознатлив за мене и кој на некој му се допаѓа па затоа и го копира. Значи не се нервирам, меѓутоа малку неудобно ми е ако имаме облечено исто парче облека во исто време. Сакам да кажам дека може да си купи парче облека како моето, но сепак да го носи тогаш кога јас не го носам или обратно. Ама бидејќи тоа не е можно ќе си одиме како во административно-централистичкиот систем кога сите имале иста облека :)
 
До сега не сум приметил некој да ме копира, ама и да ме копира тоа значи дека сепак некој гледа од мене. :)
Ќе ми биде можеби криво само затоа што тој што ме копира нема свои идеи, не дека мене ме копира.
 
Па не би можел да кажам дека има многу луѓе кои ме копираат, но знам двајца кои секогаш гледаат да го имаат она кое го имам јас. Сметам дека имам до некаде изградено некој стил, меѓутоа не ми пречи ако некој сака да го има истиот стил како мене. Едноставно тоа ми дава на знаење дека она кое сум го избрал јас е навистина добро штом некој сака да го има истото.
Секој во животот си имал некоја слика за тоа како сака да изгледа. Мило ќе ми биде ако некој ми даде јасно до знаење дека можеби некому јас сум му таа слика:smir:
 
Јас сакам да сум оригинална и многу ми е глупо кога некој ме копира па почнува да ме нервира:nesvest:
 
Не обрнувам многу внимание кој сака нека копира кој сака....Ако некоја ме копира значи му се свиѓа нешто кај мене па го позејмува хе хе хе не гледам лошо на ова....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom