Кога некого ќе разочарате

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Што значи всушност некој некого да разочара? Сте се запрашале ли што ви значи вам некој кога ве разочарува?

Разочарување за мене претстатува нешто кое се коси со работите кои ти си ги поставил како твоја карактеристика пред мене. Нешто кое ја руши онаа слика која сам ја имаш изградено како личност во моите очи. Разочарување е она што ќе ми покаже дека довербата која сум ја имал во тебе била залудна и стекната на некој подмолен начин.

Од друга страна, она што секојдневно го гледам како пракса на повеќето е дека разочарувањето го карактеризираат како нешто кое вушност ја нарушува сликата која тие ја создале за тебе а истата не е во склад со тоа што ти го нудиш. Односно, нели, ги разочаруваш кога започнуваш малку поинтензивно да си тераш по свое, кога престануваш да ги исполнуваш нивните замисли за тоа како еден човек треба да функционира.
Разочаруваш други кога своето мислење го истакнуваш со еден повисок тон и на начин кој никако не влегува во границите на нивните убедувања.

Што мислите вие?
 
Мене ме разочарува некој што пред мене се претставувал на еден начин, а всушност бил многу поразличен.Не би ме разочарало доколку некој смени стил на облекување, кога ќе смени стил на живеење, (пример, бил бубалица, а одеднаш станал бунтовник или шотијазнам), кога ќе каже мислење со кое јас не се согласувам, тогаш ми докажува дека е личност со свој изграден став, ама многу би ме разочарало доколку би глумел нешто што не е, а тоа кога тогаш се дознава.
 
Едно очекувал а друго добил...но во негативна конотација секако....Искрено не ми се случило да разочарам некого, бар така се надевам, но сум доживеал од многумина кои ми биле пак блиски, да ме разочараат...не е убаво чувство ни за двете страни.
 
Некако денес луѓево многу лесно се разочаруваат. За секоја ситница. Не си се јавил три дена на другар ти - разочаран е. После 3 години доаѓање на работа на време, за прв пат касниш 2 мин - газдите разочарани. Не си кажал „среќни празници“ на комшиката во проаѓање - ете го тој разочаран поглед.

Многу ми е интересен феноменот кога особи кои ни презиме не ми знаат, успеваат некако да се разочараат во мене. Се прашувам како успеале да развијат очекувања проектирани кон мене врз основа на површниот (ако и таков) однос кој го имаме?

Во однос на поблиските, разочарувањето настапува кога ќе почнат да се појавуваат првите поголеми карактерни разлики. Во суштина, ваквото разочарување е повеќе интровертно - разочарани сме не толку во другата личност, колку во себе, во нашата погрешна процена за личноста, во фактот дека сме се излажале и повторно - во фактот дека нашите очекувања останале барем половина неисполнети.

Во секој случај, разочарувањето, барем по мене, треба да се задржи на едно поинтимно ниво. Не можеме да си дозволиме секој да не разочара и од секој да бидеме разочарани.
 
Разочарувач е некој кој требало да од-еби од животот одамна, но покасно му дошло времето.
 
За мене, кога некој ќе ме разочара, значи дека не покажал сериозност и коректност спрема мене, а со тоа ја губи и довербата. Ова зборам за ликови кои се блиски со мене, затоа што некој кој не е близок со мене, неможе да ме разочара, оти не му мавам рецка. Ама ако некој, кој ми е близок, и јас сум бил вистински другар и човек спрема него, а постапи како што пишав претходно, за мене тоа е разочарување од човек.
 
Разочараност е кога некој ќе те изневери, кога ќе направи нешто што не си очекувал дека ќе го направи. Барем јас така ја сфаќам.

Инаку, јас многу ретко сум разочаран од луѓе. Еве сега мислам, и не знам да набројам ни еден пример некој да ме разочарал. Знам дека јас ја разочарав мајка ми кога дозна дека пушам...

А битно ми е да не разоларувам луѓе, некако тоа го опишува мислењето на другите за нас, доколку имаат добро мислење, тогаш не се разочарани. Немаат причина.

Многу луѓе викаат дека не им е битно што другите мислат за нив, а јас пак тврдам дека на сите ни е битно што другите мислат за нас, и се замараме.
 
Мене ме разочара вечерва(сабајлево)бабата,
ја зборам вистината,и само вистината верувајте,
па затоа си станав и си пуштив интернет и Кајгана,
и знам таа бар нема да ме разочара.
 
Разочараност последно време ми го користат другарите кога моето однесување нема да им одговара на нив без разлика дали тоа што го правам е подобро за мене.

Неможеш да бидеш разочаран од некој што навистина го сакаш, затоа што ако го сакаш ќе го оставиш да биде тоа што е, да го оставиш самиот да се грижи за својот живот.
 
Јас сум разочаран од игнорантноста на обичниот македонец, зависта која ја има кон другар, љубомората на успех на некој, ненормалното умилкување кое само гнаса од човек може да си го стави во нормално однесување.
Разочаран сум од вмровските партиски војничиња кои замижуваат на проблемите со албанците, разочаран сум што имаме шпон министер за одбрана и економија, две клучни министерства. Разочаран сум што државава is doom to disappear.
Разочаран сум што сме дел од едно сценарио, ништо повеќе.
Разочаран сум што сите луѓе ги сакам, не треба така.
Разочаран сум што длабоко во себе секој македонец е тешка кукавица.
Разочаран сум што малце луѓе ги имаат видено убавините на Македонија како територија, не како држава. Одтаму и незаинтересираноста да ја одбранат и да се сплотат во едно.
Разочаран сум што двете партии со најголемо членство се борат меѓу себе, место против непријателот.
Разочаран сум што сегде фаќаат ситни криминалци со марихуана, а кокаинот им е најголем пазар у сенка.
Разочаран сум од фактот дека ако некој го третираш добро, ќе ти врати десет пати полошо. Чист пример, албанците. Како уште имаат лице да не мразат, мамицата нивна глупава.
Ептен сум се разочарал у пм.
 
не се разочарувам од никого осем од себе....за да некој ме разочара треба нешто да очекувам од него....ништо не очекувам од никого.....така да никој неможе да ме разочара....

од друга страна воопшто не се грижам дали ќе разочарм некого.....сепак тоа се нивни очекувања и јас немам ништо со тоа.....дадените ветувања се обидувам максимално да ги одржам (исполнам), но воопшто не се обидувам да правам работи само затоа што некој тоа го очекува од мене

во својата приказна секој од нас се става во главна улога и очекува другите да ги променат своите приказни и да ги задоволат неговите очекувања....последица разочараност
 
Имало, а и понатаму ќе има луѓе кои ме разочарале. Но тоа не ми биле пријатели, туку подалечни познати. Ме разочарала и Република Македонија поради зонско и Топлификација.
Но за мене е едно битно:
Дека јас никогаш не сум се разочарал сам во себе.
Секогаш сум го правел она што сум мислел дека е потребно да го направам и тоа со сета сила. Секогаш сум го велел она што сум сакал да го кажам и тоа нај гласно.
Некагош таквиот став, „ скапо “ ме чинел, но никогаш, ниту тогаш, ниту сега, не жалам за тоа што сум го направил, бидејќи се што сум направил е моје.
 
Според мене, разочарувањето настанува од две причини: ставање себеси во рамка (дефиниција) и идеализирање од друга страна.

Значи, не знам ниту зошто, ниту како, ама луѓево обожаваат етикети, обожаваат дефиниции... Обожаваат себеси да се ставаат во рамка, да се дефинираат, самите себе да се етикетираат. Дури во последно време ми делува како да се обидуваат да направат од себе бренд, па затоа и се рекламираат...o_O Муабетот ми е, многу луѓе имаат обичај да се опишуваат себе како: добри, пристојни, со манири, фини, на мравка не газат и така натаму и со тоа самите се ставаат во дефиниции и градат одредена слика кај луѓето околу нив и кога еден дел од таа слика ќе се урне, тука започнува и разочарувањето.

Друго, идеализирањето на луѓето дава свој придонес за разочарувањето да е што поголемо. Некогаш сакаме работите да изгледаат на одреден начин, што дури и да не изгледаат така, самите во глава ќе си исфорсираме дека е. Значи дека се фрламе на идеализирање и фантазирање за одредена личност или ситуација и потоа кога неминовно тие илузии ќе се скршат, ние остануваме разочарани.

Едноставно треба да престанеме да го комплицираме животот, да не се форсираме сами себе да градиме палати кога пред нас има куќа на дрво, да не идеализираме работи, туку да ги посматраме со нормални очи и воедно да престанеме нон-стоп како луѓе да си наметнуваме дефиниции сами за себе. Да оставиме луѓето и околината самите да си пресудат за нас, врз основа на нашите постапки, а не да си лепиме етикети сами на себе, опишувајќи се, дефинирајќи се, ставајќи се во одредена граница од која после тешко можеш да се поместиш.
 
Кога некој ке ме разочара всушност ја изневерил мојата доверба што сум ја имал за човекот.
Јас општо ретко се разочарувам од луге освен во последно време поради тоа што наивно сум верувал на некој луге,но тоа е,животот не учи на секакви работи.
Ме иритираат луге кој се разочаруваат за банални работи а и они ги прават истите ствари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom