Учам и дење и навечер, само што многу поголем ефект има учењето преку ден. За доцна да седнам да учам, значи дека воопшто не сум го искористила времето во текот на денот, а бидејќи никогаш не си дозволувам да отидам на час неспремна, колку сака саатот да е - ќе седнам и ќе читам додека не завршам па макар не преспала.
Она што е во книгата не ми е доволно. Секогаш барам информации од друга литература плус. И читам лекции од напред понекогаш. За време на предавање запишувам се` што ќе каже професорот, не само неговиот план (од кој секогаш намерно изоставуваат битни работи, патем.

) Брзо паметам, 90 % од материјалот на самиот час, ама за секој случај ако ми е "мозокот на пасење" - тука ми се белешките за кога ќе седнам да учам. И од огромна корист ми се, тоа е неверојатно нешто колку пати сум си помогнала благодарение на таквиот концепт.
"Учење" пред писмена ми е убедливо најлошата варијанта. Ми се случило такво нешто, 5 на 4 извадив одвај, ама од тогаш не сум оставила книга за во последен момент. Континуирано, и пред писмена само повторување.