Хм..
1. Би ги забранил со декрет сите ама баш сите политички партии во моментов што функционираат на територијата на Македонија.
2. Би донесол Закон, да не смее да биде член на партија а камоли да биде каква било власт некој што досега бил член на било која партија во Македонија, а особено ако практицирал власт на било кој начин, дали од Претседател на управен одбор на месен комитет во Свирипичино, до премиер на Влада.
3. Би забранил да се користи името ВМРО во било кој контекст со политичка партија. Би го вметнал во преамбула на Устав како сјајна ѕвезда во Македонското народно ослободителна дејност, и пркос за слобода.... Доста беше валкање на името од ојлевци дојлевци, доста беше секој предатор за крадење на државни пари да го користи името за кое умреле Јане Сандански и Гоце Делчев....
4. Секој што ќе посака може да основа политичка партија, ама претходно да му се испита дали и во основно украл чунга лунга од продавница, и ако украл, да му се забрани да биде основач на партија.
5. Би донесол закон за било каква кражба, да се сечат раце среде плоштад....
Само така ќе не биди.....