Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.270
- Поени од реакции
- 63.308
Нема тука „ги разбирам, од економски причини земале...“. Нула разбирање имам за нив. И јас заминав од економски причини, дојде ден да не се нема друго чаре. Првата работа што ја направив кога дојде тој ден, отворив гугл и почнав да пребарувам каде можам да заминам и да најдам работа со македонски пасош. Не беше лесно, помалку можности имаше, полоши услови итн... но никогаш не ми падна на памет да правам шорткат со БГ пасош. Да одам таму пред некоја комисија и да лажам дека дедо ми се чувствувал Бугарин, и да им ја учам историјата. Да ме третираат како стока и да ме користат за нивни пропаганди во наредните 100 години.
Сепак, не се согласувам со методите на Владе, затоа што децата не се виновни за грешките на родителите и не треба преку нив да се решава проблемот. Владите кај нас и не го гледаат ова како проблем затоа што многу политичари имаат земено пасоши за полесно да тераат бизниси таму. Никој не дава отпор по ова прашање.
Инаку што се однесува до Бугарите во уставот, решението е просто. Има и кај нас луѓе кои навистина се чувствуваат Бугари, има и во Бугарија луѓе кои се чувствуваат Македонци. Да направиме попис во ист ден, да отвориме графа за Бугари, тие нека отворат за Македонци, и да се преброиме.
Ако им чини.

.