Освен македонски и англиски/германски не треба да се изучува друг јазик.
Aко други јазици почнуваат да се учат во второ одделение, после десет години кога тие деца ќе се вклучат во светот на возрасните можеби нема да е истиот што ти сега го познаваш денес. Господинот
@Vanlok вели
глобален југ е решението, па ако нема мекдоналдси и кучешко не било голем компромис, тешко дека на англиски ќе го нарачаш. Неодамна имавме руски паралелки, и ако веруваме на европските лидери за апетитите на Русија како земја која оправдано или не нападна сојузник, тогаш можеби треба да ги вратиме руските паралелки и можеби не треба да се учи германскиот, кој примарно до сега служеше за вртење плески во Франкфурт. И англискиот во денешно време е неопходен дури, бидејќи додека седнат на клупите, покрај јутуб и нетфликс, пола деца веќе го знаат или ќе го научат со тоа што се изложени на него насекаде. Туку, освен што имавме руски паралелки, многу од претходните генерации учеа српско-хрватски покрај очигледните причини, но тоа со себе носи и друга логична причина да се учи бугарски или грчки а тоа е за да може полесно да тргуваме со нашите околни земји и соседи со кои имаме бизниси, и каде што обично летува голем дел од земјата, што е далеку пологично од германски. Нели ионака економски пропаѓала Германија и збореле повеќе арапски таму? А за тие одлични ученици како
@Sussaro, бубалиците што немаат проблем прифаќање драконски мерки и кои немале 2.1 просек, или паѓале и квадрирале години како нас останатите, може како вонреден јазик некој уште по југоегзотичен за совладување за нив. УКИМ концентрирано ќе ги принта новите ivy league студенти во глобалниот југ, бидејќи струмичките студенти биле глупи како чушки. Кој воопшто чул за нив, наброј еве барем... 5?
Чудно како никој не кажа нешто контроверзно како сендвичот во 7ца вреди да го качат за уште 50 денари од што е вкусен или squirt is not pee, секое контроверзно мислење мора да биде на сметка на некој ни крив ни дужен, во случајот деца. Апсолутно не се согласувам да ги казнуваме децата за гревовите на нивните родители, макар името на земјата промениле нивните родители, хаха? Утре кога некоја будала ќе здрви пак некое девојче на Партизанска, ќе мислиме правдата е да отидеме неговото да го линчуваме, ќе го извлечеме низ детска за коса во спиење. Ваквата ретрибуција е само гневно реагирање, треба да се фокусираме на превенција. Како може родителите кои не изустиле три зборови на бугарски за да земат бугарски пасош, да треба децата сега да ја знаеле историјата, да збореле течно, да сме им инсталирале љубов и да ги бележиме низ град, бидејќи некоја будала сакала да купи поефтино беемве кога не бил ни во брак. Што ако децата се направени со македонски пасош, ако родителите ги зеле бугарските кога децата се 17? Бугарската азбука ќе треба на државна матура да ја полагаат? Што ако децата се 28 години, вечерна школа? Ако едниот родител има бугарски ќе може да се отсуствува од пола настава? Не, best контроверзно I can do е бесплатна лав тетоважа на сметка на државата за сите заинтересирани што мислат дека ова е правилно.
Црн бумбар.